Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Талески: Имаме најтешка група, меѓутоа тоа е голем предизвик за сите нас
    Ракомет

    Талески: Имаме најтешка група, меѓутоа тоа е голем предизвик за сите нас

    sasoBy saso25/12/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Филип Талески и се приклучи на подготовките на нашата репрезентација пред стартот на Европското првенство во Германија следната година. Левиот бек на Бенфика и на овој европски шампионат ќе ја има улогата на лидер на македонската репрезентација, а за подготовките и очекувањата од европскиот шампионат вели:

    „Сите знаеме дека Германија го сака спортот, вложува во ракометот и за нас ќе биде одлична можност како репрезентација да се докажеме на големата сцена. Среќен сум што сме овде сите заедно со сите момци, искрено да ви кажам, среќни сме и сплотени на овие подготовки. Мислам дека со оваа атмосфера што ја имаме тука, со новитетите што селекторот ги подготви за нас, имаме големи шанси да се подготвиме во најдобро можно светло. Имаме една најтешка група што можеше да ја добиеме на ова Европско првенство, меѓутоа за нас тоа е еден предизвик. На ова ЕП ќе се испишува првенство со историја, пред се по бројот на навивачи, ќе имаме можност да отвориме со меч на фудбалски стадион против една Франција, која секогаш напаѓа медал на големите натпреварувања. За нас ќе биде само мотив плус да се натпреваруваме и да се докажуваме против најдобрите. Мислам дека не треба да имаме преголем притисок, туку да уживаме играјќи пред 55.000 фанови на фудбалски стадион, можеби никогаш повеќе во животот нема да добиеме таква шанса. Треба да одиграме најдобро што знаеме, пред се за нас, а исто така и за навивачите кои ќе дојдат да ни дадат поддршка од Македонија“, вели нашиот бек.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.