Author: saso

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли повторно е на удар на навивачите на „росонерите“. Стратегот кој ја донесе првата титула на „Сан Сиро“ по 11-годишно отсуство, го навлече гневот на поддржувачите по серијата разочарувачки резултати во изминатиот месец. Вчера „росонерите“ доживеаја уште еден шокантен пораз на домашен терен, овој пат од Удинезе кој славеше со 1:0 и ова за нив беше прва победа во сезоната. На социјалните мрежи се крена бран незадоволство против Пиоли, каде повторно се појави повикот „Пиоли надвор“.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше бесен по поразот од Њукасл со 1:0. Шпанецот не го криеше разочарувањето што голот на „страчките“ не беше поништен. „Како можеа да го признаат тој гол? Тоа е неверојатно, едноставно сум засрамен. Апсолутна срамота е што го примивме тој гол. Тоа не е гол поради многу причини, едноставно не е гол. Многу е тешко да се игра на ова ниво, па срамота е кога ќе примиш таков гол. Во оваа земја сум 20 години и се срамам од тоа што се случи. Срамота е затоа што влогот овде е многу висок“, изјави Артета.

Read More

Бојан Миовски го постигна голот за победа со кој Абердин вчера избори финале во шкотскиот Лига куп. Очекувано доби многу комплименти и од фановите и од медиумите за играта и победата. Македонскиот репрезентативец реализираше во 78. минута, што беше доволно за пласман во големото финале, а „Би-Би-Си“ со право го прогласи за играч на натпреварот. „Ова е неверојатно чувство, секогаш е специјално да победиш на ваков натпревар, сите играчи работат напорно за ваквите моменти. Фановите секогаш се зад нас, без разлика дали играме дома или на гости, не сум почувствувал вакво нешто во друг клуб. Тие ме мотивираат на теренот…

Read More

По вчерашното реми (29:29), македонската ракометна репрезентација денеска славеше минимално со 23:22 во вториот контролен меч против Грција одигран во Солун. На полувремето Македонија имаше предност од 12:10, но Грците успеаа да се вратат и да ја анулираа негативата. Ние во финишот повторно влеговме со предност и од три гола, но Грците не се предадоа и го направија финишот на мечот многуинтересен. раматичниот финиш ѝ припадна на нашата репрезентација за победа од 23-22. Серафимов со пет голови беше најефикасен во нашиот состав, по три постигнаа Филип Талески и Мартин Велковски, Никола Митревски мечот го заврши со девет одбрани.

Read More

Синоќа веднаш по завршувањето на осминафиналните дуели од англискиот Лига Куп беше направена и ждрепката за четвртфиналните дуели. Следниот месец не очекуваат две силни премиерлигашки пресметки: Евертон – Фулам Челзи – Њукасл Порт Вејл – Мидлсброу Ливерпул – Вест Хем Натпреварите ќе се играат на 19/20 декември.

Read More

Трката за Големата награда на Абу Даби, закажана за 24-26 ноември, е под закана за откажување. Поради ескалацијата на вооружениот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и Палестина, одржувањето на викендот во Обединетите Арапски Емирати може да биде откажан. Како што пренесуваат неколку медиуми специјализирани за Формула 1, менаџерите на натпреварувањето го следат развојот на настаните, размислуваат за ситуацијата и ги проценуваат безбедносните услови. Можно е да се почека да се види како ќе завршат трките во WEC шампионатот на издржливост кои овој викенд ќе бидат во Бахреин, исто така на Арапскиот Полуостров. Одлуката на Формула 1 се очекува во…

Read More

Манчестер Ј. синоќа претрпе уште еден сериозен удар оваа сезона. Поразот од екипата на Њукасл и елиминацијата од Лига Купот на Англија го стави и холандскиот стретег Ерик тен Хаг пред голем притисок од јавноста и навивачите. „Знаеме дека резултатот не е доволно добар. Мора да преземеме одговорност. Ја преземам вината на себе. Имаме доволно квалитети, а играчите се држат заедно. Видовте дека се обидоа, но не беше доволно. И јас сум одговорен за ова. Мора да го поправиме ова заедно. За да стекнете самодоверба, прво треба да играте. Довербата доаѓа кога ќе го постигнете посакуваниот резултат. Ова е можно…

Read More

Еден од најискусните фудбалери на Баерн (М), Томас Милер, ги критикуваше играчите на клубот по сензационалниот пораз на тимот во 1/16-финалето на германскиот куп од третолигашот Сарбрикен (1:2). Поточно, Милер беше незадоволен од тоа што по поразот повеќето играчи не им пријдоа на навивачите. „Мораме да му честитаме на Сарбрикен за нивната борба. Едноставно не бевме паметни и пропуштивме многу шанси. Тие треба да бидат среќни, но ако Баерн загуби во Сарбрикен, тоа значи дека направивме неколку работи погрешно. Апсолутно ги разбирам критиките од навивачите. Не се работи ни за играта или за резултатот. Она што воопшто не функционира е…

Read More

Манчестер Јунајтед објави зошто бразилскиот дефанзивен играч за врска Касемиро беше заменет на полувремето во натпреварот од Лига купот со Њукасл. Главниот тренер на тимот, Ерик тен Хаг, потврди дека станува збор за повреда. „Непосредно пред паузата се повреди, па го заменивме. Мора да почекаме еден ден за да донесеме конечен заклучок за неговата состојба, но мислам дека нема да го видиме на саботниот меч со Фулам“, изјави холандскиот стретег.

Read More

Репрезентацијата на Србија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Бугарија ќе мора да игра пред празни трибини. Иако се очекуваше спектакл и полни трибини на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, дуелот мора да се игра пред празни трибини поради казната која УЕФА и ја изрече на Фудбалската федерација на Србија за инцидентите на мечот со Црна Гора. УЕФА ја казни Србија поради „расистички испади“ на мечот со Црна Гора и со парична казна од 50.000 евра. Натпреварот со Бугарија е решавачки за Србија во борбата за пласман на ЕП 2024.

Read More