Author: saso

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов, по поразот на стартот од квалификациите за Евробаскетот 2025 вели дека кратка ротација на бековските позиции и доминацијата во офанзивниот скок, му донесоа победа на противникот. „Најпрво честитки за победата на Португалија, секоја пофалба и за девојките кои дадоа максимум на теренот. Интересен, но во исто време и доста исцрпувачки натпревар. Иако домаќинот отиде на паузата со предност од седум поени, девојките не се откажаа одиграа одлична трета четвртина каде во добар дел од неа и имавме водство. Покажаа карактер, но очигледно е дека за комплетен успех недостасува уште нешто. Малата,…

Read More

Ѕвездата на Тотенхем, Џејмс Медисон се повлече од репрезентацијата на Англија за квалификациските дуели против Малта и Македонија. Како што објавија од неговиот клуб, Медисон има повреда на скочниот зглоб. Од Тотенхем најавија дека фудбалерот ќе остане во клубот за да се рехабилитира од ударот добиен за време на нивниот пораз со 4-1 од Челзи во понеделникот вечерта. „Можеме да потврдиме дека Џејмс Медисон е повлечен од репрезентацијата на Англија поради повреда на зглобот“, објавија Спарс.

Read More

Поразот од Арис во Еврокупот беше последен меч за Петар Мијовиќ на клупата на црногорскиот кошаркарски клуб, Будуќност. Клубот од Подгорица соопшти дека Мијовиќ понудил, а Управниот одбор ја прифатил неговата оставка. Будуќност ја отвори сезоната во АБА лигата со пет победи, а првиот пораз го доживеа во неделата, кога во Белград загуби од Црвена Звезда. Само три дена подоцна, Арис во „Морача“ беше подобар од Будуќност. Грчкиот тим им го нанесе четвртиот пораз во европското натпреварување, прв во главниот град на Црна Гора. Мијовиќ во април по третпат стана тренер на Будуќност. Со него на клупата, Будуќност беше убедливо…

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Рахим Стерлинг може да биде суспендиран поради фрлање предмет кон навивачите на Тотенхем за време на мечот од 11. коло на Премиер лигата. ФА ја истражува снимката на која се гледа како играчот фрла предмет кон навивачите. Инцидентот се случи неколку моменти откако Кол Палмер го израмни резултатот на натпреварот со пенал во првото полувреме. Палмер прослави ставајќи го прстот до усните пред навивачите на Тотенхем. На видеото од теренот, кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Палмер е погоден во ногата од предмет лансиран од трибината на навивачите на Тотенхем. Кога…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по поразот од Тулуз со 3-2 во Лигата на Европа смета дека поразот е сосема заслужен. „Ме загрижува што денеска одигравме под нашето ниво. Ова е мојот главен проблем во моментов. Поразот беше заслужен бидејќи ги добија речиси сите решавачки дуели. Имавме премногу ситуации каде што требаше да ја освоиме топката, но не го направивме тоа. Ни дадоа многу голови. Мораме да ги промениме работите и тоа ќе го направиме. Секако дека би сакал да освоевме барем бод, но и тогаш би го кажал истото“, вели Клоп.

Read More

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше разочаран од играта на неговиот тим во поразот од Славија Прага со 2-0 вчера во Лигата на Европа. „Не сакам да кажам ништо, никој не сака. Резултатот беше апсолутно заслужен. Ништо не ми се допадна во нашата игра. Зборував со играчите во соблекувалната пред да разговарам со новинарите, што никогаш не го правам. Она за што разговаравме ќе остане меѓу нас“, рече тој по средбата. „Сакам да бидам апсолутно искрен со момците од Славија – тие целосно ја заслужија оваа победа. Имавме шанса на 1-0 да израмниме, но генерално не е важно затоа што…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за престојните средби со Италија и Англија и збворуваше за очекувањата од двомечот кој следува на 17 и 20 ноември. „Списокот е ист од минатиот пат, ме радува што со нас по подолга пауза поради повреда е и Тихо Костадинов. Се радувам што сите се здрави и верувам дека така ќе биде и по овој викенд во кој сите играат за своите клубови. Ниеден натпревар не наликува на претходниот. Со Италија не очекува поинаков меч од оние претходните. Во текот на подготовките во два…

Read More

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември). На списокот на селекторот Благоја Милевски за последните два меча од квалификацискиот циклус се наоѓаат следните 25 фудбалери. Повратник во репрезентацијата е Тихомир Костадинов.

Read More

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва (21.30 ч.) против Португалија ги започнува квалификациите за ЕП. Прв противник е силната португалска селекција, против која капитенот Анџелика Митрашиновиќ очекува добар настап. „Очекувам да одиграме две добри средби и да го покажеме квалитетот кој го прикажавме на оној натпревар против Босна и Херцеговина на гостински терен. Тоа значи борбеност, оставање срце на терен и доста квалитетна игра. Прв ривал ни е Португалија, знаеме за каква репрезентација се работи, потоа ни следи Србија. И двете селекции играат доста агресивно. Се надевам дека ќе бидеме коректни, на двете страни од теренот и ќе забележиме позитивен…

Read More

Акционерите во Премиер лигата на следниот состанок треба да гласаат за тоа дали клубовите ќе можат да ангажираат играчи на позајмица од клубови кои имаат заедничка сопственичка структура. Проблемот се појави откако Њукасл е поврзуван со потписот на Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој пред шест месеци за 47 милиони фунти замина во Саудиска Про лига, а сега Њукасл сака да го добие на 6-месечна позајмица. Коренот на проблемот е што Њукасл и Ал-Хилал се во сопственост на Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, што практично значи дека имаат исти „газди“. Во моментов не постои регулатива за да се спречи…

Read More