Author: saso

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека има уште многу време да одлучи дали ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. Во последната година 64-годишниот Италијанец постојано се поврзуваше со селекторската функција во репрезентацијата на Бразил, а договорот со Реал му истекува на крајот на јуни следната година. „Мојот божиќен подарок е дека сум тука во Реал Мадрид и можам да работам“, изјави Анчелоти. „Сè уште има време да размислам дали сакам да ми биде продолжен договорот. Во моментов сакам само да ги добиеме нашите наредни два натпревари за да имаме мир на Божиќ“, додаде Италијанецот.

Read More

Манчестер Сити ќе влезе во битка за потписот на Жоао Палиња од Фулам. Пеп Гвардиола е подготвен за напад во зима, иако за фудбалерот голем интерес има од екипата на Арсенал. Фудбалерот на Фулам остана во Лондон, иако се беше договорено околу неговиот трансфер во Баерн минатово лето. На крајот, договорот пропадна во последен можен момент, но неговото останување во Фулам се чини нема да трае долго. Арсенал уште пред некој ден најави дека разгледува да ја активира неговата откупна клаузула во јануари, а на сличен пат е и менаџерот на Манчестер Сити. Прашање е кој ќе испрати подобра понуда…

Read More

Федерика Брињоне е победничка на женскиот супервелеслалом возен денеска во рамките на Светски скијачки куп во Вал Д’Изер. Италијанката на крајот ја мина патеката за 1:21.58 минути. Второто место со речиси половина секунда заостанување и припадна на Кајси Ли од Норвешка, додека на третото место заврши уште една Италијанка, Софија Гоџа. Во генералниот пласман во Супер-Џи по две трки води Гоџа со 160 бодови, додека Брињоне е втора со 145. Американката Микаела Шифрин е прва во генералниот поредок со 620 бодови.

Read More

Тренерот на Севиља, Диего Алонсо, доби отказ по саботниот пораз на домашен терен од Хетафе со 3-0. 48-годишниот Уругваец ја задржа својата функција нешто повеќе од два месеци, а Андалузијците забележаа само две победи под негово водство, од кои и двете дојдоа во Копа дел Реј. Во првенството и во Лигата на шампионите, Севиља не оствари ниту една победа. Диего Алонсо е четвртиот отпуштен тренер на Севиља само од почетокот на минатата сезона. Пред него истата судбина ја имаа и Хулен Лопетеги, Хорхе Сампаоли и Хозе Миндилибар.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го изрази своето разочарување од ремито со 2-2 на домашен терен против Кристал Палас во Премиер лигата. „Изгубивме два бода иако одигравме добар натпревар. Навистина добро ги контролиравме транзициите и создадовме многу шанси, но во оваа фаза од натпреварот не смеевме да дозволиме втор гол, кој го постигна Кристал Палас. Донесовме погрешни одлуки во шеснаесетникот и бевме казнети. Загубивме два бода поради наша грешка“, изјави Гвардиола.

Read More

По Шкендија и Вардар и екипата на Силекс од денеска е без тренер. Утрово досегашниот предводник на кратовци, Горазд Михаилов објави дека заминува од кормилото на Силекс по две и пол години поминати на чело на прволигашот. “Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше 2,5 години. Можам да бидам презадоволен од постигатите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници. Успеавме да го вратиме ФК Силекс на старите патеки во мак-фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се…

Read More

Бразилската ѕвезда во дресот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор нема да биде под притисок да се врати на теренот по повредата и речиси сигурно нема да истрча на терен пред крајот на 2023 година, пренесува „Марка“. Вини притиска да го врати во акција побрзо, но медицинскиот персонал на „кралевите“ е решен да спречи какви било ризици по здравјето на крилниот напаѓач. Лекарите на Реал известуваат дека Вини закрепнува побрзо од очекуваното, но најдобро е да одмори до Нова година.

Read More

Маркус Рашфорд кој го пропушти дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, е под знак прашалник за настап и на големото дерби со Ливерпул утре во Премиерлигата. Напаѓачот на Манчестер Ј. има вирус типичен за зимските месеци од годината и не се чувствува добро. Сè уште не е јасно дали Рашфорд ќе биде подготвен за да започне барем од клупата против „црвените“. Ерик тен Хаг денеска ќе ги извади своите играчи на последен тренинг пред мечот со лидерот во Премиер лигата, а тогаш ќе стане јасно во каква состојба е и Рашфорд.

Read More

Тотенхем подготвува интересна понуда за бразилското чудо Морато откако тој импресионираше со настапите во Лигата на шампионите. 22-годишниот централен бек беше фантастичен во победата на Бенфика со 3-1 над РБ Салцбург во средата. „Сан“ пишува дека тој е главната цел на менаџерот Анже Постекоглу за јануарскиот преоден рок. Морато, кој игра како лев и централен бек, ја освои својата прва титула минатата сезона кога Бенфика триумфираше во Португалија. Неговиот актуелен договор со лисабонските орли е до летото 2027 година, со откупна клаузула која во моментов изнесува 68 милиони фунти.

Read More

Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку на лето ќе се пресели во тим од Саудиска Арабија. Ова го тврди авторитетниот новинар Фабио Сантини. Белгиецот моментално е на позајмица на „Олимпико“ од Челзи. Клубот е задоволен со него и сака да го задржи, но се чини дека тоа нема да се случи. „Лукаку веќе прифатил мултимилионска понуда од Саудиска Арабија. Отсега можам да им кажам на навивачите на Рома дека на крајот на сезоната едно е сигурно: Ромелу ќе си замине“, изјави Сантини.

Read More