Доколку дефанзивецот Алфонсо Дејвис се пресели во Реал Мадрид, Баерн сака да го ангажира дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез, пренесува инсајдерот Флоријан Плетенберг. Според Плетенберг, клубот од Минхен бил информиран за финансиските детали за потенцијалниот договор, откако веќе побарал информации за 26-годишниот француски фудбалер. Баерн очекува да потроши околу 60-70 милиони евра за трансферот, вклучувајќи бонуси. И германскиот клуб е уверен дека Ернандез е подготвен за нов предизвик. Ернандез му се приклучи на Милан од Реал Мадрид во јули 2019 година. Трансферот изнесуваше 22,8 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до летото 2026 година. Трансфермаркт го цени дефанзивецот на 55 милиони евра. Оваа сезона…
Author: saso
Фудбалерот на РБ Лајпциг, Чави Симонс верува дека германскиот состав ќе го победи Реал Мадрид во реванш мечот од првата рунда во нокаут-фазата на Лигата на шампионите. РБ Лајпциг загуби на домашен терен од Реал Мадрид (0:1) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите, а реваншот е закажан за утре во Мадрид. „Се сеќавам на мечот со Реал пред две години. Првиот натпревар го добивме со 1-0, а потоа дури и поведовме во реваншот. Но, тогаш Реал се врати и го сврте натпреварот постигнувајќи три гола. И сега верувам во нашиот тим. Мора да излеземе на теренот и…
Лондонски Арсенал синоќа го совлада Шефилд Јунајтед во гостувањето на стадионот Брамал Лејн со 6:0 со што постави рекорд во англискиот фудбал. Имено, „топчиите“ станаа првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој победил на три последователни гостувања со 5 или повеќе голови разлика. Претходно избраниците на Микел Артета на гостински терен ги победија Вест Хем со 6:0 и Барнли со 5:0. Исто така, Арсенал победи на последните четири натпревари со вкупна гол-разлика од 21:1.
Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен има право веднаш да го напушти тимот доколку консултантот Хелмут Марко ја напушти компанијата. Токму ваква опција има во договорот на шампионот во Формула 1. Според информациите, фактот што Верстапен е на страната на Марко и дизајнерот Адријан Њуи е дополнителен доказ за однесувањето на возачот по победата на Големата награда на Бахреин. Дополнително, се зборува дека Форд ја истражува можноста за раскинување на веќе склучениот договор со Ред Бул. Американскиот производител на автомобили треба да стане партнер на тимот во 2026 година, за време на транзицијата кон новите регулативи за моторот.
Синоќа беше одржана ждрепката за стартиот на АТП Мастерсот во Индијан Велс кој почнува оваа недела. Светскиот рекет бр. 1 Новак Ѓоковиќ имаше поволна ждрепка, што не може да се каже и за Шпанецот Рафаел Надал. Надал го чека дуел против Милош Раониќ, а во случај да помине можни ривали до завршницата можат да му бидат и Холгер Руне, Лоренцо Мусети, а подоцна и Тејлор Фриц. Доколку сепак нема никакви изненадувања, навивачите можат да очекуваат дуел меѓу Надал и Ѓоковиќ дури во полуфиналето. Мастерсот во Индијан Велс е на програмата од 6 до 17 март, а титулата ја брани Карлос…
По вчерашните неспортски случувања на стадионот во Тетово за време на првенствениот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Вардар, денеска со реакција се огласи најтрофејниот македонски клуб. „На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар. Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони. Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди пред се околу…
Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра и третиот меч во циклусот квалификации за пласман на Европското првенство 2024. На домашен терен, избраничките на селекторот Грчевски ја пречекуваат Шпанија, со која во нарените неколку дена ќе ги одиграме и двата меча од овој квалификациски циклус. Македонија во два меча досега обезбеди две пбеди и со една нога зачекори кон нов настап на завршницата на еден континентален собир. „Шпанија е одлична репрезентација со која можеме да ги одмериме силите. Ќе ставиме фокус на нашата игра бидејќи немаме што да загубиме. По двете победи што ги остваривме, се надеваме на…
Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза заработи повреда на последниот тренинг на тимот. Тој го напуштил тренингот порано по судирот кој го имал со Алекс Сандро. Играчот се пожалил на болки во десната нога. Состојбата на Киеза денеска ќе ја проверува медицинскиот персонал на Јувентус. Засега клубот не е особено загрижен и смета дека повредата не е сериозна и нема да го спречи Киеза да учествува на дербито со Наполи викендов. Киеза стартуваше во мечот со Фросиноне (3:2) во последното коло, но не импресионираше и беше заменет во 60. минута.
Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј, призна дека најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на летото. Британецот е во лоша форма во последните месеци и не може да постигне добар резултат на поголемите турнири. 36-годишниот Мареј вчера загуби од Французинот Уго Умберт со 2:6, 4:6 во натпревар од второто коло во Дубаи. „Најверојатно ќе завршам со тенисот есенва. Ова ме прашуваат после секој натпревар и ми се гади од тоа. Нема да зборувам за тоа од сега додека не завршам со играње“, изјави Мареј по поразот. Тој не прецизираше на кои турнири планира да учествува, но сигурно ќе…
Левиот бек на Интер, Федерико Димарко синоќа постигна гол на одложениот натпревар од 21. коло против Аталанта и со тоа влезе во топ 4 одбранбените играчи од најдобрите пет европски првенства кои имаат најмалку 10 голови+асистенции во лигата во која настапуваат. Димарко има четири гола и шест асистенции на 21 натпревар во Серија А. Меѓу дефанзивците од топ 5 лигите во Европа, само тројца играчи имаат подобар скор од него, а тоа се Алехандро Грималдо од Баер Леверкузен (8+9), Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен (7+6) и Киран Трипие од Њукасл (1+10).
