Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја делат правдата во Мајнхам на дерби дуелот во групата „Е“ меѓу бранителот на тронот, Шведска и селекцијата на Холандија.
Ова е меч од третото коло во групата Е, и дуел за првото место во групата. Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.
Во истата група Грузија и БиХ ќе се одмерат силите во 18 часот, и двете селекции ги загубија сите шанси за главната рунда.