Author: saso

Астон Вила претрпе разочарувачки пораз од Манчестер Јунајтед викендов, а покрај се остана и без уште еден првотимец. Малерите кои го снајдоа во последно време тимот на Унаи Емери никако да запрат.Нов удар за Вила е повредата на играчот за врска Бубакар Камара. Фудбалерот вчера бил на прегледи при што е потврдено дека Камара ги скинал предните вкрстени лигаменти во второто полувреме против „црвените ѓаволи“ и се очекува да ја пропушти цела втората половина од сезоната 2023/24. Клубот планира да направи и дополнителни прегледи, но се очекува Французинот да биде надвор од терените од пет до шест месеци.

Read More

Пред почетокот на вториот дел од сеозната во ЛШ, во интервју за Франс прес, Марко Асенсио напоменува дека Парижаните ги имаат сите квалитети за да го освојат трофејот кој долго време не успева да стигне во нивни раце. „Со клубот, персоналот и играчите сме на вистинскиот пат, обединети и верувам дека ќе постигнеме големи работи. Сите добро се согласуваме и сме многу амбициозни. Веќе освоивме титула во супер-купот во јануари, а за многу краток период пристигнуваат и битките за титулата во Франција, Купот на Франција и Лигата на шампионите, сите три многу важни. ПСЖ има за цел да ги освои…

Read More

Денеска со првите мечеви од осминафиналето на Лигата на шампионите продолжува и трката за најдобар стрелец во најсиното европско натпреварување оваа сезона. Битката за „златната копачка“ треба да се вжешти, бидејќи најдобрите европски напаѓачи ја бркаат престижната круна. Минатата сезона Ерлинг Халанд одигра неверојатна сезона и со 12 гола ја освои оваа престижна титула. Досега по групната фаза, дури четворица стрелци имаат ист учинок. Халанд, заедно со Гризман, Хојлунд и Алваро Мората со по 5 постигнати гола засега се на врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ оваа сезона, а зад нив со гол помалку се дури шестмина: Еванилсон…

Read More

Денеска повторно се враќаат фудбалските возбудувања во Лигата на шампионите. По двомесечна пауза на програмата се дуелите од осминафиналето, кои вечерва ни носат први две пресметки во битка за трофејот.  фаворити за трофејот – Манчестер Сити и Реал Мадрид. Актуелните европски шампиони, Манчестер Сити гостуваат во Копенхаген, додека „Кралскиот клуб“ гостува кај РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас. Реал имаше одлично загревање за дуелот победувајќи го директниот ривал за титулата во Ла Лига, Џирона со 4-0 на домашен терен. Сепак, успехот на „кралевите“ остана во сенка на повредата на Џуд Белингем. Англискиот интернационалец постигна два гола, но беше принуден да…

Read More

Италијанската Серија А нема да го скрати бројот на тимови кои ќе бидат дел од елитата. Иако имаше иницијатива од сезоната 2025/26 бројот на тимови да се намали од 20 на 18, сепак, истата не беше прифатена од мнозинството на клубовите на последното собрание на Серија А. Серија А објави дека е потврден сегашниот формат на Лигата со 20 екипи по гласањето во Милано. На денешното гласање освен Милан, Интер и Јувентус кои беа иницијатори на евентуалните промени, само уште Рома гласаше за намалување на бројот на екипи во Калчото, додека останатите 16 клубови гласаа против.

Read More

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не успеа да направи трансфер во турската Суперлига. Иако вчера се појавија информации дека за неко е заинтересирана екипата на Анкарагучу, денеска турските медиуми потврдија дека трансферот пропадна. Левиот бек, како што наведуваат турските медиуми, бил во списокот на можни засилувања на тренерот Емре Белозоглу, но во последен момент Анкарагучу го донесе фудбалерот на Галатасарај, Караташ.

Read More

Попладнево во Париз ќе се одржи ждрепката за четвртото издание на Лигата на нации на УЕФА. Во 18 часот по Конгресот на Европската фудбалска унија (УЕФА), репрезентациите ќе ги очекуваат своите ривали во новите групи во четирите сегменти од ова репрезентативно натпреварување. Македонија се наоѓа во Лига „Ц“ делот каде бевме и во минатото издание на ова натпреварување. Можни ривали на Македонија ќе бидат селекциите кои се сместени во останатите три шешири: Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар Четврти шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија Овогодинешната Лига…

Read More

На денешен ден пред точно 40 години, со палење на олимпискиот оган во Сараево, на стадионот Кошево, започна церемонијата на отворање на 14. Зимски олимписки игри, прва ваква манифестација одржана во една комунистичка држава како што беше поранешна Југославија. На Игрите, кои траеја од 8 до 19 февруари, учествуваа 1.272 натпреварувачи од 49 земји (998 машки и 274 женски натпреварувачи), со повеќе од 7.500 претставници на медиумски компании од 41 земја. Словенечкиот скијач Бојан Крижај одржа говор на отворањето на Игрите во име на југословенските спортисти, а тогаш мегапопуларниот поп пејач Здравко Чолиќ го позајми гласот на „Волкот“, кој беше…

Read More

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дела борбата меѓу Ирецот Конор Мек Грегор и Американецот Мајкл Чендлер ќе биде организирана во текот на оваа година. „Тоа ќе се случи со текот на времето. Се надеваме оваа година. Се уште нема датум. Но, се надевам дека ќе можеме да организираме сè на есен“, рече Вајт. Претходно и самиот Мекгрегор изјави дека неговата прва борба по паузата ќе биде со Американецот Мајкл Чендлер. Претходно и самиот Мекгрегор изјави дека неговата прва борба по паузата ќе биде со Американецот Мајкл Чендлер.

Read More

Јужнокорејскиот клуб Сеул го објави трансферот на Џеси Лингард. 31-годишниот поранешен крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша 2-годишен договор со новиот клуб. Според корејски извори, Лингард ќе заработува 910.000 фунти годишно. Поранешниот англиски репрезентативец претходно ги разгледуваше понудите од Саудиска Арабија и Турција, а негов последен клуб беше Нотингем Форест.

Read More