Author: saso

Минатиов викенд се одржа последниот настан од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“, односно петтото издание на турнирот каде што се освојуваат поени за крајната табела во генерален пласман. Прашањето на титулата не беше решено претходно, бидејќи актуелниот бранител на трофејот, Берат Јашари, оваа година имаше еден пропуштен турнир (од предвидените пет), па неговите конкуренти за највисоките пласмани имаа солидна бодовна состојба. Стандардниот формат беше 4 групи по 4 играчи, но бидејќи Јашари победи на сите турнири на кои настапи, овој пат му требаше само да помине четвртфинале за да го задржи шампионскиот пехар во снукер, па тоа и се…

Read More

Денеска се одиграа двата заостанати меча од 15. коло во ПМФЛ. Во Кратово Силекс со 3:2 го победи Вардар во еден прекрасен меч со пет постигнати гола и еден голем пресврт кој го направија домашните. Вардар поведе со голот на Мишковски во 14. минута, но потоа на сцена стапи Каланоски и со два гола, во 20. и 27. минута направи пресврт. Во вториот дел Силекс на десетина минути пред крајот поведе и со 3:1, за гостите да го ублажат поразот соголот на Јусуфи во 89. минута. Во Струга домашниот тим во “езерското дерби“ со 1:0 ја победи Воска и со…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, нема да може да го води тимот на следната средба од Премиер лигата. Шпанскиот стручњак кој лудо го прослави голот на Деклан Рајс во 97. минута од натпреварот против Лутон, кој Арсенал го доби со 4:3 и влета на теренот, доби жолт картон од судијата Сем Барот. Бидејќи ова е трет жолт картон за Артета оваа сезона, тој автоматски ќе биде суспендиран. Во сабота, Арсенал ќе гостува кај Астон Вила, а на клупата ќе биде само неговиот асистент.

Read More
NBA

Поранешниот кошаркарски стратег Ејвери Џонсон, изјави дека Лос Анџелес Клиперс ќе мора да го разменат Расел Вестбрук откако го донесоа во тимот Џејмс Харден. Во изјавата која тој ја даде за медиумите, вели дека најдобро е Клиперс да се ослободат од Вестбрук, затоа што тој веќе не е среќен во тимот. „Има неколку ѕвезди на кои не им оди добро, а очигледно Џејмс Харден е еден од нив. Кога ќе го погледнете Џејмс Харден и колку лошо се вклопи во Лос Анџелес Клиперс, станува јасно дека има некаков проблем. Сега од клупата доаѓа и Расел Вестбрук, кој очигледно е незадоволен…

Read More

Голманот на Реал Мадрид и на белгиската фудбалска селекција, Тибо Куртоа го известил клубот дека нема да оди на Европското првенство во 2024 година. Голманот моментално е на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која ја доби во август. Тој нема да може да игра до мај 2024 година, непосредно пред почетокот на Европското првенство. Прашање беше дали дотогаш ќе биде 100 отсто фит, па затоа и самиот одлучил да не ризикува со предвремено враќање на голот. Тој наводно го информирал својот клуб за ова прашање во последните месеци. Според „Радио Марка“, тој сака да го искористи целиот летен одмор…

Read More

Реал Мадрид, веќе во јануари, ќе се обиде да постигне договор со Килијан Мбапе за трансферот следното лето. Килијан ќе добие 15 дена да донесе одлука за предлогот кој ќе го добие, пишува шпански „АС“. Според изворот, доколку Мбапе не потпише нов договор со ПСЖ до 1 јануари, Реал ќе стапи во контакт со претставникот на напаѓачот и ќе ја достави својата понуда. Килијан ќе има рок до 15 јануари да одговори, а од Мадрид потенцирале дека потоа не сакаат никакви дополнителни преговори. Претходно беше објавено дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, прави обиди Мбапе да го продолжи договорот, убедувајќи…

Read More

Италијанската Рома размислува да го продолжи договорот со португалскиот стратег Жозе Мурињо, пренесува Football Italia. Актуелниот договор на 60-годишниот тренер со Римјаните истекува следното лето. Според изворот, раководството на клубот планира да одржи прелиминарни преговори со Мурињо пред крајот на тековната календарска година. Португалецот е на клупата на Рома од 2021 година. Мурињо им помогна на римјаните да ја освојат Конференциската лига во сезоната 2021/2022, а во Тековната сезона по 14 кола е на четвртото место во поредокот со 24 бода.

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на социјалните мрежи го најави враќањето на терените кое ќе се случи во првата недела од јануари за кога е закажан турнирот во Бризбејн. Надал последен пат играше на Австралија опен во јануари годинава кога загуби од Мекензи Мекдоналд во второто коло. Тој тогаш објави дека нема да игра до крајот на сезоната поради операција на колкот, а изјави и дека има проблеми со повреда на стапалото. „После една година, време е да се вратам назад. Тоа ќе биде во Бризбејн во првата недела од јануари. Се гледаме таму“, изјави Надал.

Read More

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров го состави широкиот список на кој се наоѓаат 35 ракометари од кои ќе се формира селекцијата која што ќе настапи на ЕП 2024.  Списокот е верификуван од ЕХФ, веќе нема да има можност да се прават замени и за настапот на ЕП ќе можат да се селектираат ракометари само од овие 35 ракометари. Поголеми изненадувања во составот на Лазаров нема. Согласно здравствениот билтен и минутажата што ја имаат во клубовите како и низа други критериуми, Лазаров се одлучи за следниве 35 играчи. 

Read More

Шпанскиот репрезентативец и член на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, потпиша нов договор со клубот. Офанзивниот фудбалер се обврза на верност кон Баскијците до летото 2027 година. Актуелниот договор на 21-годишниот играч беше до лето. Интерес за него имаше од повеќе клубови, меѓу кои и Барселона, но тој реши да им остане верен на Баскијците.

Read More