Познатиот колумнист и НБА инсајдер Брајан Виндхорст ги сподели своите размислувања за иднината на Леброн Џејмс во НБА лигата.
„Не мислам дека тој ќе се пензионира. Леброн ќе игра барем уште една сезона. Во неговиот договор стои дека за продолжување на договорот ќе добие 51,4 милиони долари. А каков чекор ќе преземе ќе биде доста интересно да се види. Навистина мислам дека нема да замине, мислам дека нема да игра на друго место освен Лејкерс поради различни причини. И што и да мислите за овој тим и што и да мислите за Леброн, тој има потреба од Лејкерси“, изјавил Виндхорст.

