Коди Гакпо се врати во комплетен тренинг процес и е биде на располагање и за вечерашниот дуел на Ливерпул против Тулуз во Лигата на Европа. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп на пресот пред мечот потврди дека Гакпо е добро и тренира цела недела со тимот. На листата на недостапни кај Ливерпул се уште остануваат Тиаго Алкантара и Стефан Бајчетиќ, како и тазе повредениот Робертсон, кому му беше направена операција на рамото. „Робо беше опериран и се помина во најдобар ред. Се помина како што треба, а рехабилитацијата започна уште од денеска. Навистина не знаеме колку време ќе потрае додека се…
Author: saso
Виктор Давидовски комплетираше уште една сезона во највисокото по ранг автомобилско натпреварување на кружни патеки во Европа, продолжувајќи ја низата на резултати со кои се етаблираше во елитната дивизија на туринг трките. На гран при викендот во Барселона тој имаше осмо место во квалификациите, па првата трка ја заврши на осмото место, додека во втората беше удрен од ривалите во борба за третото место. И покрај тоа, на крајот Давидовски го освои четвртото место во генералниот пласман, веднаш зад тројцата возачи кои се бореа за шампионската титула, која на крајот му припадна на холандскиот автомобилист, Том Коронел. „Ја завршивме сезоната…
Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Сенегал и актуелен член на саудискиот клуб Ан-Наср, Садио Мане, стана сопственик на францускиот клуб Бурже Фут 18. Според изворот, 31-годишниот Сенегалец го купил контролниот пакет во францускиот клуб, кој игра во четвртата лига на земјата. Оваа информација ја потврдуваат и властите на француската комуна. По седум кола, Бурже Фут има само четири бода и се наоѓа на 13. место во групата Б од четвртата дивизија на Франција.
Комесарот за натпревари при КФСМ, Александар Милојевиќ денеска ги изрече казните по нередите кои се случија за време на градското дерби на „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје. Дуелот кој се одигра во СРЦ „Кале“ беше прекинуван поради нереди и пиротехника. Кошаркарот на Работнички, Квентон Декози, кој влезе во конфликт, а потоа и го удри во лицето Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје А. е суспендиран на четири меча, а покрај тоа ќе плати и парична казна од 25.000 денари. Работнички следните два меча ќе ги игра пред празни трибини, а згора на се ќе плати и вкупна парична казна од…
Кошаркарите на Далас со победа ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Синоќа Мавси на гостински терен славеа против Сан Антонио со 126:119, во меч во кој Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа со трипл-дабл учинок од 33 поени, 14 скока и десет асистенции. Кајри Ирвинг со 22 и Грант Вилијамс и Тим Хардавеј со по 17 поени беа исто така одлични во составот на тексашаните. Во првиот натпревар сезонава Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Портланд со 123:111. Пол Џорџ со 27 и Ленард со 23 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а во редовите на…
Јувентус и официјално го обнови договорот со Федерико Гати до летото 2028. Веста беше потврдена на клупската веб-страница. 25-годишниот централен дефанзивец минатата година дебитираше за италијанската репрезентација, а од стартот на актуелната сезона се повеќе е дел од плановите на Масимилијано Алегри. Гати е момче од Торино, иако смени многу клубови пред да се пресели од Фрозиноне во Јуве во јануари минатата година за сума од 5,4 милиони евра.
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, синоќа запиша и шести пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Битолчани на домашен терен беа поразени од Киелце со 21:24, но со новото тренерско решение во името на Бранко Ангеловски, покажаа во добар дел од второто полувреме дека можат сериозно да им парираат и на најдобрите европски тимови. „Не беше лесно да се игра против европски вицешампион, мислам дека тој респект што го имавме на стартот, даде еден негативен резултат за нас. По тие 2-9 моравме да правиме сè за да се вратиме во игра. Во второто полувреме имавме еден фуриозен старт. Лесјак…
Клас-Јан Хунтелар привремено ја напушта менаџерската функција во Ајакс. Оваа одлука 40-годишниот Холанѓанец ја донел поради премор. Во летото Хунтелар го продолжи договорот до 2027 година. Во последните месеци, Хунтелар главно беше вклучен во тимовите на академијата на Ајакс. Исто така, поранешниот напаѓач на холандската репрезентација, Ајакс, Реал Мадрид, Милан и Шалке презеде дел од обврските на отпуштениот спортски директор Свен Мислинтат.
Ислам Махачев ја забележа најважната победа во кариерата! Наследникот на Хабиб Нурмагомедов го нокаутира шампионот во бантам категорија, Александар Волкановски, со нокаут во првата рунда. Махачев почна да го притиска противникот веднаш по првиот знак за старт на борбата. Двајцата борци се обидуваа да ја најдат вистинската дистанца со директни удари. По завршувањето на првата минута, Махачев се обиде да ја однесе борбата на земја, но шампионот во пониската категорија се бранеше, па дури и го притисна Ислам до кафезот. Махачев потоа нападна со тежок удар со предната нога во главата на Волкановски. Ударот беше премногу моќен и доведе до…
Грчкиот стратег Јанис Сферопулос ќе биде наследникот на Душко Ивановиќ на клупата на белградска Црвена ѕвезда. Вчера српскиот кошаркарски клуб објави дека му врачил отказ на Ивановиќ, а веќе денеска е познато името на неговиот наследник. Поранешниот тренер на Олимпијакос и Макаби Тел Авив потпишал двегодишен договор со „црвено-белите“. На клупата на Црвена ѕвезда ќе дебитира на утрешниот дуел против ФМП во рамки на 4. коло во регионалната АБА лига.
