Ракометната репрезентација на Хрватска остана без Иван Мартиновиќ з апродолжението на ЕП. Имено, по повредата здобиена на натпреварот со Австрија, хрватскиот репрезентативец синоќа бил на прегледи во болницата во Манхајм, по што е констатирано дека за него ЕП заврши. Според првичните информации Мартиновиќ има посериозна повреда на рамото.
Мартиновиќ, кој е член на бундеслигашот Мелсунген, постигна осум гола во победата против Шпанија, а два против Австрија.