По ремито со Рајо Ваљекано во 12. коло од Ла Лига, Реал Мадрид остана 2 бода зад водечката Џирона. Тренерот на „галактикоси“, Карло Анчелоти призна дека е незадоволен од конечниот резултат. „Создадовме многу шанси, но немавме прецизност. Разочаран сум од резултатот. Според мене тоа беше добар натпревар. Создадовме многу шанси, Валверде, Винисиус, Хоселу, Родриго… Ни недостигаше малку прецизност. Повторувам, натпреварот беше добар. Добро ги контролиравме контранападите, бевме агресивни, тимот играше добро, но понекогаш едноставно не можеш да постигнеш гол. Понекогаш добивате натпревар кога не го заслужувате, а понекогаш не победувате кога заслужувате. Нема потреба од драма, одиме натаму“, изјавил Анчелоти.
Author: saso
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената ранг листа на АТП има пад од 21 место и се наоѓа на 326. место со 163 поени или 13 помалку од претходното рангирање. Пад за едно место Ивановски има и во конкуренција на двојки каде со 75 поени се наоѓа на 645. место. Ивановски од следната недела го очекуваат настапи на Челинџер турнири во Кобе и Јокохама. Горазд Србљак со 10-те поени се наоѓа на 1050. место или има скок од 12 позиции, додека третиот македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кој со три поени се наоѓа на 1.472. место…
Полјачката Ига Швјонтек ќе се бори против Американката Џесика Пегула за титулата победничка на финалниот турнир на сезоната во ВТА конкуренцијата кој вечерва завршува во мексиканскиот град Канкун. Во синоќешното продолжено полуфинале, Швјонтек ја победи светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленко со 6-3, 6-2. Овој полуфинален натпревар кој беше закажан за сабота, но поради дожд беше одложен за недела го даде вториот фуналист по Џесика Пегула од САД која во саботата ја совлада сонародничката Коко Гауф со 6-2, 6-1. Финалниот натпревар е закажан за денеска од 23:30 часот по средноевропско време.
Утрово во 77 година од животот почина поранешниот македонски кошаркарски играч и тренер на најголемите скопски клубови МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски. Луковски по завршувањето на играчката кариера, во првата сезона како професионален тренер го водеше Борец од Велес, по што стана тренер во клубот во кој го мина најголемиот дел од својата играчка кариера – КК Работнички. Двапати ги донесе во првата А лига на поранешна Југославија, а еднаш и до финалето на Купот на Југославија (1983), кое го загуби од Цибона. Во периодот од 1982 до 1986 година ја водеше, понекогаш самостојно, понекогаш како помошник на Русмир…
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, стана првиот играч кој постигнал 15 гола во неговите први 10 натпревари во германската Бундеслигата. Во 123-годишната историја на Баерн, никогаш немало стрелец со поимпресивен старт во клубот, а Кејн тоа го направи со два хет-трика во низа, од кои вториот беше на дербито против Борусија Дортмунд. На Кејн, очигледно му е полесно да постигне гол во Германија отколку во англиската Премиер лига и веќе има предвидувања дека би можел да го надмине рекордот на неговиот претходник, Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона. Полјакот достигна 41 во сеозната 2020/21…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше доста самокритичен по ремито 1-1 со Лутон синоќа. „Сакам да му честитам на Лутон за начинот на кој се бранеа и за начинот на кој го одиграа целиот натпревар. Создадовме многу шанси. Нивниот голман направи неколку добри одбрани. Во првото полувреме, Рајан Гравенберх и Диого Жота ги имаа најдобрите шанси. Не бевме доволно прецизни, не бевме доволно убедливи за да го донесеме мечот во друга насока. Вистината е дека не заслуживме повеќе од бод. Да, можевме да го добиеме натпреварот и требаше да го добиеме, но со сите шанси што ги пропуштивме тоа беше…
Столе Димитриевски синоќа сосема заслужено беше прогласен за Играч на натпреварот меѓу Реал и неговиот Рајо Ваљекано, откако не дозволи да прими гол 90 минути на „Бернабеу“ и ја прекина црната низа од порази на овој стадион кој Рајо ја имаше во последните 23 години. Димитриевски стана прв голман оваа сезона кој не примил гол на меч против Реал Мадрид, без разлика за кое натпреварување станува збор. Шпанскиот вицешампион пред синоќешниот дуел одигра 14 натпревари и на секој од нив, барем еднаш ја тресеше противничката мрежа. Димитриевски успеа да ја сочува мрежата и стана само втор голман во историјата на…
Раководството на Ливерпул започна преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот на „црвените“ Трент Александер-Арнолд . Актуелниот договор на дефанзивецот е до 2025 година. Александар-Арнолд е дете на академијата на Ливерпул. Англичанецот влезево првиот тим во 2016 година. Во овој период Трент учествуваше на 284 натпревари на сите турнири, на кои постигна 16 гола и 75 асистенции. Оваа сезона 25-годишниот фудбалер настапи на 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои имаше три асистенции.
Синоќа во Брага, Португалија, Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ја одржа церемонијата на врачување на пехарите за најуспешните автомобилисти за изминатата сезона – 2023. На манифестацијата присуствуваше и нашиот Игор Стефановски – Иџе, кој го доби пехарот за шампионската титула во европскиот шампионат на ридско-брзински натпревари. Нашиот возач беше убедливо најдобар во текот на целата сезона и се закити со уште едно престижно признание. За Иџе ова беше трет наслов „европски шампион“.
Барселона одлучи да го награди дефанзивецот Роналд Араухо со нов договор затоа што одбил трансфер во Ливерпул и Челзи во летото 2022 година, но и за високото ниво на игра што го покажува. Според каталонските весници, договорот наскоро ќе биде реалност. Во летото 2022 година англиските клубови му понудиле на уругвајскиот дефанзивец поголема плата од Барселона, но Араухо ги одбил бидејќи сакал да продолжи да игра за Каталонците. Како одговор на ова, раководството на каталонскиот клуб одлучи следната година на Уругваецот да му понуди нов договор со зголемување на платата. Забележано е дека Араухо сака да стане клупска легенда на Барса.
