Author: saso

Новиот предводник на КК Гостивар, Јорданчо Давитков, по скоро 20 години се враќа како тренер во нашето првенство. За предизвиците со Гостивар, квалитетот на кошарката и очекувањата од вториот дел од сезоната со Давитков разговаравме во живо во нашата програма. „По 15-16 години минати надвор од државата, со мали исклучоци кога бев селектор, оваа сезона се случи од сите понуди кои ги добив да неприфатам ниту една. Директорите на Гостивар, со кои сум пријател од средношклоските денови, ме замолија да помогнам, иако ситуацијата е реално тешка. Прифатив, ќе се обидеме да извлечеме максимум. Повеќе работи се поврзаа, и ете да…

Read More

РК Вардар го заврши есенскиот дел од домашното првенство на лидерското место и заедно со Алкалоид во плеј-оф серијата ќе влезе од челната позиција на табелата. Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски, во денешното гостување во нашата програма зборуваше за првиот дел од сезоната и очекувањата за вториот дел во кој ќе се бие битка за титулата со главните конкуренти, Е. Пелистер и Охрид. „Е. Пелистер по лошата сезона во Лигата на шампионите сега сигурно ќе се фокусира на домашното првенство. Тоа е клуб кој првично е одлично организиран, има одличен тим, има одлични навивачи и жежок терен. Тие се шампиони…

Read More

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен се враќа во својата татковина. Битолчани му се заблагодарија за периодот минат во клубот.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува со настап на квалификациите на Грен Слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн. Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап на квалификациите на овој Грен Слем турнир, откако во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир бидејќи загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (46 63 62). Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации на Грен Слем турнир (три на УС Опен, и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон). Квалификациите за првиот Грен Слем турнир почнуваат на 8.…

Read More

Тренерот на КК Црвена звезда, Јанис Сферопулос, изјави дека центарот Мајк Тоби ќе остане во тимот и покрај гласините за негово заминување. Сепак, клубот од Белград ќе го напушти центарот Огњен Кузмиќ. „Можам да кажам дека Кузмиќ ќе го напушти тимот бидејќи ми е многу тешко да најдам минутажа за него. Тој е одлично момче и професионалец. Би било вистински потег клубот да се раздели со него, тоа е професионален пристап. Мајк Тоби се уште е во тимот и ќе остане во тимот. Секако дека треба да игра подобро“, изјави Сферопулос.

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри ќе ги пропушти натпреварите на тимот во следните два натпревари две до три недели. За време на тренингот вчера, 21-годишниот играч добил удар во десната нога и почувствувал болка, по што морал да оди на преглед… Прелиминарниот преглед покажа дека Педри ќе биде надвор од терените две до три недели. Според тоа, тој нема да настапи на денешниот натпревар од Ла Лига со Алмерија, како и на пријателскиот натпревар со мексиканска Америка на 22 декември во Далас.

Read More

Доцна синоќа беше постигнат договор меѓу Наполи и Лајпциг за трансфер на Елиф Елмас вреден 25 милиони евра. Овој трансфер е историски бидејќи е најголем за играч од Македонија. Елмас и претходно го држеше рекордот за најскап македонски фудбалер, откако Наполи за него на Фенербахе му плати 16,2 милиони евра. Според информациите, Елмас ќе потпише договор со бундеслигашот до 2028 година. Двата клуба си подале рака, но ќе се чека стартот на преодниот рок за завршување на формалностите.

Read More

Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го пропушти претстојното издание на Копа Америка во САД поради тешката повреда на коленото со која се здоби во октомври. Ова го соопшти познатиот бразилски лекар Родриго Ласмар. 31-годишниот напаѓач на Ал Хилал ги скина вкрстените лигаменти на левото колено за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај на 17 октомври. Две недели подоцна, тој беше опериран и моментално се опоравува. „Се уште е рано за него. Нема смисла да ги прескокне фазите од неговото закрепнување и да презема непотребни ризици. Нашите очекувања се дека тој ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во…

Read More
NBA

Кошаркарите на Милвоки го победија Сан Антонио со 132:119, во натпревар во кој нивниот играч Демијан Лилард стана осмиот активен играч кој постигнал повеќе од 20.000 поени во НБА. Лилард го заврши натпреварот со 40 поени, четири асистенции, три скока и три украдени топки. Тој сега има вкупно 20.034 поени и стана 51-виот играч во историјата на лигата и осмиот активен играч, кој постигнал повеќе од 20.000 поени на 794 натпревари. Во победата на Бакс, Боби Портис постигна 23 поени и 10 скока, а Крис Мидлтон имаше 17 поени. Јанис Адетокунбо оствари трипл-дабл учинок од 11 поени, 16 асистенции и…

Read More

Еден од највредните спортски резултати оваа година е оној национален рекорд во маратон на нашиот Дарио Ивановски постигнат во самиот финиш на годинава која изминува. По тој повод, но и за плановите за следната 2024 година и можноста за настап на ЛОИ во Париз, во живо во нашата програма разговаравме со првиот тренер на нашиот маратонец, Игор Јакимовски. „Според рангирањето на маратонците, Дарио има шанси да обезбеди виза за Летните олимписки игри во Париз. Дарио со својот резултат од Валенсија влегува во конкуренција за место на Олимпијадата и ако мене ме прашувате мислам дека 99% имаме резултат за настап на…

Read More