Македонските тенисерки по триумфот во првото коло над Естонија со 2:1 и поразот вчера од Хрватска со 3:0 ги продолжуваат мечевите во рамките на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Вилнус, Литванија. Македонија како второпласирана во групата ќе разигрува со второпласираните селекции од другите две групи, а тоа се Грузија и Израел. Македонските тенисерки денеска имаат слободен ден, бидејќи во првиот меч од групата за пласман од 4. до 6. место ќе играат Грузија и Израел. Ваквиот распоред значи дека Македонија ќе игра мечеви во петок и во сабота со овие две селекции, но…
Author: saso
Македонскиот шампион МЗТ Скопје оствари голема победа на првата четвртфинална пресметка во плеј-офот од АБА 2 лигата против Широки во Скопје. Избраниците на тренерот Атанасов во „Јане Сандански“ славеа со 85-69 и со позитива од 16 поени заминуваат на реваншот следната среда во обид да се пласираат во полуфиналето. Војдан Стојановски со 21 поен беше прв стрелец во таборот на нашиот првак, а добар меч имаше и Делалиќ со 17 поени. Одлуката за победникот падна во вториот дел во кој МЗТ Скопје одигра одлично и успеа да ја анулира негативата од првото полувреме.
Женската тениска репрезентација на Македонија го загуби вториот меч од А-групата од Били Џин Кинг купот во рамките на Втора Евро-африканска зона. По стартниот успех над Естонија, нашите девојки денеска беа поразени на сите три меча со Хрватска, која важи за прв фаворит. Во првиот меч Магдалена Стоилковска загуби од Леа Бошковиќ со 2-0 (7:5, 6:2), додека Лина Ѓорческа во три сета беше поразена од Антонија Ружиќ (7:5, 2:6, 2:6). Во двојки Ива Данева и Ана Митевска со 2-0 во сетови загубија од Ива Приморац и Леа Бошковиќ. Македонија го освои второто место во групата и ќе разигрува за пласман…
На денешен ден, 9 април, во далечната 1909 година на импровизираното игралиште зад некогашното Учителско училиште во населната Идадија (Ислахама), е одигран првиот фудбалски меч меѓу два тима на турски војници. Фудбалот во Македонија го донесоа турските офицери кои биле на школување во западно-европските земји. Година дена подоцна, скопските Евреи по потекло од Солун, браќата Салвадор и Пејп Мустафија ја донесоа во Скопје првата фудбалска топка, направена од кожа. Во 1911, е формиран и првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во…
Вечерва во 21 часот ќе се одиграат првите два меча од четвртфиналната серија во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Старите познаници Реал Мадрид и Манчестер Сити се среќаваат на „Сантијаго Бернабеу“ во најатрактивниот дуел од четвртфиналето. Двата тима трета сезона по ред се среќаваат во нокаут-фазата на турнирот. Минатата сезона „граѓаните“ ги победија Шпанците со вкупен резултат 5-1 во полуфиналето, а година пред тоа се сретнаа во истата фаза, но, тогаш Реал беше победник. Во вториот меч, Арсенал го пречекува Баерн (Минхен) на „Емирати“. Двата тима во овој дуел влегуваат од сосема различни позиции според формата. Лондончани се…
Шефовите на шпанскиот шампион Барселона стапиле во контакт со агентот на Серхи Роберто за да започнат разговори за обновување на договорот со својот капитен. Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до лето, но Каталонците одлучија да го задржат во своите редови. До неодамна, 32-годишниот играч, кој оваа сезона ја носи и капитенската лента, се сметаше дека е поверојатно да го напушти „Камп Ноу“. Сепак, тој има одлична сезона и тоа го убеди спортскиот и техничкиот штаб дека е подобро да го задржат во клубот.
На интернет се појавија заканувачки пораки пред првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Истите доаѓаат од терористичката група Исламска држава, пишуваат медиумите во Шпанија. На интернет кружеше фотографија од борец на Исламската држава, а зад него се напишани имињата на стадионите на кои ќе се играат натпревари од оваа фаза од натпреварувањето – „Емирати“, „Сантијаго Бернабеу“, „Паркот на Принцовите“ и „Ванда Митрополитано“. Вечерва во Лондон и Мадрид се играат првите четвртфинални пресметки меѓу Арсенал и Баерн и Реал Мадрид и Манчестер Сити, а полицијата и во двата града ги зајакна своите редови во обид да спречи било какви непосакувани…
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше задоволен по победата од 2:1 над Удинезе синоќа, со што „нероаѕурите“ направија уште еден важен чекор кон титулата во Серија А. “Морам да му честитам на Удинезе кој одигра одличен натпревар. Победивме важен натпревар на нашиот пат до Скудетото. Момците се неверојатни. Победивме 26 натпревари од 31 натпревар, тоа е одлична серија. Мораме да продолжиме. Има хармонија во тимот и сите си помагаат. Имаме осум бода до крајот. Мораме да се појавиме против Каљари во недела со чисти глави. Мора да одиме во иста насока. Да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, рече…
Дефанзивците на Манчестер Сити, Кајл Вокер и Нејтан Аке останаа надвор од тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Официјалната веб-страница на клубот објави дека во главниот град на Шпанија заминаа со 21 играч, а меѓу нив ги нема двајцата дефанзивци кои се повредени. Аке го пропушти тренингот на Сити на 8 април, а Вокер работи по индивидуална програма. Првиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва.
Масимилијано Алегри вели дека Јувентус и натаму пред себе има една цел, а тоа е пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. „Имаме 62 бода и тоа е очигледно она што го заслужуваме. Направивме грешки во клучниот период од сезоната, но Јувентус е во процес на реконструкција и имаме многу млади играчи. Едно е да се работи со 30-годишни играчи, друго е да се работи со 18-годишници. Ова е толку очигледно што не разбирам зошто воопшто се фокусираме на тоа. Имаме одлични момци, нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите и на пат сме да го постигнеме…
