Author: saso

Во последниот ден на ЕП, ЕХФ го објави списокот на ракометари кои влегуваат во најдобриот состав на ЕП 2024. Ракометари од шест земји се најдоа во идеалниот тим. Голман: Андреас Волф, Германија Лево крило: Хампус Ване, Шведска Лев бек: Мартим Коста, Португалија Среден бек: Јури Нор, Германија Десен бек: Матијас Гидсел, Данска Десно крило: Роберт Вебер, Австрија Линиски играч: Лудовик Фабрегас, Франција Дефанзивец: Магнус Саугструп, Данска

Read More

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски за бараж мечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година вели: “Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на…

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Фарските Острови во баражот за место на следното Светско првенство, кое во 2025 година ќе се игра во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка. Денешната ждрепка во Келн сакаше за ривал на нашите ракометари да биде едно од најпријатните изненадувања на последното ЕП во Германија, одличниот тим на Фарски Острови. Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот. Македонија бидејќи беше носител на ждрепката вториот натпревар ќе го одигра пред својата публика.

Read More

РК Вардар денеска и официјално објави дека се засилува со српскиот интернационалец, Немања Гојковиќ. Тој доаѓа во Скопје и ќе се задржи во главниот град најмалку до крајот на оваа сезона. Игра на позицијата среден бек, а во Вардар пристигнува од Израел, каде последните три години настапуваше за тимот на Бнеи Херзлија. Гојковиќ претходно настапуваше за неколку тимови од Србија и Германија, а играше и во СЕХА лигата со Металопластика.

Read More

Европската ракометна федерација ЕХФ ја одби жалбата на Шведска поради голот на Пранди во последните секунди на дуелот со Франција во Келн. Со тој гол Французите го изедначија резулатот и го однесоа мечот во продлженија, а таму триумфираа и се пласираа во финалето. По мечот Швеѓаните испратија жалба до ЕХФ поради тоа што судиската двојка од Македонија, Начевски-Николов не употребила видео технологија за да го провери последниот напад на Французите. Дисциплинската комисија оценила дека судиите одлучиле правилно и немале обврска да бараат помош од ВАР. „Тоа се користи само кога судиите имаат сериозни сомневања за донесување на правилна одлука или…

Read More
NBA

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ одигра неверојатен меч синоќа и постигна личен рекорд во кариерата. Тој со 73 поени го поведе тимот на Далас Маверикс до победа кај Атланта Хоукс од 143-148. Словенецот стана само четврти играч кој постигнал барем 73 поени и тоа баш на четиригодишнината од смртта на Коби Брајант, кому Дончиќ му го посвети овој перформанс. Неверојатна ноќ имаше и Девон Букер кој постигна 62 поени, ама неговиот Феникс Санс минимално беше поразен од Индијана Пејсерс 133-131.

Read More

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ се пресели од Рен во Олимпик Лион. Како што објавија од клубот, договорот со 35-годишниот играч е до 30 јуни 2026 година. Трансферот на Матиќ е вреден 2,6 милиони евра. Играчот од средниот ред се пресели во Рен на стартот на сезоната од Рома. Во тековната сезона во Лига 1, Матиќ одигра 13 натпревари и не постигна ниту еден гол, но доби 7 жолти картони. Олимпик Лион е на 16. место во францускиот шампионат со 16 бодови од 19 натпревари. Рен е на деветтото место со 25 бодови.

Read More

Арина Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен откако во финалето ја совлада Чинвен Женг со 6:3, 6:2. Белоруската тенисерка до експресна победа стигна за само 77 минута. Сабаленка во текот на целиот натпревар не остави дилеми за својата надмоќ. Во поголемиот дел од натпреварот, Женг беше принудена да се брани и затоа играше подалеку од основната линија. На кинеската тенисерка и пречеа моќните и добро насочени враќања на Сабаленка, а многу проблеми и направи и нејзиниот сервис. Импресивното е што Сабаленка не загуби ниту еден сет во текот на целиот турнир.

Read More

По пласманот на ракометарките на Ѓорче Петров во четвртфиналето на Европскиот куп во ракомет, денеска наш гостин беше тренерот на шампионот, Симе Симовски. За следниот ривал, Елче и за досегашниот успех, Симовски изјави: „Елче не ни беше посакуван противник, но не е на одмет да се пробаме и со посилни од нас. Искрено, не знаеме колку вистински се нашите можности, но ќе се обидеме да продолжиме со добри резултати и настапи. Успесите кои ги направивме досега во Европскиот куп се резултат на една дисциплинирана тригодишна работа и затоа сум пресреќен за победата во овој последен двомеч со чешкиот ривал. Наша…

Read More

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во редовите на Шалке 04, каде што ќе настапува како позајмен фудбалер од редовите на Барнли. Во таборот на англискиот премиерлигаш Чурлинов не доби вистинска шанса, имаше и здравствени проблеми, а сега е во потрага по минутажа. „Чурлинов е калибар на играч каков што сакавме да ангажираме во зимскиот трансфер период. Никогаш досега не сум видел играч толку мотивиран и подготвен за предизвик како што е тој сега“, вели спортскиот директор на клубот, Марк Вилмотс. 🗣️ Wie sehr brennst du darauf, wieder auf #Schalke zu spielen? Darkos erstes Interview ist jetzt im Vereinsheim! 🎙️⤵️— FC…

Read More