Кошаркарите на Далас со победа ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Синоќа Мавси на гостински терен славеа против Сан Антонио со 126:119, во меч во кој Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа со трипл-дабл учинок од 33 поени, 14 скока и десет асистенции. Кајри Ирвинг со 22 и Грант Вилијамс и Тим Хардавеј со по 17 поени беа исто така одлични во составот на тексашаните.
Во првиот натпревар сезонава Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Портланд со 123:111. Пол Џорџ со 27 и Ленард со 23 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а во редовите на Портланд Малколм Брогдон беше најдобар со 20 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Атланта 116:110
Индијана – Вашингтон 143:120
Њујорк – Бостон 104:108
Орландо – Хјустон 116:86
Бруклин – Кливленд 113:114
Мајами – Детроит 103:102
Торонто – Минесота 97:94
Чикаго – Оклахома Сити 104:124
Мемфис – Њу Орлеанс 104:111
Јута – Сакраменто 114:130
Сан Антонио – Далас 119:126
ЛА Клиперс – Портланд 123:111