Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон планира да ја заврши кариерата во Ферари, со кого, според шпанскиот „Ас“, е во завршна фаза од преговори.
Од следната сезона Хамилтон треба да седне во болидот на „црвените“ и да стане главен адут на тимот, што би значело и заминување на Карлос Саинц од Маранело.
Доаѓањето на Хамилтон од Мерцедес во Ферари би било големо изненадување поради фактот што тој има договор со сегашниот тим до 2025 година. Во наредните денови, пишуваат Шпанците, оваа информација би требало да биде потврдена.