Author: saso

NBA

Новинарот на ESPN, Адријан Војнаровски, откри дека ѕвездата на Филаделфија и МВП на НБА лигата, Џоел Ембиид ќе мора да оди на операција на менискусот на левото колено, по што ќе отсуствува од терените подолго време. Центарот на Филаделфија заработи повреда по дуелот со Џонатан Кумингс на натпреварот против Голден Стејт. Во борбата за топката Кумингс се фрли на коленото на Ембиид, кој потоа мораше да замине во соблекувалната. Ембиид моментално е водечки стрелец во НБА со 35,3 поени по натпревар. Оваа сезона имаше просек од 11,3 скока и 5,7 асистенции по меч.

Read More

Церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи на 11 јуни на стадионот „Ацтека“ во мексиканската престолнина Сиудад де Мексико, додека финалето ќе се игра на 19 јули во Њујорк на стадионот што го користат НФЛ тимовите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс, објави ФИФА. Ова ќе биде третпат отворањето и првиот натпревар на Мундијалите да се одржи на легендарниот стадион кој може да прими 83.264 гледачи. Стадионот „Ацтека“ беше сцена на отворањето на светските првенства во 1970 и 1986 година. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, а…

Read More

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, прв од квалификациите за Евробаскет 2025, во кој ќе одиграме два натпревари. На 23. февруари, во скопје, ја дочекуваме репрезентацијата на Естонија, а три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска. СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија Војдан Стојановски – МЗТ С.А. Дамјан Стојановски – МЗТ С.А. Андреј Магдевски – Пелистер Адем Мекиќ – Задар, Хрватска Стојан Ѓуроски – Работнички Андреј Маслинко – Пелистер Теодор Симиќ – Борац…

Read More

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон планира да ја заврши кариерата во Ферари, со кого, според шпанскиот „Ас“, е во завршна фаза од преговори. Од следната сезона Хамилтон треба да седне во болидот на „црвените“ и да стане главен адут на тимот, што би значело и заминување на Карлос Саинц од Маранело. Доаѓањето на Хамилтон од Мерцедес во Ферари би било големо изненадување поради фактот што тој има договор со сегашниот тим до 2025 година. Во наредните денови, пишуваат Шпанците, оваа информација би требало да биде потврдена.

Read More

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски, вчера потпиша договор со Австрија Клагенфурт, но веднаш беше испратен на позајмица. 22-годишниот напаѓач кој до неодамна играше за рускиот прволигаш ФК Ростов потпиша со австрискиот клуб до 30 јуни 2025 година, а веднаш е испратен на 6-месечна позајмица во хрватски Шибеник. „Давид е многу талентиран напаѓач во кој апсолутно ја гледаме можноста да стане постојан играч на нашиот клуб. Позната е ситуацијата во Русија, па од септември нема никаков натпревар. Ја искористивме можноста да го добиеме оваа зима, но прво сакаме да му дадеме можност да се врати во ритам во Шибеник“,…

Read More

Само што Дарко Чурлинов с еврати во Германија во дресот на Шалке, од таму стигнуваат непријатни вести за навивачите на клубот. Имено, фудбалскиот клуб Шалке е во најтешката ситуација од своето основање. Познатиот тим од Гелзенкирхен е пред згаснување, пренесува германски „Скај“. Имено, Шалке е во очајно лоша финансиска состојба со актуелен долг од околу 165 милиони евра. Какви се долговите, такви се и резултатите. Тимот моментално е едно место над опасната зона за испаѓање во третата Бундеслига. Доколку се случи да испаднат од лигата, пишува „Скај“, тоа ќе значи гасење на клубот, односно префрлање на аматерско ниво и заминување…

Read More

Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти е нов играч на Фиорентина како синоќа беше позајмен од Рома. Италијанските медиуми открија дека Белоти и се приклучил на Фиорентина со шестмесечен договор за околу 750.000 евра без правона откуп. 30-годишниот играч, кој одигра 44 натпревари за својата земја и се приклучи на Рома во 2022 година по седум сезони во Торино. Тој не успеа да постигне гол во Серија А минатата сезона и постигна гол само три пати оваа сезона.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола рече дека единствениот кој треба да биде негов наследник во Сити во иднина треба да биде поранешниот капитен на Сити, Винсент Компани, кој моментално раководи со Барнли. „Порано или подоцна Вини (Компани) ќе дојде овде. Имам чувство дека ќе биде тука. Тој веќе е голем менаџер со она што го направи со Барнли минатата сезона. Гледате какви идеи имаат, како се бранат. Ми се допаѓа тоа што го работи“, изјави Гвардиола.

Read More

Манчестер Јунајтед постигна договор со Гранада за позајмица на Факундо Пелистри. Уругваецот до крајот на сезоната ќе игра во елитниот шпански клуб. Играчот од средниот ред веќе има искуство во Ла Лига каде веќе двапати беше позајмен на Алавес. Пелистри има 13 настапи за „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната, но има само 3 настапи.

Read More

Брајан Сарагоса ќе биде уште едно ново засилување за Баерн (М) оваа зима. Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека тимот од Минхен се договорил со Гранада за нов датум за трансфер на 22-годишниот фудбалер. Шпанскиот клуб ќе добие 4 милиони евра со бонуси за неговото заминување. Германскиот шампион претходно најави дека Сарагоса ќе им се приклучи на лето, но сега е потврдено дека крилниот напаѓач во четврток лета за Германија.

Read More