Австриецот Штефан Крафт победи на денешните ски скокови во Сапоро. Тој славеше откако собра 263 поени со скокови од 129 и 139 метри. Второто место го зазеде Јапонецот Рјоју Кобајаши (262,6), додека трет беше Германецот Андреас Велингер (256,9). За Крафт ова е деветта победа сезонава и 39-та во Светскиот куп во кариерата и остана прв во поредокот годинава.
Author: saso
Кошаркарите на МЗТ Скопје A. и Пелистер вечерва (18 ч.) ќе бидат пред голем предизвик во трката за пехарот од Купот на Македонија, Благоја Георгиевски – Буштур. Во финалето на Ф8 турнирот кој веќе трет ден се одржува во Битола ќе се сретнат можеби и двете најквалитетни екипи во тековната кошаркарска сезона. МЗТ Скопје А. ќе се обиде да го одбрани трофејот од Купот, додека Пелистер ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен за да дојде до првото вакво одличје. „Штрковите“се најтрофејната екипата во Купот на Македонија со 11 трофеи и уште пет загубени финални натпревари, додека…
Кошаркарите на Пелистер како домаќини на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија, денеска во полуфиналето (19.30 ч.) го очекуваат дуелот со Еуро Никел со надеж дека ќе обезбедат финале. Искусниот капитен-поентер, Александар Костоски, пред дуелот вели дека фаворитската улога ја задржуваат „зелено-белите“. „Направивме анализа на последниот меч со Еуро Никел и морам да кажам дека овој тим има точно одредени задачи за играчите. Еден од клучните фактори на овој меч ќе биде да им оневозможиме да воспостават тип на игра која им одговара, еден мирен проток кој го негуваат од почетокот на сезоната. Се надевам дека со уште поголем…
Јирген Клинсман повеќе не е селектор на Јужна Кореја. Германската легенда доби отказ по состанокот на Јужнокорејската фудбалска асоцијација, која се обедини околу ставот дека елиминацијата од полуфиналето на Азискиот куп против Јордан не беше доволно добар настап на тимот. Техничкиот директор на федерацијата, Хуанг Кван, за медиумите изјави дека има „повеќе причини“ зошто Клинсман добил отказ, меѓу кои и сомнежите на раководството за неговата способност да го води овој тим.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и единаесеттиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен, битолчани беа поразени од ПСЖ со 25:31. Мечот помина во доминација на гостите, кои практично уште од првите минути на средбата направија предност која потоа беше недофатлива за „зелено-белите“. На полувреме тимот предводен од некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез, замина со преност од 6 гола (9:15), а истата разлика ја сочува и во вториот дел. Е. Пелистер на моменти успеваше да најде простор и да го намали водството на гостите, кои сепак, сосема заслужено ги освоија бодовите. Дури пет ракометари на Е.…
Португалскиот фудбалер Жоао Кансело сака и следната сезона да игра за Барселона, бидејќи не планира да се врати во Манчестер Сити, пренесува британски „Сан“. Кансело (29) е член на Манчестер Сити, но до крајот на сезоната игра како позајмен во Барселона. Моментално е еден од најдобрите играчи во каталонскиот клуб. Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер е задоволен од статусот во Барселона и сака да игра за каталонскиот клуб и следната сезона. Сепак, Манчестер Сити планира на крајот на сезоната да го врати Кансело во Англија, а потоа да го продаде.
Финалето на Копа Либертадорес ќе се одржи во ноември во Буенос Аирес, а стадионот домаќин ќе биде избран подоцна, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација. Тоа ќе биде првпат аргентинската престолнина да биде домаќин на финалето откако форматот на натпреварувањето беше променет на само еден натпревар во 2019 година. Претседателот на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез изјави дека одлуката е признание за големата работа на Aргентинската фудбалска асоцијација. Аргентина е актуелен светски шампион и шампион на Копа Америка, но нејзините клубови се мачат во јужноамериканското натпреварување. Бразилските клубови ги освојуваат титулите во Копа Либертадорес од 2019 година.
Машката кошаркарска репрезентација на Естонија го одреди составот од 14 кошаркари со кои ќе допатува во Скопје на мечот со Македонија на 23 февруари во квалификациите за ЕП 2025. Естонците го закажаа првиот собир во Талин на 19 февруари, кога започнува новиот циклус од квалификациите за ЕП. Според селекторот на репрезентацијата, Јука Тојала, на располагање ќе има играчи кои се веќе познати за репрезентацијата. Меѓу повиканите репрезентативци се и двајцата кошаркари на евролигашот Басконија, Маик-Калев Котсар и Сандер Раиесте. „Македонија има познати имиња, но кога и да одите да играте со нив, треба да размислите кој странски играч не чека…
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски пре дуелот со ПСЖ смета дека доаѓањето мечот ќе биде своевиден ракометен празник во градот на Конзулите. „В среда треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг. Доаѓаат по успесите на Европското првенство. Кај нас ќе гостува Никола Карабатиќ за кого е ова последната играчка сезона и посебно ми е драго за тоа. Лигата на шампионите е секоја година се посилна, а ПСЖ е сигурно еден од фаворитите. Имаат одлична екипа, играат брза транзиција, брза полуконтра и организиран…
Ракометарите на Е. Пелистер утре против ПСЖ во Битола ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. По подолг период на терените се враќа и нашиот долгогодишен репрезентативец Дејан Манасков. На денешната прес-конференција, тој ги споели очекувањата од утрешниот дуел. „Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне натпреварот против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што по една година пауза повторно ќе настапам во Лигата на шампионите. Доволно сме подготвени особено по победа против Вардар. ПСЖ повторно е меѓу петте најдобри екипи во Европа. Доволно знаеме каков стил…
