Фудбалската федерација на Бразил го назначи искусниот локален тренер Доривал Жуниор за нов селектор на репрезентацијата. Доривал кој го напушти Сао Пауло по нецели два месеци за да ја прифати селекторската улога е наследникот на Диниз, кој досега ја вршеше должноста селектор. Фудбалската федерација на Бразил ќе му плати на Сао Пауло отштета од 370.000 евра за раскинот на договорот на Доривал. Тој ќе го предводи Бразил на Копа Америка оваа година како и низ квалификациите за СП 2026 и на самиот турнир (доколку Бразил се пласира).
Author: saso
Францускиот репрезентативец Уго Дескат и германскиот голман Андреас Волф се првите ракометари на ова европско првенство кои ги добија признанијата за „Играч на натпреварот“. Дескат беше најдобар стрелец кај олимпискиот шампион со седум гола во победата против нашата репрезентација. Дескат мечот го заврши без промашување кон голот на Митревски. На вториот меч синоќа, голманот на Германија Андреас Волф имаше неверојатни 60% одбранети удари кон својот гол со што и самиот беше фактор плус во убедливата победа на домачинот на првенството против Швајцарија до 13 гола разлика.
Реал (М) синоќа по продолженија го победи Атлетико со 5:3 и обезбеди пласман во финалето на шпанскиот Супер Куп. За тимот на Анчелоти ова беше веќе 20-ти меч без пораз. Последен пат на официјален натпревар Реал загуби на 24 септември. Тоа беше на натпревар токму против синоќешниот ривал Атлетико. Следниот натпревар Реал Мадрид го игра во недела на 14 јануари во битката за Суперкупот со подобриот од второто полуфинале меѓу Барселона и Осасуна кое се игра вечерва.
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари стана првиот стратег по Свен-Горан Ериксон кој успеал да го победи својот лут градски ривал на четири од првите шест средби. Лацио синоќа ја елиминираше Рома во четвртфиналето на италијанскиоткуп, откако претходно трипати под водство на Сари славеше во меѓусебните дуели со градскиот ривал и само еднаш загуби. Сари го води Лацио од 2021 година и под негово водство „лацијалите“ моментално се на седмото место во италијанскиот шампионат.
Милан се договори со Фенербахче за продажба на играчот од средниот ред Раде Круниќ. Веста ја потврди директорот на „росонерите“, Џорџо Фурлани. 30-годишниот босански репрезентативец стана вишок во тимот на Стефано Пиоли. За неговите услуги турскиот клуб ќе плати околу 5 милиони евра. „Да, договорот треба да биде во ред. Му посакуваме многу среќа на Раде и се надеваме дека ќе направи големи работи за Фенербахче“, изјави Фурлани за Скај Италија. Тој ќе биде второто ново засилување на турскиот клуб по Леонардо Бонучи кој доаѓа од Унион Берлин.
Македонската ракометна репрезентација е поразена на отворањето на Европското првенство во Германија. Во дуел со фаворизираната Франција, избраниците на Кире Лазаров загубија со 39:29. Поразот можеше да биде и едноцифрен, но во самата завршница дозволивме Французите да дојдат до погодоци во серија и да ја повторат највисоката предност и во последните секунди од дуелот. Во нашата репрезентација најефикасен беше Жарко Пешевски со 7 гола, додека Џонов заврши со 6 погодока. По 4 гола запишаа Филип Кузмановски и Лазаревски. Во редовите на Франција Дескат со 7 и Нахи со 6 гола беа најефикасни. На голот на нашата репрезентација Никола Митревски имаше…
Македонската ракометна репрезентација утре во Дизелдорф ќе го игра првиот меч на Европското првенство. Повеќекратниот европски, светски и олимписки првак Франција е ривалот на Македонија, а селекторот Кирил Лазаров ги прави последните подготовки и ги дели најважните совети пред првиот меч. Франција е апсолутен фаворит, но Лазаров уште за време на подготовките потенцираше дека против ниту еден ривал нема да се појавиме со „бело знаме“, односно да се предадеме предвреме. Македонија против Франција има одиграно четири меча и на сите четири победија „Галските петли“.
Напаѓачот Себастијан Алер е подготвен да ја напушти екипата на Борусија (Д) и да се пресели во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната, тврдат медиумите во Турција. Според информациите, Бешикташ, кој е на шестото место на табелата во турската Суперлига, целосно ќе ја покрие платата на Алер. Французинот во тимот од Истанбул треба да го замени Камерунецот Винсент Абубакар, кој беше ослободен минатиот месец.
Милан и официјално го потврди потписот со 20-годишниот дефанзивец Филипо Терациано од Верона. Терациано потпиша договор до летото 2028 година и ќе го носи дресот со број 38 во првите неколку месеци од престојот на Сан Сиро, потврдија од Милан. Последните информации говорат дека „росонерите“ платиле вкупно 5 милиони евра за трансферот, како и уште 10% од секоја идна продажба на фудбалерот.
Синоќа со ждрепка беа одредени и двојките за 4. коло од натпреварите во ФА Купот на Англија. Меѓу најинтересните дуели секако се двете големи премиерлигашки пресметки Тотенхем – Манчестер Сити и Челзи и Астон Вила. Меѓу поинтересните дуели од оваа рунда се и натпреварите: Ватфорд – Саутемптон Блекбурн против Рексам Бурнмаут – Свонси Вест Бромвич – Брентфорд/Вулверхемптон Вест Хем/Бристол – Нотингем/Блекпул Лестер – Хал Сити/Бирмингем Шефилд Венсдеј – Ковентри Сити Челзи – Астон Вила Ипсвич – Мејдстон Јунајтед Ливерпул – Норич/Бристол Роверс Тотенхем – Манчестер Сити Лидс – Плимут Кристал Палас/Евертон – Лутон/Болтон Каунти Њупорт – Виган/Манчестер Јунајтед Шефилд Јунајтед…
