Author: saso

Светскиот шампион Аргентина го победи Бразил со 1:0 на гостински терен во долго очекуваниот дуел од 6. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Стрелец на единствениот гол беше Николас Отаменди во 63. минута. Централниот дефанзивец на „гаучосите“ беше прецизен со глава по центаршутот на Џовани Ло Селсо од корнер и ја замолкна публика на „Маракана“. Дарвин Нуњес постигна два гола, а Уругвај ја продолжи серијата победи, откако синоќа беше подобар и од Боливија со 3:0. Ова беше трет натпревар во низа на кој Уругвај слави. Колумбија славеше кај Парагвај со 1:0, додека мечот меѓу Перу и…

Read More

Калин Ивановски ја продолжи серијата победи и утрово во мечот од првото коло на Челинџер 75 турнирот во Јокохама го совлада Зизу Бергс од Белгија со 2-1 во сетови (6:1, 5:7, 6:2) за 2 часа и 10 минути игра. Неговиот денешен ривал е на 152. место на АТП листата и на овој турнир дојде како победник на Челинџерот во Друмондвил, што значи дека е во добра форма. Во второто коло Ивановски ќе игра против шестиот носител Лука Нарди од Италија (20 год., 118 АТП ранг), кој во првото коло го совлада Јун Сеонг Чунг „среќен губитник“ од Јужна Кореја.

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија може да изрече казна со одземање на 10 бода од контото на Тотенхем во англиската Премиер лига за сезоната 2023/2024 поради трансферот на Џермејн Дефо во Портсмут, што се случи пред 15 години, пишува „Тајмс“. Во 2008 година, Тотенхем го продаде Дефо во Портсмут за 8,5 милиони евра, а Спарс го искористија нелиценцираниот агент Мичел Томас за да преговараат за трансферот. Исто така, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го ангажираше агентот Стјуарт Питерс, кој имаше лиценца. Но, во исто време немаше подготвен договор според правилата на ФА. ФА набрзо стана свесна за прекршувањата, но во јануари 2010 година здружението одлучи…

Read More

Дефанзивецот Рафаел Варан сака да го напушти Манчестер Јунајтед, пренесува The Sun. Според изворот, клубот е подготвен да го пушти 30-годишниот Французин, но само во летниот преоден рок. Главниот тренер Ерик тен Хаг сака да го задржи јадрото на неговиот тим за да се обиде да стигне до првите четири на крајот на сезоната.  Самиот Варан е заинтересиран да се пресели во Италија или Саудиска Арабија, од каде веќе стигнале и првите понуди.

Read More

По вчерашното завршување на квалификациите веќе се познати скоро сите учесници на Европското првенство во Германија следната година. Хрватска последна го потврди својот настап на континенталниот собир, откако претходно тоа го направија и домаќинот Германија, заедно со Србија, Албанија, Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Англија, Франција, Унгарија, Италија, Холандија, Португалија, Романија, Шкотска, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Турција. УЕФА ги потврди и 12-те селекции кои во мартовскиот плеј-оф ќе се борат за преостанатите три слободни места за Европското првенство. Во плеј-офот ќе играат 12 репрезентации, кои правото го заслужија со пласманот во Лигата на нации 2022/23. Тоа се Босна и…

Read More

Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров обезбеди место во осминафиналетона ЕХФ Еврпскиот куп, откако и на реваншот со белгиски Еупен славеше високо и убедливо со 48:36. Коларовска и Ризоска со по 11 голови беа најефикасните во победата, со која тимот на тренерот Симовски веќе го очекува следниот противник во пролетниот дел од натпреварувањето. Ждрепката за осминафиналните двојки е закажана за утре од 11.00 часот. Првите мечеви од оваа фаза ќе се играат на 13 и 14 јануари и возвратните дуели на 20 и 21 јануари 2024 година.

Read More

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане би можел да се врати во Манчестер Сити, објави новинарот на Билд, Кристијан Фалк. Според германското издание, Сити се заинтересирани за трансфер на 27-годишниот Германец следното лето. Според проценките сумата која би требало Сити да ја плати за него е 75 милиони евра, а неговиот договор со Баерн истекува во јуни 2025 година. Сане играше за Манчестер Сити од 2016 до 2020 година, кога Баерн го купи за 49 милиони евра.

Read More

Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер турнирот во Јокохама во Јапонија и успеа да се пласира на главниот турнир. Рано утринава, тој го доби дуелот со кинескиот тенисер Јан Баи (396. АТП) откако противникот го предаде мечот по завршувањето на вториот сет. Првиот сет кинескиот тенисер го доби со 6:4, по што во вториот Ивановски возврати со 7:5 за израмнување на 1:1. Потоа следуваше откажувањето на Баи, по што Ивановски го доби мечот и обезбеди пласман на главниот турнир.

Read More

Барселона и шпанската репрезентација доживеаја тежок удар откако играчот од средниот ред Гави заработи тешка повреда на натпреварот против Грузија синоќа. Играчот од средниот ред беше заменет на средината на првото полувреме, напуштајќи го теренот во солзи. По мечот се потврдија претпоставките дека се работи за многу сериозна побвреда, скинати вкрстени лигаменти. Тоа практично значи дека Гави ќе мора да отсуствува од фудбалските терени од 6 до 8 месеци и ќе ги пропушти Европското првенство во Германија следното лето, како и Олимписките игри во Париз.

Read More

Фудбалската репрезентација на Шведска по вчерашната победа над Естонија од 2:0 во последниот меч од квалификациите за ЕП 2024 се раздели со селекторот Јане Андерсон. Откако тимот не успеа да се квалификува за ЕП 2024, Федерацијата објави дека ќе бара ново селекторско решение. Швеѓаните ја објавија својата одлука синоќа и засега се уште е отворено прашањето кој ќе седне на селекторското место. Во јавноста извесен период се шпекулираше со името на Грем Потер, поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, но засега нема никаква потврда.

Read More