Пауло Дибала и Крис Смолинг нема да му бидат на располагање на Мурињо за мечот на Рома против Интер. Постојат големи и за настапот на Леонардо Спинацола. Рома ќе му гостуваат на Интер во едно од дерби дуелите на 10. коло во Серија А. Тренерот Жозе Мурињо е суспендиран и нема да биде на клупата на гостите. Весникот „Месаџеро“ тврди дека и Спинацола иако е во составот, утре нема да биде во стартниот тим. Дибала и Смолинг имаат проблеми со повреди и иако постоеја надежи дека ќе бидат подготвени за игра, остануваат надвор.
Author: saso
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја објави групата на фудбалери на кои ќе смена на денешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Во неа се најдоа опоравените Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде, но се очекува сите тројца да го започнат натпреварот од клупата за резерви. Надвор од списокот останаа Педри, Френки де Јонг и Серхи Роберто, иако и првите двајца вчера продолжија со целосни тренинзи. Ова го принуди тренерот Чави во групата покрај импресивните млади ѕвезди Ламин Јамал и Фермин Лопез да вклучи дури пет фудбалери од младинската школа.
Македонскиот одбојкарски првак, Струмица, вечерва од 19 часот го започнува настапот во квалификациската група за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите. Струмичани се во Бургас, каде на отворањето ќе се сретнат со домаќинот и фаворит на турнирот, Нефтохимик. Покрај екипите на Струмица и Нефтохимик, во групата се и Фино Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. Струмица ќе се обиде да освои едно од првите две места кои водат во следната квалификациска фаза.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер, доби отказ од функцијата менаџер на клубот од Саудиска Арабија, Ал Кадсија и покрај тоа што клубот немаше пораз од почетокот на сезоната во Втората лига на оваа земја. Саудискиот второлигаш ја објави веста на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му се на поранешниот англиски репрезентативец за неговата работа откако беше поставен како менаџер летово. Речиси веднаш по објавувањето на заминувањето на Фаулер, Кадсија потврди дека негов наследник ќе биде поранешниот напаѓач на Реал Мадрид ина селекцијата на Шпанија, Мичел. Фаулер (48) ја предводеше Ал Кадсија до шест победи и две нерешени средби на осумте првенствени…
Македонската репрезентација во традиционално карате од 27 до 30 октомври 2023 година ќе учествува на 36. ЕТКФ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ во традиционално карате во Ново Место, Словенија. За Македонија ќе настапат Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Георги Кокорманов, Софија Јарчевска и Максим Поп Трпев. Натпреварите ќе се одржат во сите возрасни категории во поединечна и екипна конкуренција. Нашата репрезентација ја предводи Дејан Недев, а на шампионатот ќе учествуваат над 600 каратисти од 24 земји од цела Европа.
Роберт Левандовски е во трка со времето доколку сака да биде подготвен за најголемиот натпревар сезонава против Реал Мадрид во познатото „Ел Класико“. Полската напаѓачка ѕвезда е надвор од теренот по истегнувањето на скочниот зглоб од почетокот на октомври и затоа е неизвесно дали Барселона ќе може да смета утре на него за големиот дуел со лутиот ривал. Според информациите на медиуми блиски до Каталонците, Левандовски денеска треба да ги мине последните тестови пред да добие можност утре да се појави на теренот. Шпански „АС“ пишува дека рехабилитацијата на Роберт Левандовски оди добро. Тој денеска ќе го направи последниот тест…
Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Педри. Според информациите, фудбалерот сериозно го воодушевил менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола. Сумата на трансферот би можела да достигне 100 милиони евра. За Барселона, таков трансфер би помогнал да се подобри финансиската состојба на клубот. 20-годишниот Педри се пресели во Барселона во 2019 година од Лас Палмас за 17,5 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред помина една сезона на позајмица во својот матичен клуб, а потоа блесна во дресот на Каталонците.
Њукасл состави список на кандидатите за замена на италијанскиот играч за врска Сандро Тонали, кој беше обвинет за незаконско обложување и доби суспензија на 10 месеци. Според „Атлетик“ раководството на англискиот клуб составило список со кандидати за пополнување на испразнетото место до крајот на сезоната. Мета на „страчките“ се Калвин Филипс (Манчестер Сити), Скот Мектоминај (Манчестер Јунајтед), Жоао Палиња (Фулам) и Амаду Онана (Евертон). Тонали во последниот преоден рок од Милан се пресели во Њукасл за 64 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 12 натпревари на кои постигна еден гол. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со…
Голот на напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах против Тулуз (5:1) во Лигата на Европа синоќа беше 43-ти за Египќанецот во европските клупски натпреварувања. Ниту еден играч досега не постигнал повеќе голови за англиски клуб во Европа. Досегашниот рекордер по бројот на постигнати голови за еден англиски тим во европските натпреварувања беше Тиери Анри со 42 гола. Третото место на импровизираното рангирање го зазема поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро со 40 гола.
Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл нема трпение да седи на клупата за резерви, па најверојатно во јануари ќе побара трансфер во друг клуб, пишува англиски „Дејли Меил“. Според изворот, Челзи ќе направи обид да го ангажира Рамсдејл во зимскиот преоден рок. Шефовите на Челзи не се задоволни од лошата форма на нивниот главен голман Роберт Санчез. Се истакнува дека на одлуката на Рамсдејл може да влијае и неучеството на Челзи во Лигата на шампионите оваа сезона. 25-годишниот англиски голман го загуби местото во стартниот состав на „топчиите“ на почетокот на сезоната. Рамсдејл има пет настапи во сите натпреварувања за Арсенал…
