Македонскиот маратонец Дарио Ивановски денеска уште еднаш испиша историја во македонската атлетика! На денешниот маратон во Севиља (Шпанија) на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет, со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим, меѓу нив беше и најдобар наш маратонец кој оствари извонреден резултат од 2:08:25, што беше на само 15 секунди до обезбедување олимписката норма за ЛОИ во Париз. Овој резултат претставува нов македонски рекорд и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим.…
Author: saso
Централниот бек на Реал (М) Едер Милитао е блиску до враќање на терените за Реал Мадрид. Бразилецот на почетокот на сезоната заработи тешка повреда која го извади од терените подолг период. Медиумите во Шпанија велат дека закрепнувањето на дефанзивецот се одвива според планот и од следната недела тој ќе тренира заедно со соиграчите. Вестите се многу добри за Карло Анчелоти, кој е принуден да ги користи Чуамени и Карвахал во срцето на одбраната.
Германскиот шампион Баерн Минхен претрпе два тешки порази против Баер Леверкузен и Лацио, и двата без постигнат гол. Не е изненадување што тренерската позиција на Томас Тухел е доведена во прашање. Досега официјалните извештаи од Минхен беа дека тој ќе ја заврши сезоната без разлика на се, но Тухел наводно добил ултиматум од раководството на клубот во петокот.Според информациите, раководството на Баерн (М) му соопштило дека ако сака да ја задржи работата како тренер, ќе мора да победи на следните три натпревари во Бундеслигата и да го елиминира Лацио во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во случај на пораз на…
Раководството на Наполи сериозно размислува за нова тренерска смена, тврди новинарот Матео Морето. Според информациите, наолитанците би можеле да се разделат со актуелниот тренер Валтер Мацари пред осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона. Наполи е во сериозни проблеми, а вчера направи уште еден „кикс“ во Серија А, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Џенова и тоа со гол во 91. минута. Тимот ја брани титулата од минатата сезона, но годинава е многу далеку од пласман во Европа, откако оментално го зазема 9-то место со 36 бодови.
Баерн Минхен ќе се обиде да ја ангажира ѕвездата на Милан, Тео Ернандез како замена за Алфонсо Дејвис, доколку Канаѓанецот си замине на лето, тврди Билд. Баварците веќе подолго време го следат 26-годишниот Французин, кој важи за најдобар лев бек во светот. Неговиот трансфер на „Алијанц Арена“ сигурно нема да биде евтин, но газдите на германскиот клуб ќе направат обид да го купат. Ова ќе се случи доколку Дејвис одбие да го продолжи договорот и биде продаден на лето.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа се уште е без клуб, но информациите велат дека тој во моментов бара ангажман само во Шпанија. Де Хеа по заминувањето од „Олд Трафорд“ имаше понуди од Премиер лигата и Саудиска Арабија, но реши да ги одбие. Тој цврсто е решен кариерата да ја продолжи во Ла Лига и чека понуда од некој од клубовите во оваа лига, пишуваат англиските медиуми. Де Геа наводно се надева дека неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид ќе го покани да им се приклучи следната сезона.
МЗТ Скопје Аеродром во драматична завршница на големото ку-финале во Битола славеше над Пелистер со 62:60 и го одбрани трофејот во натпреварувањето кое го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур. „Штрковите“ одиграа извонреден меч, а победата е уште позначајна ако се знае дека во последната четвртина останаа без Војдан Стојановски поради повреда, а во последните минути поради пет лични грешки во тимот го немаа ниту Дамјан Стојановски. „Пелистерци“ имаат за што да жалат бидејќи водеа во најголемиот дел од мечот, а имаа и предност од 8 поени во вториот дел која МЗТ Скопје А. успеа да ја надокнади. Робев…
Американскиот атлетичар Грант Холовеј постави нов светски рекорд на трката на 60 метри со пречки денеска на државното првенство на САД во сала. Холовеј постигна време 7,27 секунди за да го собори сопствениот светски рекорд во сала кој го постигна во Мадрид во 2021 година (7,29). Ова беше негова 60-та последователна победа на 60 метри со пречки. „Знаев дека ќе биде добар резултат штом излегов од блоковите – 7,27 на убава патека е секогаш добра работа“, изјави 26-годишниот спринтер.
Јувентус планира да се раздели со играчот од средниот ред Пол Погба во следниот преоден рок. Весникот „Тутоспорт“ пренесе дека италијанскиот тим повеќе не смета на Французинот. „Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него и неговата висока плата. Погба се пресели во Јувентус во летото 2022 година. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 2026 година. Оваа сезона францускиот играч одигра само два натпревари, а и натаму е под истрага за позитивен допинг тест по натпреварот од 1. коло од оваа сезона во италијанското првенство со Удинезе (0:3).
Поранешниот Формула 1 возач и светски шампион од 2016 година, Нико Розберг, изјави дека нема намера да се врати во Ф1 и да го заземе место на Луис Хамилтон по неговото заминување од Мерцедес. „Готово е, не планирам да се вратам“, изјавил Розберг. Покрај титулата во Формула 1, Розберг стана и вицешампион во 2014 и 2015 година. Покрај титулата во Формула 1, Розберг стана и вицешампион на Кралските трки во 2014 и 2015 година. Нико го објави своето повлекување од мотоспортот само пет дена по освојувањето на титулата во декември 2016 година, наведувајќи ја желбата да поминува повеќе време со…
