Author: saso

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго е под знак прашалник за настап во 1/8-финалниот натпревар од Купот на Шпанија со Атлетико Мадрид, пренесува шпанскиот весник „АС“. Според изворот,Родриго не можел да учествува на тренингот со останатите играи вчера. Не е познато дали напаѓачот има здравствени проблеми или станува збор за некаква повреда. Сепак, извори од клубот споменале дека Родиго е крајно неизвесен за настап во Купот.

Read More

Суперѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, заврши на третото место во изборот за најдобар фудбалер во Азија за календарската 2023 година. Во рангирањето се вклучени и играчи од азиските земји и играчи кои се дел од азиските клубови, што му овозможи на Португалецот да биде меѓу номинираните за наградата. Сепак, Роналдо заврши на третото место со 17,06% од гласовите. Пред него беа јужнокорејските ѕвезди Хун-мин Сон (22,90%) и Ким-мин Јае (19,54%). Ѕвездата на Тотенхем ја освои наградата седмипат по ред и вкупно 9-ти пат во кариерата.

Read More

Џордан Хендерсон постигна договор со саудиски Ал Етифак да го напушти клубот и е блиску до трансфер во Ајакс. Англискиот репрезентативец и неговата сегашна екипа се во процес на финализирање на раскинувањето на тригодишниот договор што го потпиша минатото лето. Во меѓувреме, Хендерсон лета назад во Англија, откако начелно се согласи да премине во Ајакс. 33-годишниот поранешен играч од средниот ред на Ливерпул по краткиот престој во Саудиска Арабија реши да се врати во Европа и кариерата да ја продолжи во Холандија. Тој играше само на 17 меча за Ал Етифак.

Read More

Денеска во Хамбург почнува втората фаза на европското првенство во ракомет. 12-те најдобри селекции од групната фаза, сега продолжуваат во две новоформирани групи, од каде ќе ги добиеме селекциите кои ќе се впуштат во трката за медалите. Премиерата е во групата „2“ во Хамбург, каде денеска од 15:30 часот први на терен излегуваат репрезентациите на Норвешка и Португалија. И на двете репрезентации им е потребна победа за да се надеваат на евентуално полуфинале. Во 18 часот ќе играат Данска и Холандија. Данците веќе имаат два бода на контото и со победа само силно ќе зачекорат кон полуфиналето. Од 20:30 часот…

Read More

Душан Влаховиќ повторно беше херој на Јувентус. Србинот постигна два гола во победата од 3:0 над Сасуоло во Серија А, што ги остави „Бјанконерите“ два бода зад лидерот Интер. Напаѓачот откри која е тајната на неговиот тим. „За секој натпревар се подготвуваме како да е последен, на секој натпревар се трудиме да го дадеме максимумот. Среќни сме што победивме и сакаме да продолжиме на овој начин, но секогаш мора да бидеме концентрирани и фокусирани“, изјавија Влаховиќ.

Read More

Даниеле Де Роси изрази големо задоволство од неговото назначување за нов тренер на Рома. Поранешниот играч за врска потпиша договор со клубот до летото 2024 година, но постои и опција за продолжување. Поранешниот италијански репрезентативец веќе ја одржа првата сесија со „волчицата“. „Емоциите се нешто што не можам да го опишам со зборови. Сите знаат што значи Рома за мене, но работата што не очекува веќе е започната. Немаме ниту време ниту избор: мора да бидеме конкурентни, да се бориме за нашите цели и се трудиме да ги постигнеме“, изјави Де Роси. Италијанецот се повлече од фудбалот во 2020 година.…

Read More

Поранешниот италијански репрезенттаивец, Џорџо Киелини е назначен за тренер на Лос Анџелес. Италијанскиот фудбалер, кој се пензионираше, стана тренер за развој на играчиво клубот од МЛС лигата. На оваа позиција Киелини ќе работи заедно со главниот тренер Стив Черундоло и стручниот штаб за да помогне во развојот на играчите од првиот тим. Фудбалерот помина две сезони во тимот на Лос Анџелес со кој ја освои МЛС во 2022 година.

Read More

По долга пауза, македонската ракометна репрезентација оствари победа на завршницата на големите натпреварувања. Со Лазаров, но овој пат како селектор, Македонија денеска ја совлада Швацарија со 29:27 и го освои третото место во групата „А“ на ЕП во Германија. Нашиот млад тим покажа поголема желба и упорност и сосема заслужено дојде до победата. Денеска на голот го имавме извонредниот Томовски, кому во финишот му се приклучи и Кизиќ со една важна одбрана на удар од 7 метри на противникот, по што нашата селекција успеа да дојде до предност од два гола во финишот и да ја запише првата победа. Марко…

Read More

Даниеле Де Роси ќе го наследи Жозе Мурињо на тренерското место на Рома, објави на социјалните мрежи популарниот италијански спортски новинар Фабрицио Романо. Претходно денеска римскиот клуб објави отказ за португалскиот стручњак. Договорот на 40-годишниот Де Роси ќе трае до јуни 2024 година со опција за продолжување. Екипата на Рома го зазема деветтото место во привремениот поредок во Серија А со 29 бода, 22 помалку од првиот Интер, кој има 51 бод.

Read More

Ракометната репрезентација на Хрватска остана без Иван Мартиновиќ з апродолжението на ЕП. Имено, по повредата здобиена на натпреварот со Австрија, хрватскиот репрезентативец синоќа бил на прегледи во болницата во Манхајм, по што е констатирано дека за него ЕП заврши. Според првичните информации Мартиновиќ има посериозна повреда на рамото. Мартиновиќ, кој е член на бундеслигашот Мелсунген, постигна осум гола во победата против Шпанија, а два против Австрија.

Read More