Author: saso

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Македонија призна дека утре очекува една поинаква Македонија како противник во последниот меч од квалификациите. „На никого, ништо не му е гарантирано. Мора да го извлечеме најдобро од себе. На СП имавме 26, на ЕП ќе имаме 23 играчи и мора да сме врвни. Немаме пораз од Светското првенство, сакаме да го продолжиме тоа и овде. Во Манчестер квалитетот на Македонија не беше на нивото, но тоа не е толку едноставно, може лесно да се сменат работите и ривалот да биде повеќе подготвен затоа што сигурно ќе го сака…

Read More

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт на вечерашната прес-конференција пред мечот со Македонија зборуваше за она што може да ги очекува Англичаните на дуелот во Скопје. „Очекувам реакција од фудбалерите. На натпреварот против Малта не бевме на потребното ниво во најголем дел од натпреварот. Сега би сакал да се вратат на нивото од претходно и така да го одиграме утрешниот меч. Трипие не е со нас, но имаме неколку решенија за левата бековска позиција, ќе размислам и мислам дека нема да имаме проблеми. Можеби таа одлука ќе делува малку и на нашата поставеност, но треба да бидеме добри. Ние…

Read More

Новак Ѓоковиќ на триумфален начин заврши уште една тениска сезона. Српскиот тенисер вечерва во Торино го совлада Јаник Синер со 2:0 по сетови 6:3 и 6:3, со што забележа рекорден, седми триумф на завршниот АТП Мастерс. Досега рекордот го делеше со Роџер Федерер, кој во кариерата шестпати победуваше во финалето, но сега српскиот тенисер е и најдобар на сите времиња!

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија и третата победа во рамките на АБА 2 лигата. На турнирот во Златибор, денеска нашиот првак славеше на средбата со Борац Бања Лука со 67-61, во рамките на петтото коло на ова натпреварување. Евидентно беше дека МЗТ Скопје е подобар ривал од Борац и на крајот сосема заслужено дојде до победата. Војдан Стојановски беше најдобар во МЗТ со 15 реализирани поени, а исто толку имаа и Шешлија и Вест кај Борац БЛ.

Read More

Откако вчера се одиграа уште еден дел од квалификациските натпревари, веќе се познати повеќе од половина од учесниците на завршницата на ЕП 2024 во Германија. Првенството во Германија следното лето ќе има 24 селекции учесници, а веќе 13 од нив имаат обезбедено виза за учество. Своето место во Германија вчера го обезбедија Данска и Албанија, кои веќе им се приклучија на Белгија, Франција, Португалија, Шпанија, Шкотска, Турција, Австрија, Англија, Унгарија и Словачка, како и на домаќинот Германија, кои од претходно обезбедија место на првенството. Вечерва шанса да обезбедат учество на ЕП 2024 ќе имаат Велс, Холандија, Швајцарија и Романија.

Read More

Катарците најавија дека ќе продадат малцински удел во ПСЖ, пишува авторитетното издание The Athletic. Компанијата која го купи мнозинскиот пакет акции во 2011 година сега е подготвена да се раздели со мал дел од него. Катарците инсистираат дека ќе останат целосно посветени и не планираат да се повлечат од целосното владеење на францускиот шампион. „Немаме интерес да го продадеме клубот. Тоа ќе биде само малцински удел. Сопствениците се посветени на клубот, што може да се види со парите што ги даваме на новиот полигон и стадион. Тоа се долгорочни инвестиции. Ова е можност да го подигнеме нашиот бизнис на следното…

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана заработи повреда на препоните во победата на Камерун од 3:0 над Маурициус во првото коло од светските квалификации. Онана мораше да ја напушти играта по само 10 минути откако ја заработи повредата додека имаше една одбрана. Тоа беше првиот натпревар на Камерун во квалификациите. Од таборот на Камерун не ја коментираа состојбата на Андре Онана и не е јасно дали тој ќе отпатува со тимот во Либија, каде што тимот ќе го одигра вториот натпревар од групата Д.

Read More

Ако некој заслужи добра оценка за настапот на синоќешниот меч со Италија во Рим, тоа сигурно е младиот Јани Атанасов. Со неговите два гола Македонија за момент се врати во игра на мечот, но на крајот повторно бевме убедливо поразени. „Кога губиме како репрезентација не можеме да бидеме среќни и задоволни. Јас сум среќен за моите два гола, но имаме уште работа за да ги поправиме некои работи. Кога ги дадовме двата гола почувствувавме дека можеме да се носиме со оваа Италија која е највисоко ниво, покажавме дека сакаме, дека дадовме 100%, но на крај за жал три бода за…

Read More

По вчерашниот убедлив пораз на гостувањето кај Италија, селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата ги искажа своите видувања за она што се случуваше на теренот во Рим. „Кога ќе примиш 4 гола од вкупно 5 по прекин значи дека не си фокусиран во натпреварот. Тоа беше главниот проблем. Стартот и првиот дел не беше како треба, а по измените се вративме во игра, се отворивме, но не израмнивме. Во целост не сум задоволен, посебно во првото полувреме и секако од резултатот“. Околу замената на Елиф Елмас, тој додаде: „Елиф Елмас побара сам измена, не се чувствуваше физички спремен да го доврши…

Read More

Уште две нови имиња во составот на италијанската репрезентација за мечот со Македонија. Алесандро Бастони утре нема да се појават на теренот на „Олимпико“ за мечот со Македонија. Како што утрово потврдија од таборот на „аѕурите“, Бастони и дефинитивно отпаѓа поради повреда, а на негово место Спалети веднаш го повикал Џанлука Мансини од Рома. Дефанзивецот на Интер има повреда на потколеницата и го напушта тренинг кампот во Фиренца. На негово место доаѓа дефанзивецот на Рома. Во текот на ноќта голманот Викарио имал мала треска, па затоа, како мерка на претпазливост, повикан е и голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, денеска ќе…

Read More