Европската Клупска Асоцијација (ЕКА) и ФК Работнички оваа недела за првпат организираа состанок со клубовите од Прва МФЛ и претставници на ФФМ. На состанокот одржан во Скопје претставниците од Управниот одбор и администрацијата на ЕКА, на претставниците на македонските клубови им беа презентирани сите информации околу начинот и функционирањето на оваа асоцијација во која членуваат повеќе од 500 клубови во Европа. Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм зборуваше за состанокот во Скопје, но и за заложбата за што поголема вклученост на нашите тимови во ЕКА. „ЕКА потенцираше дека во оваа органзиација има…
Author: saso
Александар Васоски од денеска повеќе не е тренер на екипата на Вардар. По завршувањето на есенската полусезона во ПМФЛ, тренерот реши да си замине, а за одлуката ја информираше и јавноста со објава на социјалните мрежи. „Почитувани спортски пријатели, сакам само да ви се обратам 2-3 дена после последниот натпревар на Вардар во оваа сезона.Факт е дека Вардар е последно место на табелата што секако не личи на клуб со реноме,меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона.Освоени се 17 бодови(чисти како солза) без помош на пријатели (никој ни нема аут и фаул…
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собирот и подготовките за претстојното ЕП 2024 кое ќе се оддржи во Германија. Македонија на овој европски шампионат ќе биде дел од групата „А“ заедно со репрезентациите на Германија, Франција и Швајцарија. Собирот ќе се одржи во среда на 20 декември со почеток во 18.30 часот во Хотел „Александар Палас“ во Скопје.
Дански клуб ФК Копенхаген на секој гледач на натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со турскиот Галатасарај му подари по една чаша пиво. Ова го објави „Football In Denmark“ на социјалната мрежа X. Средбата заврши со победа на ФК Копенхаген со резултат 1:0. Натпреварот се одигра на стадионот Паркен во Копенхаген (Данска). По последниот судиски свиреж, на семафорот на стадионот се појави порака дека по излегување од трибините секој гледач ќе го чека чаша пиво и шише вода. Играчот од средниот ред Лукас Лерагер му донесе победа на Копенхаген. Тој погоди по додавањето на Елиас…
Реал Мадрид двапати ги завршуваше настапите во Лигата на шампионите во полуфиналната фаза откако претходно ги добил сите шест натпревари од групната фаза. Во Лигата на шампионите оваа сезона, Реал Мадрид ги доби сите шест натпревари од групата Ц, освојувајќи 18 поени. Ривали на тимот на Карло Анчелоти во групната фаза беа италијанскиот Наполи кој го освои второто место со 10 бода), португалската Брага (трето место, четири бода) и германскиот Унион Берлин (четврто место, два бода). Реал Мадрид го држи рекордот за најмногу победи во Лигата на шампионите. Оваа екипа го има освоено натпреварувањето 14 пати. Во финалето на Лигата…
Шпанските екипи можат да освојат четири од петте групи оваа сезона во Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Реал Сосиедад веќе ги освоија првите места во групите Ц и Д. Реал Мадрид победи на шест од нивните шест натпревари во групата Ц и освои 18 бода, осум повеќе од Наполи, кој заврши на второто место. Реал Сосиедад во Д групата освои 12 бода со три победи и три нерешени, ист број на бодови освои и Интер кој е второпласиран. Барселона по пет кола е на чело во групата Х, Каталонците имаат 12 бода. Порто кој е второпласиран има девет бодови,…
Откако синоќа го завршија настапот во Европа за оваа сезона, по елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека играчите треба да направат се за да се вратат во Лигата на шампионите следната сезона. „Ни останува ништо друго освен да се посветиме на Премиер лигата. Секако, сега можеме да се фокусираме на битката за пласман во ТОП 4. Мора да дадеме се од себе за да влеземе во ТОП 4 и да се вратиме во Лигата на шампионите следната сезона. И, се разбира, ни останува и ФА Купот“, изјави Тен Хаг.…
Само неколку недели откако поднесе оставка, Хавиер Тебас е реизбран за претседател на шпанската фудбалска лига. Тебас (61), беше единствениот кандидат и доби нов четиригодишен мандат, четврти по ред. Поранешниот претседател на Хуеска е познат по реформите во системот за телевизиски права, при што секој клуб одделно преговара со радиодифузерите. Тој, исто така, иницираше финансиски фер-плеј построг од оној наметнат од Европската фудбалска унија (УЕФА), ограничувајќи ги трошењата на клубовите во однос на она што го заработуваат. Тој систем неодамна беше напуштен поради критиките од бројни клубови, меѓу кои и Барселона. Тебас е во отворена војна со неколку големи европски…
По голема драма, кошаркарите на Далас го победија ЛА Лејкерс со 127:125 во меч кој го одбележа Лука Дончиќ. Иако беше големо прашање дали словенечкиот кошаркар воопшто ќе биде подготвен за мечот, бидејќи на денот на натпреварот беше објавено дека има повреда на грбот, тој не само што настапи, туку даде и голем придонес во победата на Маверикс. Дончиќ средбата ја заврши со 33 поени, шест скока и дури 17 асистенции и практично го доби дуелот со Леброн Џејмс, кој исто така постигна 33 поени, но со осум скока и девет асистенции. Во ситуација кога повторно играа без повредениот Кајри…
Утре македонскиот биатлонец Павле Коруновски ќе го има настапот на ИБУ Купот во Норвешка. Во пресрет на настапот, денеска во живо разговаравме со селекторот на нашата репрезентација Ѓоко Динески, кој ги откри своите очекувања од настапот на нашиот натпреварувач. „Станува збор за исклучително силно натпреварување, второ по ранг по Светскиот куп во биатлон. Ќе има силна конкренција од над 130 натпреварувачи, меѓу кои Коруновски е единствениот македонски преставник. Овие натпревари изобилуваат со натпреварувачи од најголемите нации во овој спорт. Борбата за влез во Светскиот куп е немилосрдна. Павле е искусен натпреварувач, но во оваа конкуренција не можеме да очекуваме премногу.…
