Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров по победата над Грција вчера, истакна дека е задоволен од прикажаното на овој прв тест-дуел со соседот.
„Делумно сум задоволен, водевме шест и седум голови. Не беше лесно игравме со квалитетна репрезентација. Грците многу вложуваат во ракометот. Мислам дека можеме уште малку подобро, а кога се игра дома публиката ти дава поддршка, ти дава ветер во грб, но истовремено притисокот е поголем, немаш право на грешка. Бевме малку хендикепирани во ротација, но мислам дека можеме да го кренеме процентот на успешност“, изјави Лазаров.

