Лука Модриќ постави рекорд по бројот на настапи за Реал Мадрид како фудбалер кој е повозрасен од 35 години. Вчерашниот натпревар против Кадиз во Ла Лига (3:0) беше 161-ви за 38-годишниот Хрват со мадридскиот клуб откако веќе направи 35 години. Модриќ статистички го надмина голманот Франциско Бујо, кој играше за Реал Мадрид од 1986 до 1997 година. На натпреварот против Кадиз, Модриќ мина 67 минути на теренот и направи една асистенција за еден од двата гола на Родриго.
Author: saso
Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот, откако вечерва во двата сингл-дуели славеше над Австралија. Јунак на „аѕурите“ е Јаник Синер, кој победи на сите натпревари на турнирот, а последниот беше достоен за трофеј. Синер денеска го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 2:0, во сетови 6:3, 6:0 и на својата земја и ја донесе втората титула во ова натпреварување по онаа од 1976 година. Првиот поен за Италија го донесе Матео Арналди кој славеше против Алексеј Попирин.
Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја ја одбрани титулата светски шампион во МОТО ГП класата. Во последната трка од шампионатот, за Големата награда на Валенсија, возачот на Дукати сфати дека е шампион на почетокот на трката, кога неговиот единствен конкурент за титулата – Хорхе Мартин – излета од патеката. На крајот од трката Бањаја победи во Валенсија и со тоа триумфално ја потврди одбраната на тронот.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа својата 19-та победа сезонава, триумфирајќи на Големата награда на Абу Даби и со тоа дополнително го подобри рекордот што претходно го постави во однос на триумфи во една календарска година. Верстапен го постигна 54-от триумф во кариерата и сега е осамен на третата позиција на вечната листа на возачи со најмногу победи во Формула 1. На врвот и натаму е Луис Хамилтон со 103, додека на второто место е Михаел Шумахер кој се искачи на врвот на подиумот 91 пати. Второто место денеска му припадна на Шарл Леклер од Ферари, а третото…
Фудбалерите на Брегалница и Шкендија одиграа без победник, 2:2 на првиот меч од 15. Коло во домашното фудбалско првенство. Во одличен меч со четири погодоци, Шкендија не успеа да слави иако имаше пдвапати водство и играч повеќе до крајот на средбата. Стрелци на головите беа Велковски и Ѓорѓиев за домашните и Елези и Аганспахиќ за гостите. Останатите дуели од ова коло ќе се одиграат утре.
Косовски Балкани последниот домашен натпревар од групата Ц од Конференциската лига нема да го игра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина. УЕФА објасни дека теренот не е во добра состојба и дека критериумите за натпреварувањето не се исполнети. Балкани натпреварот против Викторија Плзен ќе мора да го игра на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.
Возачот на Априлја, Маверик Вињалес, ја освои пол-позицијата за спринтот и трката во Валенсија поставувајќи нов рекорд на патеката. Второто место го зазеде лидерот во шампионатот Франческо Бањаја со Дукати, а трет заврши Жоан Зарко од Прамак. Разочарувачка шеста позиција освои возачот кој е во тесна борба за титулата – Хорхе Мартин. Бањаја има 437 бода пред спринтот и главната трка, додека неговиот „предизвикувач“ Мартин има 416 пред решавачките сесии.
Фудбалерот на Интер, Хуан Куадрадо, целосно закрепна и тренира заедно со соиграчите пред утрешното дерби против неговиот поранешен тим Јувентус. Миланскиот гигант ќе гостува во Торино во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А. Само двајца играчи на Интер ја пропуштија последната тренинг сесија на тимот – Алесандро Бастони и Бенџамин Павард.
Манчестер Јунајтед повторно ќе остане без Мејсон Маунт, откако тој заработи уште една повреда. Понатамошните тестови ќе откријат точно колку време играчот од средниот ред ќе отсуствува, но тој сигурно нема да биде во составот за натпреварот против Евертон.
Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски, обезбеди полуфинале на Светското ВАКО првенство во Португалија, откако славеше над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 во мечот од четвртфиналето во категоријата до 86 килограми (лоу-кик). Оваа победа на Илиоски му носи најмалку бронзен медал. Во полуфиналето сега го очекува дуел со Елјан Алкишијев од Азербејџан. Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.
