Уругвај го победи Бразил со 2-0 на домашен терен во натпревар од 4. коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026. Дарвин Нуњес (42’) и Улисес де ла Круз (77’) им донесоа голема победа на Уругвајците, која стави крај на рекордната серија на Бразил од 37 меча без пораз во светските квалификации. Тимот имаше 28 победи и 9 нерешени пред да загуби синоќа во Монтевидео од Уругвај, за кого тоа беше прва победа над Кариоките од 2001 година. Неколку секунди пред полувремето, ѕвездата на бразилската репрезентација Нејмар, се пожали на повреда во коленото и со видливи болки беше изнесен од теренот…
Author: saso
На прес-конференцијата по пријателскиот меч со Ерменија, селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски изјави дека е задоволен од победата со оглед на тоа дека се играло под тешки услови и во тимот имал осум нови играчи од кои двајца дебитанти. „Имавме осум нови играчи во однос на мечот со Украина од кои двајца дебитанти. Мислам дека оние кои што добија шанса покажаа зошто се тука и зошто добиле минутажа. Публиката го побара Дориев да, но мислам дека тој ја доби потребната минутажа против Украина. Ова е она што Македонија го има, најдоброто во моментов. Резултатот секогаш е важен, но секако…
Во одлично издание, македонската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа од 3:1 на пријателскиот натпревар со Ерменија денеска во Струмциа. По поразот од Украина во квалификациите за ЕП, денеска нашите репрезентативци одиграа одличен меч во кој доминираа сите 90 минути и сосема заслужено на крајот славеа со убедлив резултат. Ова е втора последователна победа која ја имаме над Ерменците, откако ги совладавме и во квалификациите за СП 2022 пред две години и тоа на гостински терен. Денеска избраниците на Боби Милевски одиграа одличен меч и покрај тоа што средбата ја започнаа голем дел од резервистите на оној дуел со Украина. Тоа…
Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли најверојатно ќе добие суспензија од седум месеци поради учество во обложувачкиот скандал. 22-годишниот играч од средниот ред е вмешан во тековниот скандал со обложување во Италија, каде неколку играчи се обложувале дури и на своите натпревари. Сепак, „Газета дело Спорт“, Фаџоли иако се претпоставуваше дека може да добие поблага казна, бидејќи не уплаќал на натпреварите на својот тим, сепак, ќе биде казнет од седум месеци поради кршење на правилата за обложување. Медиумите пишуваат дека недостига само официјално соопштение, бидејќи агентите и обвинителот веќе донеле одлука.
Сандро Тонали е испратен дома од италијанската репрезентација, откако тој и уште двајца други играчи беа вмешани во случај на обложување каде наводно се обложувале на сопствени натпревари. Неговиот агент Џузепе Рисо денеска пред медиумите потврди дека Сандро Тонали страда од зависност од коцкање. „Сандо е потресен, но неговата борба започна. Неговата најважна битка сега е борбата против оваа болест. Искуството на Сандро ќе ги спаси животите на други момчиња“, вели агентот. И Сандро Тонали и Николо Заниоло се испратени дома од репрезентацијата поради обложувачкиот скандал и наскоро ја очекуваат судската разрешница на случајот.
Пет нови спортови ќе влезат во програмата на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година. Откако беа предложени од Организацискиот комитет на Игрите во 2028 година како пакет, истите беа прифатени од Комисијата за Олимписка програма и Извршниот одбор на ИОК. Бејзболот и софтбол, заедно со крикетот и лакросот се враќаат на Игрите, додека американскиот фудбал со знаме и сквошот ќе го имаат своето олимписко деби во ЛА. Бејзболот и софтболот беа дел од програмата на неколку изданија на Олимписките игри, а последното беше во Токио 2020 година. Крикетот беше на програмата за Олимписките игри Париз 1900 година, лакросот беше…
Ракометниот вицешампион на Македонија, РК Алкалоид, утре ги започнува настапите во групната фаза од ЕХФ Европската лига. Историскиот настап во Европа, Алкалоид ќе го има на домашен терен против српскиот шампион Војводина. Пред дуелот во Скопје, првиот човек на кормилото на Алкалоид и селектор на нашата репрезентација Кире Лазаров, ја истакна важноста од годинешното учество во ова второ по ранг европско натпреварување. „Минатата година успеавме да направиме историски успех и да се пласираме во втората година од нашето постоење во Европската лига, ова за нас значи многу. Нашата екипа лани беше составена од македонски играчи, оваа година имаме двајца странци,…
Пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите на македонскиот тенисер Калин Ивановски му донесоа скок на АТП листата и тој сега со 176 поени (15 нови) се наоѓа на 305. место, што е негов најдобар ранг досега. Последниот највисок пласман на АТП листата беше 306. место Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург. Попладнево во првото коло игра против холандскиот тенисер Јеле Селс (449, 28 години). И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум…
Томас Бах би можел да остане претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и по истекот на третиот (последен) мандат во 2025 година. Имено, неколку членови на ИОК повикаа на промена на Олимписката повелба за да му се даде нов мандат на Бах. Луис Мехија Овиедо, член на ИОК од Доминиканската Република, повика на реформа на повелбата и рече дека на олимпиското движење сè уште му е потребно водството на Бах. Аича Гарад Али од Џибути и Алжирецот Мустафа Бераф, претседател на Асоцијацијата на африканските олимписки комитети, го поддржаа предлогот. Извршниот комитет на ИМОК под раководство на Бах, а потоа и…
Лилард го одигра првиот меч за Бакс и воопшто за оваа франшиза. Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути на паркетот, додека најефикасен беше Јанис Антетокунбо со 16 поени и осум скока. Кошаркарите на Милвоки го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:97 во еден од претсезонските натпревари одиграни синоќа. Во останатите натпревари кошаркарите на Мајами беа подобри од Мемфис со 132:124, Денвер предводен од Јокиќ славеше над Чикаго со 116:102, додека Голден Стејт на гости по продолженија славеше над Сакраменто со 121:115. На другата страна, во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со…
