Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека судиите во Премиер лигата често носат сосема нелогични одлуки. Тој коментираше на оваа тема по победата на „граѓаните“ од 3-1 над Евертон, која дојде по пресвртот во второто полувреме. „Секој ден ги потсетувам играчите за што се способни. Не смееме да паднеме под сопствените стандарди и тоа е голема одговорност. Мислам дека одигравме добро и во првото полувреме. Жал ми е, но не видов повторување на ситуацијата за пеналот. Изгледа дека и јас не ги знам правилата. Во некои случаи се суди пенал, во други – не. Во Европа правилата се сосема…
Author: saso
Напаѓачот на Џирона, Артем Довбик е трансфер цел на Атлетико Мадрид. Мадриѓани се надеваат дека ќе го привлечат украинскиот интернационалец следното лето, но преговорите сакаатд а ги започнат уште сега. Довбик има одлична сезона со сензацијата во Ла Лига. 26-годишниот фудбалер има 18 натпревари и 11 голови за каталонскиот тим, кој го дели првото место на табелата со Реал Мадрид. Договорот на Довбик со Џирона е до 2028 година, а интерес за него покажува и Барселона.
Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрече суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови, членки на ОФС Струмица, продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман. Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење. До носење на наредна…
Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека со одлука на Управниот одбор го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски. Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега. „Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе даде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси. Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал. Изминатите неколку месеци…
Досегашниот капитен на Брера Струмица, Марио Врдољак во продолжение од сезоната нема да го носи дресот на струмичкиот прволигаш. Како што соопштија од клубот, управата и фудбалерот се одлучиле на согласен раскин на договорот. Врдољак дојде во Брера на почетокот на годината, а во оваа сезона одигра 16 натпревари, низ кои ја носеше и капитенската лента на тимот.
Даниел Миловановиќ, кој пред две сезони играше за првиот тим на Академија Пандев, по краткиот престој во Унгарија повторно се врати во Струмица. Како што објавија од екипата на Брера Струмица, Миловановиќ ќе биде ново засилување за прволигашот. Тој спогодбено го раскина договорот со унгарскиот прволигаш Залаегерсег. 25 годишниот Миловановиќ е на Тиквеш од Кавадарци и ќе биде одлично освежување на десната крилна позиција.
Крсте Велкоски е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров. Освојувачот на Купот на Македонија, како и што најавивме, обезбеди големо засилување во името на поранешниот репрезентативец на Македонија, Искусниот 35-годишниот Велкоски од Работнички се сели во Македонија Ѓорче Петров, со договор до крајот на сезоната. Вевчанецот ќе биде четврто ново име во досегашниот дел од преодниот рок за Македонија ЃП. Досега потпишаа дефанзивците Жилберто и Давид Родригез Лопез, како и напаѓачот Џонатан Балотели.
Ракометната селекција на Македонија е комплетна, откако на подготовките во Стара Пазова на четата на Кирил Лазаров ѝ се приклучи капитенот Никола Митревски. Искусниот голман, поради обврските со својот Порто не можеше навреме да стигне на подготовките, но од синоќа тој е со селекцијата и утрово го одработи првиот тренинг. Покрај Митревски, селекторот Лазаров за голманската позиција за Европското првенство ги има уште Мартин Томовски и Марко Кизиќ. Македонија на шампионатот во Германија ќе се судри со домашната селекција, Франција и Швајцарија.
Филип Талески и се приклучи на подготовките на нашата репрезентација пред стартот на Европското првенство во Германија следната година. Левиот бек на Бенфика и на овој европски шампионат ќе ја има улогата на лидер на македонската репрезентација, а за подготовките и очекувањата од европскиот шампионат вели: „Сите знаеме дека Германија го сака спортот, вложува во ракометот и за нас ќе биде одлична можност како репрезентација да се докажеме на големата сцена. Среќен сум што сме овде сите заедно со сите момци, искрено да ви кажам, среќни сме и сплотени на овие подготовки. Мислам дека со оваа атмосфера што ја имаме…
Ракометната федерација на Македонија денеска со соопштение потврди дека нема повеќе билети во продажба за натпреварите на Македонија на претстојното ЕП во Германија. Ве известуваме дека до Ракометната Федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања за билети за претстојното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција, кое ќе се одржува во Германија во период од 10ти до 28ми јануари 2024 година.Ракометната Федерација на Македонија, односно машката сениорска репрезентација е учесник на претстојниот спортски настап, согласно регулативата на Европската ракометна федерација правата за продажба на билети за европски спортски настани се кај домаќинот на првенството, во овој случај тоа е ракометната федерација…
