Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собирот и подготовките за претстојното ЕП 2024 кое ќе се оддржи во Германија.
Македонија на овој европски шампионат ќе биде дел од групата „А“ заедно со репрезентациите на Германија, Франција и Швајцарија.

Собирот ќе се одржи во среда на 20 декември со почеток во 18.30 часот во Хотел „Александар Палас“ во Скопје.

