Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен има право веднаш да го напушти тимот доколку консултантот Хелмут Марко ја напушти компанијата. Токму ваква опција има во договорот на шампионот во Формула 1.
Според информациите, фактот што Верстапен е на страната на Марко и дизајнерот Адријан Њуи е дополнителен доказ за однесувањето на возачот по победата на Големата награда на Бахреин.
Дополнително, се зборува дека Форд ја истражува можноста за раскинување на веќе склучениот договор со Ред Бул. Американскиот производител на автомобили треба да стане партнер на тимот во 2026 година, за време на транзицијата кон новите регулативи за моторот.

