И селекторот на Шведска, Норвежанецот Глен Солберг, најави дека на денешниот дуел со Норвешка, актуелниот европски шампион ќе одмори дел од најдобрите ракометари, затоа што без разлика на резултатскиот исход, Норвешка завршува на петтото место во групата, а Шведска е подготвена за полуфинале.
„Сигурно ќе ги одмориме играчите кои одиграа многу минути на ова ЕП. Тоа е најдоброто што можеме да го направиме сега и да се фокусираме на она што не очекува. Огромна предност е што можеме да се одмориме во исклучително тешко првенство. Мораме да го искористиме тоа“, вели Солберг.