Втор убедлив пораз на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство. Вечерва избраниците на Кире Лазаров беа совладани од домаќинот на турнирот Германија со 34:25.
Од самиот почеток, па се до крајот, Германија не ни дозволи ниту за момент да се понадеавме на некакво изненадување. Ја преземаа играта во свои раце, диктираа темпо и ги искористија сите наши технички грешки. Н аполувреме заминаа со плус 5 (18:13), а во вториот дел ја надополнија предноста за уште поубедлив триумф.
Во составот на Германија денеска доминираше Кнор кој средбата ја заврши со 10 гола. Од нашите ракометари, 6 гола заиша крилото Ненад Костески, а по 4 имаа Пешевски и Јагуриновски.
Последниот меч за нас на ова ЕП ќе биде во вторник против Швајцарија, која денеска ја изненади Франција играјќи нерешено 26:26.

