Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета го заврши настапот на Австралија опен во Мелбурн. Таа загуби уште во првото квалификациско коло на женскиот турнир од Катарзина Кава од Полска со 2-1 во сетови (75 46 63) во меч што траше 2 часа и 25 минути.
Author: saso
Тетовска Шкендија денеска го претстави својот нов тренер. По заминувањето на Ардијан Нухиу, тетовчани нешто помалку од еден месец беа во потрага по нов тренер, а на крај довербата му ja додоа на Јетон Беќири. Младиот стратег денес и официјално беше претставен преку социјалните мрежи на клубот. Беќири двапати беше привремен тренер на Шкендија, а во македонската јавност е познат по големиот успех со Струга Трим Љум, која пред неколку сезони ја внесе во Првата македонска фудбалска лигата.
Менаџерот на англиски Брентфорд, Томас Френк, е убеден дека Ајван Тони нема да го напушти клубот во јануари. Арсенал е заинтересиран за Тони кој моментно е под суспензија за учество во обложување, а сумата која е поставена како негова цена за продажба е 80 милиони фунти. „Тој е играч на Брентфорд. Тој е тука, изгубивме неколку играчи во нападот и не гледам зошто треба да го продадеме. Би сакал тој да остане тука долго време. Не ми се разговара за ова, но ако можам да советувам, цената мора да биде неверојатна за да си замине“, рече Френк. Тони се уште…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров по победата над Грција вчера, истакна дека е задоволен од прикажаното на овој прв тест-дуел со соседот. „Делумно сум задоволен, водевме шест и седум голови. Не беше лесно игравме со квалитетна репрезентација. Грците многу вложуваат во ракометот. Мислам дека можеме уште малку подобро, а кога се игра дома публиката ти дава поддршка, ти дава ветер во грб, но истовремено притисокот е поголем, немаш право на грешка. Бевме малку хендикепирани во ротација, но мислам дека можеме да го кренеме процентот на успешност“, изјави Лазаров.
Кошаркарите на Денвер славеа против Голден Стејт со 130:127, откако српскиот центар Никола Јокиќ постигна тројка од скоро половина терен во последните моменти од играта. Тековниот шампион во НБА лигата влезе со минус 18 поени во последниот дел, но успеа да го надомести дефицитот. На 26 секунди до крајот при резултат 127:127, Стивен Кари ја загуби топката, а во последниот напад, Јокиќ постигна фантастична тројка за победа на Денвер. Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени, 10 асистенции и девет скока, Арон Гордон постигна 30 поени, а Џамал Мареј имаше 25 поени и шест асистенции. Кошаркарите на Милвоки го победија…
Нашиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски одигра одличен натпревар против Грција. Постигна осум гола покажувајќи голема борбеност на теренот. „Овој натпревар не беше ниту малку наивен. Грчката репрезентација е доста потценета. Секако дека имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство. Како што кажав веќе, би било неблагодарно превреме да прогнозираме. Сепак, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази. Сметам дека ќе имаме добар настап“, изјави Лазаревски.
Иднината на ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе се реши во следниот месец и половина, пишува весникот „Л’Екип“. Според изворот, идејата на напаѓачот е да одлучи за својата иднина пред првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите со Реал Сосиедад кој ќе се одигра на 14 февруари. Актуелниот договор на 25-годишниот Килијан со парижани истекува во јуни 2024 година, а тој уште сега веќе има официјално право да преговара со други клубови за иден трансфер. Претходно се појави информација дека Реал има намера да ја промени тактиката во преговорите со Мбапе, очекувајќи одговор од напаѓачот на ПСЖ само во…
Борусија Дортмунд ќе има право да го откупи напаѓачот Џејдон Санчо за 29 милиони евра на крајот на сезоната. Англичанецот треба да им се приклучи на „милионерите“ на позајмица до крајот на сезоната 2023/2024. Дортмунд ќе исплати помалку од половина од платата на Џејдон во втората половина од актуелната сезона.
Лондонски Фулам е фаворит за потписот на Роберто Фирмино, кој изненадувачки по само 6 месеци може да се врати во Премиер лигата. Бразилецот кој си замина од Ливерпул за да се преслеи во Ал Ахли од Саудиска Арабија, сака да го напушти клубот и наводно веќе преговара со Фулам. Малиот лондонски тим е во потрага по искусен напаѓач кој ќе му се приклучи на нивниот тим откако Александар Митровиќ замина во С. Арабија на стартот на сезоната.
Даниел Аврамовски денеска и официјално е претставен како ново засилување за турскиот второлигаш Болуспор. Нашиот интернационалец по заминувањето од екипата на Сараево се реши да се врати во Турција, каде претходно настапуваше за екипата на Кајзериспор. Аврамовски потпиша договор на 1,5 година со Болуспор.
