Нашиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски на претстојното ЕП во Германија ќе го има петтиот настап на континенталните првенства. Тој како поискусен треба да ја поведе селекцијата на едно од најтешките првенства за нашиот национален тим.
„Кога играте за репрезентација, очекувањата се големи. Ние се бориме за националниот дрес и чест и задоволство ни е што го носиме. Македонската публика доаѓа во голем број и така ќе биде и сега во Дизелдорф и Берлин. Французите и Германците се фаворити, но ние ќе играме до последната капка пот. Имаме млада екипа, напорно работиме и веруваме во системот што го работиме“, вели Кузмановски.

