И селекторот на Шведска, Норвежанецот Глен Солберг, најави дека на денешниот дуел со Норвешка, актуелниот европски шампион ќе одмори дел од најдобрите ракометари, затоа што без разлика на резултатскиот исход, Норвешка завршува на петтото место во групата, а Шведска е подготвена за полуфинале. „Сигурно ќе ги одмориме играчите кои одиграа многу минути на ова ЕП. Тоа е најдоброто што можеме да го направиме сега и да се фокусираме на она што не очекува. Огромна предност е што можеме да се одмориме во исклучително тешко првенство. Мораме да го искористиме тоа“, вели Солберг.
Author: saso
Ветеранот во англиската Премиерлига, Џејмс Милнер се искачи на второ место на вечната листа според бројот на настапи во Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Брајтон синоќа се појави на натпреварот против Вулверхемптон во 21. коло од англискиот шампионат и гозапиша својот 633. натпревар во англиската лига. Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити го помина поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, а на врвот засега осамен е Герет Бери кој има 653 натпревари во Премиер лигата.
Хрватската ракометна репрезентација остана без можност за пласман во полуфиналето на Европското првенство, па сега во финалните два меча ќе се бори за место на олимписките квалификации за Париз. Интересно е што, Хрватите доколку загубат од Германија утре и со тоа го лансираат домаќинот на ова ЕП во полуфиналето, автоматски ќе влезат во групата репрезентации кои ќе играат на олимпискиот турнир од 14 до 17 март.
Кошаркарот на Филаделфија и минатогодишен носител на наградата МВП на НБА лигата, Џоел Ембид синоќа постигна неверојатни 70 поени во победата на неговиот тим против Сан Антонио (133:123). Центарот на Филаделфија со ова го собори клупскиот рекорд претходно поставен од легендарниот Вилт Чембрлен, кој имаше 68 поени на меч во 1967 година. Ембид, исто така, го собори рекордот на ѕвездата на Милвоки, Јанис Андетокунбо, кој постигна 64 поени на меч со Индијана. Ембид стана деветтиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар.
Ерлинг Халанд се опорави од повредата и се врати на тренинг. Напаѓачот на Манчестер Сити почна да тренира со своите соиграчи и се очекува Норвежанецот да се врати на терените до крајот на месецот. Халанд нема играно натпревар од 6 декември поради повреда на стапалото. Оваа сезона во 15 натпревари во Премиер лигата Халанд беше стрелец на 14 гола, а имаше и 4 асистенции.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, смета дека судиите во Италија оваа сезона се под нивото потребно за судење во вакво натпреварување. „Слабоста на судиите оваа сезона им е очигледна на сите – не само во однос на Наполи, туку и на сите останати тимови. Всушност, пред натпреварот седев со шефот на судискиот комитет Џанлука Роки и се прашував со каков срам ќе се соочи следниот пат. Овој меч требаше да го искористиме за промовирање на италијанскиот фудбал, но се беше уништено со оној непотребен црвен картон. На крајот на краиштата, сите картони важат и во Серија А, така што…
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше пресреќен по освојувањето на Суперкуп трофејот синоќа во Ријад. Интер во финалето беше подобар од Наполи со 1:0. „Ќе му честитам на Наполи, бидејќи одигра одличен натпревар. Многу добро се бранеа со десет фудбалери, се бореа како лавови. Им честитам на моите момци и на мојот тим, за сите беше нешто ново да се играат два меча за неполни 60 часа. Среќен сум за момците, за навивачите, за клубот, кој отсекогаш бил со мене во сите овие 3 години, дури и покрај тешкотиите. Но, најважна е посветеноста на навивачите, дури и момците веднаш им…
Столе Димитревски во јуни го завршува договорот со Рајо Ваљекано, па за него има сериозен интерес и од други клубови кои сакаат да го донесат во своите редови следната сезона. Во Шпанија за него сериозно е заинтересиран тимот на Севилја, клуб кој има најмногу освоени пехари во Лигата на Европа. Извори на „Ел Чирингито“, велат дека Севилја му нуди богат договор на Македонецот, многу поголем во однос на тој што сега го заработува во Ваљекано. Голманот има понуда вредна два милиони по сезона што секако е далеку повисока од сегашната од 800.000 евра.
Големото изнанедување на ова ЕП, селекцијата на Австрија, вели дека пред себе има поставено нова цел. Тобијас Вагнер во изјава за медиумите нагласува дека со првиот меч денеска во Келн, Австрија оди со цел да избори место во олимписките квалификации. „Сега играме за олимписки квалификации. Тоа мора да биде нашата следна цел, да влеземе во првите 8 или 9. Доколку тимот ја постигне и оваа цел, зимската бајка би била совршена за сите Австријци“, потенцира Вагнер.
Мексико се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година, објави претседателката на Олимпискиот комитет на земјата, Марија Хозе Алкала. Во конкуренција за домаќин на овие Олимписки игри останаа повеќе земи и според најавите до крај ќе биде неизвесно кој ќе ја добие шансата да го организира најголемиот спортски собир. Индија, Турција, Индонезија и Полска претходно се кандидираа за Олимпијадата во 2036 година и се уште остануваат во трката. Марија Хозе Алкала додаде дека Мексико најверојатно ќе се пријави за домаќин на Панамериканските игри во 2027 година.
