Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски кариерата ја продолжува во Романија. Нов клуб на нашиот интернационалец ќе биде Динамо Букурешт. Новиот стопер на Динамо Букурешт доаѓа во Романија како слободен играч, откако претходно ја раскина соработката со саудискиот клуб Ал Етифак. Дарко има 48 настапи и 3 гола за националниот тим на Македонија. 28-годишниот стопер ќе биде големо засилување за одбраната на Динамо (Б) кој е претпоследен на табелата во првиот дел од сезоната и грчевито ќе се бори за опстанок.
Author: saso
Австриецот Јан Херл е победник на третиот натпревар од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ кој денеска се одржа во австриски Инсбрук. Втор заврши Јапонецот Кобајаши, а трет Михаел Хајбек. Херл победи со скокови од 134 и 127,5 метри и со вкупно 267,5 поени. Тоа е негова втора победа во кариерата. Второто место го зазеде Рјоја Кобајаши од Јапонија со 258,7 поени, кои ги собра со скокови од 128,5 и 132 метри. Трет беше Австриецот Михаел Хајбек со 254 поени, скокови од 131 и 135,5 метри. Словенецот Ловро Кос го освои четвртото место (253,2), а Германецот Андреас Велингер кој победи на прват…
Нашиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски на претстојното ЕП во Германија ќе го има петтиот настап на континенталните првенства. Тој како поискусен треба да ја поведе селекцијата на едно од најтешките првенства за нашиот национален тим. „Кога играте за репрезентација, очекувањата се големи. Ние се бориме за националниот дрес и чест и задоволство ни е што го носиме. Македонската публика доаѓа во голем број и така ќе биде и сега во Дизелдорф и Берлин. Французите и Германците се фаворити, но ние ќе играме до последната капка пот. Имаме млада екипа, напорно работиме и веруваме во системот што го работиме“, вели Кузмановски.
Вејн Руни доби отказ на тренерското место во второлигашот Бирмингем Сити по ужасната серија од 15 натпревари на „Сент Ендрју“. Легендата на Манчестер Јунајтед беше назначен за шеф на „сините“ уште во октомври, но победи само на два натпревари за време на неговиот мандат. Бирмингем по разочарувачки пораз од Лидс со 3-0, го означи крајот на мандатот на поранешниот шеф на Дерби Каунти и Ди Си Јунајтед.
Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека ги сменил копачките на полувремето на мечот со Њукасл, на кој во првиот дел промаши пенал. „За време на паузата разговаравме за пропуштените шанси. Решив да ги сменам копачките, затоа што со тие со кои почнав дур вчера почнав да тренирам. Тоа не е никакво суеверие, но сакав да ги сменам. Ги сменив и се смирив“, изјави Салах.
Екипата на Брера од Струмица денеска објави дека го раскина договорот со 21-годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал, кој во редовите на Брера Струмица дојде летово. Сисе од почетокот на сезоната го носеше дресот на Брера, откако во Струмица дојде од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството имаше 14 настапи. Истовремено, Христијан Малески кој беше на позајмица во Бреар се враќа повторно во Струга Трим Љум.
Аталанта и официјално потпиша со дефанзивецот Исак Хин. Фудбалерот на Верона ќе биде дел од тимот од Бергамо до 2028 година. Верона за 24-годишниот играч доби 8,5 милиони евра. Хин од минатата сезона игра во Серија А, а во тековниот шампионат одигра 10 натпревари.
Француски „Ле Паризиен“ пишува дека Килијан Мбапе се уште не одлучил дали следната сезона ќе се пресели во Шпанија или Англија. Според весникот, тој наводно сега ја променил својата одлука. Иако с еочекуваше сигурен трансфер во Реал (М), менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе подолго време го следи и се обидува да го убеди да се пресели на „Енфилд Роуд“. Ливерпул планира да го замени Мохамед Салах со Мбапе, кому договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше воодушевен од победата од 4-2 над Њукасл на првиот ден од 2024 година. „Тоа беше сензационален натпревар за мојот тим. Почнавме многу добро. Сите видоа што направи Дубравка. Супер натпревар, многу работи ми се допаднаа, освен головите кои ги примивме. Неверојатен натпревар, неверојатна атмосфера. Нашиот контра-пресинг беше како за фудбалските школи. Треба да се гледа и да се учи. Беше добро во секој поглед“, смета Клоп. За она што го чека тимот во продолжение, Германецот вели: „Шоуто мора да продолжи. Сега ќе имаме пет или шест слободни денови за тренинзи. Тоа ќе промени се…
Формула 1 тимот на Алфа Ромео во новата сезона ќе има ново име. Како што потврдија од тимот, тој во новата година ќе настапува под името „Стејк Ф1 тим“. Ова име ќе се користи до 2026 година, кога Ауди ќе има целосно влијание во Формула 1. Алфа Ромео заврши на деветтото место во Светскиот шампионат за конструктори минатата година. За оваа екипа и следната година ќе возат Валтери Ботас и Гуанју Џо. „Инспирирани од длабоката страст за брзина, иновации и поместување на границите, сега сме идеално позиционирани да го водиме тимот до невидени височини од 2024 година и пошироко“, најавија…
