Author: saso

Македонскиот интернационалец Лука Станковски заминува на нова позајмица од редовите на Газиантеп. Офанзивниот играч за врска до крајот на сезоната ќе настапува за турскиот второлигаш Тузласпор. Станковски во потрага по минутажа пак замина од елитата во Турција, а во претходната сезона запиша само три настапи во првенството и купот за Газиантеп. Ова е втора позајмица за 21-годишникот од Газиантеп, откако ланската втора полусезона играше за словенечка Горица.

Read More

Откако синоќа го постигна и својот 13-ти гол во шкотската Премиерлига, нашиот Бојан Миовски доби пофалби и од новиот тренер на тимот, Ник Ворнок. Миовски погоди во поразот на неговиот тим на тешкото гостување кај Глазгов Ренџерс со 2:1. „Мило ми е што ниту еден друг клуб не го купи Миовски. Јасно е дека клубот ќе добие многу пари од него. Типувам дека ќе постигне 30 гола оваа сезона, му го кажав тоа по крајот на мечот. Тој ќе постигне уште десет погодоци, бидејќи ќе креираме многу повеќе шанси за него кога ќе врземе континуитет како тим. Сигурен сум дека…

Read More

Египетскиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, би можел да го собори рекордот на Нејмар, доколку реши да замине во С. Арабија. Ал-Итихад останува заинтересиран за услугите на фудбалерот, а за таа цел е подготвен да плати 200 милиони фунти. Така, со продажбата на Салах, Ливерпул може да постави нов светски рекорд. Моментално најскап е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. Сезонава Мохамед Салах одигра 27 натпревари за англискиот тим на сите турнири, на кои постигна 18 гола и направи девет асистенции.

Read More

Трите најголеми клубови во италијанскиот фудбал – Милан, Јувентус и Интер – имале заеднички состанок на кој се разговарало за поведување иницијатива за намалување на бројот на тимови во Серија А од почетокот на сезоната 2025-2026. „Тутоспорт“ пренесува дека во понеделникот раководствата на Интер, Јуве и Милан се сретнале во седиштето на „нероаѕурите“ во Милано. На овој состанок се донесени заклучоци за потребата да се намали бројот на прволигаши од 20 на 18 од почетокот на сезоната 2025-2026. По состанокот идејата им била претставена на останатите клубови и добила различни ставови. За предлогот да биде прифатен потребни се 14 гласа.…

Read More

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс постави антирекорд во Премиер лигата по бројот на порази. Како предводник на тим во најсилната фудбалска лига во Англија, Мојс загуби 239 натпревари. Вест Хем предводен од Мојс беше поразен од Манчестер Јунајтед (0:3) во натпревар од 23. коло на Премиер лигата. Тоа беше 239. загубен натпревар во англиското првенство на менаџерската кариера на Мојс. Ниту еден друг менаџер во историјата на лигата нема претрпено повеќе порази. Мојс, исто така, никогаш не го победил Манчестер Јунајтед на гостински терен како менаџер – на 17 натпревари на гости против Манчестер Јунајтед, неговите тимови имаат 13…

Read More

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф веќе подготвува планови за освежување на тимот во текот на летото. Тој сигурно ќе вложи сериозни инвестиции за засилување на составот за следната сезона, бидејќи според информациите милијардерот веќе ја добил и првата приоритетна цел. Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. 26-годишниот Бразилец има уште една силна сезона во тимот на „бјанконерите“ и тоа го привлече вниманието на Ретклиф, кој во него гледа решение за проблемите на „црвените ѓаволи“ во центарот на одбраната. Сепак, газдата ќе мора да ги олабави ќесето бидејќи играчот неодамна потпиша нов договор и неговата цена…

Read More

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341. место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела. Горазд Србљак е без промена со скок за две места и се наоѓа на 1065. место, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605. mесто. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, пак, се наоѓа на 242. место на ВТА листата, што е скок за една позиција во однос на претходната недела. Таа има 312 поени. Ѓорческа оваа…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека играчот од средниот ред Доминик Собослаи доживеал релапс на повредата на тетивата. „Дом почувствува нешто во пределот каде што претходно имаше повреда. Немаше шанси да игра против Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи понатаму“, изјави Клоп. 22-годишниот Собослаи минатото лето се пресели во Ливерпул од РБ Лајпциг. Сезонава унгарскиот играч за врска одигра 20 натпревари во англиската Премиер лига, постигна два гола и направи две асистенции. Следниот натпревар за „црвените“ е со Барнли на 10 февруари.

Read More

Тимот на Јувентус под водство на Алегри вчера загуби за првпат од септември 2023 година, прекинувајќи ја серијата од 17 натпревари без пораз во Серија А (13 победи и 4 нерешени). Последен пат Јувентус загуби во 5. коло од Сасуоло (2:4). Интер, пак, ја продолжи серијата без пораз на 16 натпревари (13 победи и 3 нерешени). Тимот на Инзаги загуби исто така последен пат од Сасуоло во септември (1:2). По 23 кола Јувентус е на второто место во Серија А со 53 бода. Интер води во шампионатот (57 бодови).

Read More

Лондонски Арсенал го победи Ливерпул вчера во мечот од 23. коло на Премиерлигата со 3:1, а крилото на „топчиите“, Букајо Сака кој го постигна првиот гол, на крајот на мечот пријавил повреда. Во 77. минута од натпреварот, 22-годишниот Англичанец со рака му посочи на стручниот штаб дека му е потребна лекарска помош, покажувајќи на пределот на глуждот. Засега нема информација за сериозноста на повредата и дали тој ќе биде во тимот за следниот меч на Арсенал. Артета по мечот само напомена дека се надева дека Сака ќе биде добро. Следниот натпревар тимот на Артета е на 11 февруари против Вест…

Read More