Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) вечерва ќе ги врачи наградите за најдобрите во изминатата година. Популарните награди „The Best“ вечерва ќе ги добијат лауератите во повеќе категории на настанот кој ќе с еодржи во Лондон. Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси беа номинирани за наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на годината. Номинирани за наградата за најдобар тренер се Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Симоне Инзаги (Интер) и Лучијано Спалети (Наполи/Италија), додека за титулата најдобар голман ќе се борат Едерсон (Манчестер Сити, Бразил), Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија) и Јасин Боно (Ал-Хилал, Мароко). Во потесниот избор на кандидати за наградата за…
Author: saso
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја делат правдата во Мајнхам на дерби дуелот во групата „Е“ меѓу бранителот на тронот, Шведска и селекцијата на Холандија. Ова е меч од третото коло во групата Е, и дуел за првото место во групата. Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот. Во истата група Грузија и БиХ ќе се одмерат силите во 18 часот, и двете селекции ги загубија сите шанси за главната рунда.
Турска Анталијаспор го суспендираше Израелецот Сагив Јехезкел поради тоа што на вчерашниот натпревар од турската Суперлига против Трабзонспор (1:1), го прослави својот гол покажувајќи завој со датумот на нападот на Хамас врз Израел – 7 октомври. Во официјалното соопштение, Анталијаспор ги нарече постапките на Јехезкел „спротивни на вредностите на земјата“ и ја објави одлуката на управата да го суспендира напаѓачот. Претседателот на клубот Синан Бозтепе изјави дека најверојатно ќе биде раскинат договорот со израелскиот фудбалер.
Пред денешниот старт на последното трето коло по групи, веќе се познати седум репрезентации кои веќе обезбедија место во главната рунда на Европското првенство во ракомет. Тоа вчера го направија и Германија и Унгарија, откако претходно пласман во втората рунда заверија, Португалија, Данска, Шведска, Словенија и Холандија. Другите селекции како Франција, Шпанија или Исланд и Хрватска, сепак, треба да го одработат и третото коло за да дојдат до место во следната фаза.
Тимо Вернер вчера го имаше дебито за Тотенхем по неговиот кам-бек во Премиер лигата. Напаѓачот на РБ Лајпциг се пресели во лондонскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната, а вчера заигра на дербито со Манчестер Ј. кое заврши без победник. „Прво, јас сум многу среќен што се вратив во Премиер лигата. Многу е забавно да се игра овде. Освоивме еден бод, но во следните неколку дена ќе можам да тренирам повеќе со момците и работите би можеле да одат подобро. Кога играте за нов клуб против Јунајтед на овој стадион, секогаш сте малку нервозни. Бев возбуден. Она што го…
Втор убедлив пораз на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство. Вечерва избраниците на Кире Лазаров беа совладани од домаќинот на турнирот Германија со 34:25. Од самиот почеток, па се до крајот, Германија не ни дозволи ниту за момент да се понадеавме на некакво изненадување. Ја преземаа играта во свои раце, диктираа темпо и ги искористија сите наши технички грешки. Н аполувреме заминаа со плус 5 (18:13), а во вториот дел ја надополнија предноста за уште поубедлив триумф. Во составот на Германија денеска доминираше Кнор кој средбата ја заврши со 10 гола. Од нашите ракометари, 6 гола заиша крилото Ненад Костески,…
Ракометниот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на Ѓорче Петров пред својата публика го совлада тимот на Хазена Кинжварт со 32:29 во првиот осминафинален дуел во Европскиот Куп. Избраничките на Симе Симовски имаат плус три пред реваншот, кој е закажан за 20 јануари. За пласман во четвртфиналето ќе им треба уште една добра партија на гости. Одличен меч кај Ѓорче Петров со по шест погодоци одиграа Ризоска, Јанкуловска и Ана Марија Коларовска, а четири гола запиша Божиноска.
Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс денеска ги засили своите редови со младинските репрезентативци Љупче и Ѓорге Џеков. Љупче е голман, а неговиот брат е одбранбен фудбалер и двајцата доаѓаат од редовите на Брера Струмица. Силекс со новиот тренер Александар Васоски ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а најавите се дека ќе има уште неколку нови засилувања во зимскиот преоден рок.
Македонската ракометна репрезентација денеска ги пакува куфери и се сели во Берлин. По првиот историски меч на стадионот „Меркур Шпил Арена“, и поразот од Франција со 39-29, избраниците на Кире Лазаров денеска со воз како и преостанатите три селекции од нашата група патуваат за Берлин каде ќе продолжат натпреварите од групата „А“. Нашата репрезентација в недела ќе го има вториот меч од групната фаза и тоа против домаќинот на првенството Германија.
Фудбалската репрезентација на Гамбија за влакно избегна катастрофа на летот за Брегот на Слонова коска каде треба да настапат на Купот на Африкански Африка. Според информациите, во авионот со кој полетале паднал притисокот и немало снабдувањето со кислород во кабината. Неколку играчи се онесвестиле набргу по полетувањето. Само девет минути по полетувањето, пилотот бил принуден да се врати на аеродромот во Банџул. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Саиди Јанко, во објава на Инстаграм рече дека некои од членовите на авионот страдале од „силни главоболки и екстремна вртоглавица“.
