Алесандро Флоренци од Милан е уште еден во листата фудбалери кои се дел од скандалот со спортско обложување. Флоренци се нашол меѓу оние кои се под истрага за случајот, а од неговиот клуб велат дека веста ја дознале од медиумите и дека не се запознаени со вмешаноста на играчот во скандалот. Флоренци може да биде сослушан од Обвинителството во следните неколку дена, по што се очекуваат и подетални информации за неговата вмешаност во скандалот.
Author: saso
Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано изјави дека напаѓачот на тимот Ерлинг Халанд нема да се пресели во Реал Мадрид во блиска иднина. „Халанд е среќен во Манчестер Сити. Беше неверојатно успешен и мислам дека ќе игра за нас уште многу години“, рече Соријано. „AS“ претходно објави дека Реал Мадрид би можел да ја активира опцијата за купување на Халанд. Во договорот на Норвежанецот има откупна клаузула од 200 милиони евра. 23-годишниот напаѓач му се приклучи на Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд за 51,2 милиони фунти. Договорот на Халанд е до летото 2027 година.
Њукасл може да остане без Калум Вилсон најмалку шест недели поради повреда на тетивата, објавија извори од клубот. 31-годишниот фудбалер се повлече од составот на Англија за претстојните квалификациски натпревари против Малта и Македонија, откако го пропушти и поразот од 2-0 од Бурнмаут во саботата. Вилсон беше во добра форма и ја пополни празнината што ја остави Александар Исак, кој се справува со повреда на препоните.
Синоќа на социјалните мрежи се огласи Руди Гарсија, сег авеќе поранешниот тренер на Наполи, кој даде свој прв коментар за заминувањето од Наполи. Стратегот доби отказ по последниот првенствен пораз на наполитанците со 0:1 од Емполи на домашен терен. „Вака не замислував да се збогувам со навивачите на Наполи кои ме поддржуваа уште од првиот ден. Ним, играчите и луѓето блиски до тимот, искрена благодарност и успех во првенството и Лигата на шампионите“, напиша Гарсија на своите профили на социјалните мрежи.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) попладнево од 13 часот на комплексот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека Грузија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се игра во Словачка. Македонија во овие квалификации стартуваше со победа на гости кај Шведска, но потоа следуваа два порази. Прво очекувано загубивме од фаворитот Холандија, но потоа неочекувано капитулиравме и на гости од младинците на Молдавија. Избраниците на селекторот Канатларовски на денешниот меч против Грузија ќе мора да се потрудат да дојдат до трите бода, ако сакаат да останат во трка за горниот дел од табелата.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, повика двајца нови фудбалери во националниот тим за престојните дуели со Македонија и Украина. Како што утрово објавија медиумите, нови имиња во тимот на „аѕурите“ се Мануел Лазари од Лацио и Кристијано Бираги од Фиорентина. Првиот ќе пристигне во базата на италијанската репрезентација во текот на денот, додека капитенот на „виолетовите“ веќе од утринава е со селекцијата и ќе бид еприсутен на првиот денешен тренинг. Спалети имаше доста проблеми со списокот на повикани, откако поради повреди откажаа Калабрија, Мерет, Толои и Локатели, а неизвесен е и Андреа Камбијасо.
Германскиот бундеслигаш Вецлар денеска и официјално потврди дека го раскинува договорот со Филип Кузмановски. „Зелено-белите“ и нашиот репрезентативец предвреме го раскинаа договорот, кој беше со важност до крајот на сезоната. Кузмановски на почетокот на оваа година се пресели од ТСВ Хановер-Бургдорф во Вецлар, а потоа беше надвор од терените неколку недели поради повреда на стапалото што ја заработи со националниот тим. Вкупно, 27-годишниот играч одигра 27 натпревари за Вецлар и постигна 25 гола. „Договорот беше раскинат со заеднички договор“, објаснува генералниот директор на HSG Бјорн Сеип.
Македонските боксери Ален Рустемовски и Арјан Исени успешно ги започнаа настапите на Европското првенство за млади до 22 години кое се одржува во Будва, Црна Гора. Исени вчера во премиерниот дуел во категоријата до 80 килограми го совлада Себастијан Куш од Полска со 4-1 и закажа четвртфинале со Гркот Михаил Цамлидис кое е на програмата денеска во вечерните часови. Претходно, Ален Рустемовски славеше против Арманд Куристо Ковач од Унгарија со 5-0. Во четвртфиналето Рустемовски ќе се судри со Ерменецот Русијан Аслијкан. Борбата е закажана за в четврток.
Поранешниот аргентински репрезентативец Ернан Креспо е нов тренер на екипата на Ал Аин од ОАЕ. Тој ќе го наследи Алфред Шредер, кој замина по само шест месеци работа. Ал Аин ја објави веста на социјалните мрежи со видео на кое се прикажани снимки од кариерата на поранешниот напаѓач. „Ернан Креспо е меѓународна ѕвезда, голем лик и одличен тренер. Неговата репутација и амбиции ги задоволуваат барањата на лидер во фудбалска Азија“, напишаа од клубот. Креспо до октомври беше тренер на катарскиот шампион Ал-Духаил, кој го ослободи по серијата лоши резултати.
Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Игор Тудор по се изгледа ќе биде новиот тренер на Наполи. Клубот и преставникот на хрватскиот стратег веќе два дена преговараат во Рим, а Хрватот се согласил и на едногодишен договор предложен од наполитанскиот претседател Аурелио Де Лаурентис, иако првично сакаше подолг договор. Во моментов, Тудор и неговиот агент се уште се во главниот град на Италија и ја чекаат конечната одлука на Наполи. Претхондно беше објавено дека Руди Гарсија, кој беше тренер на клубот од летото, практично добил отказ.
