Со најубави желби ја испраќаме 2023 и ја дочекуваме новата 2024 година. Со добро здравје, спортски дух и победнички менталитет во новата 2024 година да се радуваме на нови спортски успеси, да прославуваме европски и светски медали, да уживаме во радоста на спортските натпревари и да им дадеме уште повеќе простор на младите да го покажат својот талент и потенцијал. Спортското радио 90.3 фм и во новата година останува сервис на спортистите, тренерите и спортските работници и дом на сите спортски вести, настани, случувања… Бидете во добро здравје, Среќна нова 2024 година! Ваше Спортско радио 90.3 фм
Author: saso
Раководството на Манчестер Јунајтед се договорило со централниот дефанзивец Виктор Линделоф за нов договор до летото 2025 година, пренесува The Athletic. Изданието наведува дека Линделоф важи за клучен играч на „Олд Трафорд“, а раководството на клубот сака да му го продолжи договорот. Договорот меѓу двете страни беше постигнат во последните денови од 2023 година. Шведскиот репрезентативец е најкористениот дефанзивец на менаџерот Ерик тен Хаг оваа сезона со вкупно 18 настапи.
Јувентус започна преговори со англискиот шампион Манчестер Сити за потписот на играчот од средниот ред Калвин Филипс, открива Тајмс. „Бјанконерите“ бараат да го засилат средниот ред по суспензиите на Пол Погба и Николо Фаџоли, а англискиот репрезентативец е еден од играчите кои може да одговорат на оваа улога. „Граѓаните“ се подготвени да се разделат со 28-годишниот играч, кој ретко добиваше шанса да игра од Хосеп Гвардиола и откако беше потпишан од Лидс во 2022 година, имаше само 31 настап за тимот и почесто беше користен во улогата на резерва.
Барселона размислува да му понуди на Манчестер Сити размена на играчи. Според изворот, Каталонците се подготвени да го дадат 20-годишниот Алехандро Балде на позајмица во редовите на „граѓаните“ во замена за дефанзивецот Жоао Кансело, кој е на позајмица во Барселона од Сити до летото 2024 година. Каталонците сакаат трајно да го задржат 29-годишниот Португалец, но тоа тешко може да се случи поради финансискиот фер-плеј. Кансело оваа сезона забележа 21 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции. Балде има 22 натпревари и еден гол. Неговиот договор со Барселона е до летото 2028 година
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потпиша нов договор со „кралевите“, потврдија од клубот. Новиот договор на легендарниот специјалист ќе биде до 30 јуни 2026 година. Анчелоти силно се поврзуваше со селекторската позиција во Бразил, бидејќи неговиот стар договор важеше до крајот на оваа сезона. На крајот, тој одбра да остане во Мадрид. Анчелоти е единствениот тренер кој има освоено 4 европски титули и тренер со најмногу победи во историјата на ЛШ (118), а воедно е и првиот тренер кој ги освоил петте големи европски лиги (Италија, Англија, Франција, Германија и Шпанија).
Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека. Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12 октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати. – Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема…
Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на ЕП во Германија кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија. Во моментов нашите ракометари се наоѓаат во Стара Пазова, Србија каде го реализираат првиот дел од подготовките, а последен на нашата селекција и се приклучи, капитенот, голманот Никола Митревски. „Подготовките течат во најдобар ред, секојдневно работиме напорно, како на физички, така и на тактички план. Имаме убава атмосфера и со нетрпение чекаме да дојде настапот на ЕП во Германија. Досега одигравме неколку натпревари меѓу нас, а не чека мечот со Црна Гора овде во Србија. Потоа се враќаме…
Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, го најави своето заминување од екипата на Докса. „По 3,5 години време е да се збогуваме. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, на сите тренери и на играчите. Ова е неверојатен клуб и град во кој сите ме прифатија и ми помогнаа да пораснам и како играч и како личност. Дојде време за нов предизвик во мојата кариера. Благодарам Докса“, напиша Шишковски. Останува да почекаме да видиме кој ќе биде новиот клуб на Шишковски оваа зима.
Дефанзивецот на Јувентус, Бразилецот Бремер и официјално потпиша нов договор со клубот. Бразилецот ќе остане во редовите на „Старата Дама“ до 2028 година. Бремер беше доведен од градскиот ривал Торино во 2022 година за 41 милион евра. Тој брзо се наметна како главна фигура во тимот и моментално е најстандардниот дефанзивец кај тренерот Масимилијано Алегри.
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, беше задоволен од победата над Кристал Палас со 2:1. Сините го добија лондонското дерби во последните минути со голот на Мадуек од белата точка. „Создадовме многу шанси и задоволен сум од играта на тимот. Кристофер Нкунку постепено ќе се вклопува и ќе биде се покорисен“, изјави Покетино. „Премиер лигата е најкомплицираното првенство и ни треба стабилност. Имавме подеми и падови во првата полусезона. Беше тешко, но ние сме позитивни и мора да покажеме дека сме способни за борба“, изјави аргентинскиот стратег.
