Author: saso

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе присуствува на популарното „Ел Класико“ против Барселона и покрај некои пишувања дека тој нема да биде на мечот поради аферата „Негреира“ и истрагата која се води против Барселона. Перез ќе присуствува на натпреварот и покрај тензиите со Барселона. Во исто време, како што е наведено, присуството на Перез во Барселона не значи дека односите меѓу Реал и Барса се нормализирани. Барселона на 28 октомври ќе го пречека Реал Мадрид во рамките на 11. коло од Ла Лига.

Read More

По низата промени во првиот тим на Челзи во последно време, стана јасно дека еден од младите таленти на клубот ќе мора да си бара нова средина веќе во јануари. Според прогнозите на англиските стручњаци, Челзи во јануари ќе му дозволи на Тревор Чалобах да си оди на позајмица. Факт е дека веќе извесно времетој ги лечи проблемите со колкот, но сепак се чини дека нема да најде место меѓу стартерите со оглед на конкуренцијата во составот. Вест Хем Јунајтед е меѓу тимовите кои се заинтересирани за 24-годишниот Англичанец, но се верува дека за него голема е конкуренцијата и од…

Read More

Крилниот напаѓач на Арсенал, Леандро Тросар дефинитивно ја заслужи наградата „Златна резерва“ откако од клупата за резерви третпат по ред постигнува гол за „топчиите“. Тој е првиот играч на клубот со вакво достигнување. Неговиот трет гол во низа го постигна во саботното дерби на Челзи кога израмни на 2-2 по центаршутот на Букајо Сака во шеснаесетникот. 28-годишниот напаѓач станува тип на играч кој блеска кога влегува во игра за време на натпреварите, но не покажува ништо значајно како стартер.

Read More

По лошиот старт на сезоната во Евролигата, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Ц. Звезда. Ивановиќ доби отказ по поразот од Виртус во Болоња во четвртото коло од елитното натпреварување, што воедно беше трет неуспех во низа за црвено-белите од стартот на сезоната во Евролигата. „КК Црвена Звезда Меридијанбет ја информира јавноста дека Душко Ивановиќ повеќе не е прв тренер на нашиот сениорски тим. На начинот на кој го претставуваше клубот како тренер на првиот тим му посакува многу здравје и успех во наредниот период во неговиот нов професионален предизвик“, се вели во соопштението на клубот од…

Read More

Легендата на Манчестер јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Сер Боби Чарлтон почина утринава на 86-годишна возраст, објави неговото семејство. Чарлтон важеше за еден од најдобрите, ако не и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој изминатите години се бореше со деменција. Во својата кариера за „црвените ѓаволи“ настапи на 758 натпревари во вкупно 17 сезони и постигна 249 голови. Со Јунајтед освои три титули шампион на Англија, еден ФА Куп и еден трофеј во Купот на шампионите во 1968 година. Со англиската репрезентација го освои Светското првенство на домашно тло во 1966 година, а на 106 настапи запиша 49 голови.

Read More

Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра одличен квалификациски турнир во Полска и го освои второто место успевајќи да се пласира во елитната рунда квалификации за пласман на ЕП во конкуренција на големите фаворити Германија и домаќинот, Полска. Селекторот Тони Јакимовски по остварениот успех, вели дека ова беше едно силно натпреварување со моќни селекции. „Честитки до моите фудбалери кои одиграа одличен турнир во Полска. Не беше воопшто лесно да се игра против силните и моќни репрезентации на Германија и Полска. Потајно се надевавме дека можеме да оствариме успех и покрај тешката група во која се наоѓавме. Во првото коло…

Read More

ФИФА ќе му исплати солидна компензација на саудискиот клуб Ал Хилал, бидејќи Нејмар се повреди на репрезентативен меч од квалификациите за СП 2026, ФИФА ќе мора да исплати отштета кон неговиот клуб, а таа, според познавачите на приликите, нема да биде воопшто мала. Според Essentially Sports, ФИФА ќе исплати дарежлива отштета која може да достигне и осум милиони. Условот за компензација е пауза од најмалку 28 дена, а во случајот на Нејмар тој ќе паузира и до 6 месеци. ФИФА ја покрива штетата најмногу за една година, а износот на обештетувањето достигнува 20.548 евра за еден ден пауза“, велат експертите.

Read More

На свечен настан, вчера во Општина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. На настанот присуствуваше и се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, како иницијатор на оваа активност за поддршка на фудбалскиот клуб. Тој во своето обраќање потенцираше дека ветувањето за поддршка и враќање на Вардар на старите патеки, стана реалност и со тоа Општина Аеродром стана првата општина во Скопје која дава директна поддршка за „црвено – црниот“ клуб кој е национална гордост на Македонија. „Вардар, Комити и младите фудбалски таленти отсега имаат свој дом во Аеродром…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска во Загреб ги продолжува настапите во дебитантската сезона од Лигата на шампионите. Нов предизвик за први бодови за битолските „зелено-бели“ ќе биде хрватскиот шампион Загреб, кој е редовен учесник во групната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување. Момците на Александар Јовиќ денеска ќе се обидат да ја искористат првата вистинска шанса да дојдат до први бодови во групата, против еден од тимовите со кои реално нашиот тим може да се носи на овие силни европски дуели. „Во седум дена не чекаат три тешки средби. Првата е оваа со Загреб на гости. Формата оди во…

Read More

Фудбалската суперѕвезда Нејмар има скинати лигаменти и менискус на левото колено и ќе треба да се оперира по повредата заработена вчера за време на поразот на Бразил од Уругвај со 2-0, соопшти Бразилската фудбалска конфедерација. 31-годишниот играч, кој му се приклучи на саудискиот тим Ал Хилал во август, го чека долга пауза откако ќе му биде извршена операција. Ден по новата сериозна повреда се огласи и самиот Нејмар. 31-годишиот голгетер објави порака на социјалните мрежи во која вели:„Ова е многу тажен момент, најлош. Знам дека сум силен, но овој пат уште повеќе ќе ми требаат семејството и пријателите. Не е…

Read More