Македонската фудбалска репрезентација денеска продолжи со тренинзи од затворен тип подготвувајќи се за мечот со Украина в сабота во прага. Украинците се таму од минатиот викенд и исто така ја темпираат формата за дуелот со нашата репрезентација. Дефанзивецот на Украина, Александар Сваток во изјава за украинските медиуми вели дека се свесни за тоа колку значи овој натпревар за двете репрезентации и дека очекува тежок натпревар против Македонија. „Македонија е силен противник, нè очекува тежок натпревар. Видовте како одиграа со Италија во Скопје. Мора да играме како да ни е последен натпревар. Сигурен сум дека ќе добиеме поддршка и од навивачите…
Author: saso
Словенечкиот судија, Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на саботниот дуел со Украина во Прага. УЕФА ги одреди судиите за престојните квалификациски натпревари, а на Винчиќ ќе му помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Саботниот натпревар меѓу Украина и Македонија се игра во Прага со почеток од 15 часот.
Поранешниот англсики репрезентативец Вејн Руни е назначен за нов менаџер на второлигашот Бирмингем. Како што се наведува, Руни (37) потпишал договор со Бирмингем кој ќе трае до јуни 2027 година. Екс-играчот на Манчестер јунајтед ќе го наследи Џон Еустас, кој пред неколку дена доби отказ поради несогласувања со првите луѓе на клубот, иако тимот е на шестото место на табелата. Руни, пак, си замина од американскиот Ди-Си Јунајтед каде работеше како менцџер до пред неколку дена.
Италијанскиот кошаркар Ахиле Полонара мора да оди на оперативен зафат поради тумор на тестисите, соопшти неговиот клуб, итлијанскиот евролигаш Виртус Болоња. На 31-годишниот репрезентативец на Италија на последниот преглед му бил дијагностициран тумор на тестисите поради кој мора да подлежи под итен оперативен зафат кој ќе биде одработен во вторник.
Тиаго Алкантара наскоро би можел да се врати во Барселона. Шпанецот од Ливерпул континуирано го мачат повреди, а сега во конкуренција со Доминик Собослај и Алексис Мекалистер тешко дека ќе добие прво место во тимот. Неговиот договор со Ливерпул е до 2024 година, па тој следното лето станува слободен агент. Алкантара ја напушти Барса во 2013 година.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари работна средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на ФИФА во Цирих, Швајцарија. Двајцата разговараа за проектите на ФИФА Форвард во Македонија, а Сејдини им се заблагодари на ФИФА и Инфантино за нивната поддршка. „Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наоѓа време за сите нас, да нè сослуша нас и нашите проблеми додека му укажуваме за работите што се случуваат во нашите земји. Навистина сум благодарен и сакам да изразам огромна благодарност до Инфантино за издвоеното време“. „Добро е познато дека без инфраструктура не може да се има квалитетен фудбал. Заедно со претседателот на…
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, ја продолжи серијата победи (три во серија – две во квалификации и една во прво коло) на Челинџер 125 турнирот (тврда подлога) што се игра во Братислава, Словачка за награден фонд од 145.000 евра. Македонскиот ас во првото коло го совлада победникот на овој турнир од 2014 година Петер Гојовчик со 2-0 во сетови (7-5 6-2) за осумдесет минути игра. Ивановски во второто коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Томаш Махач и Мартин Дам.
Диего Алонсо од денеска е нов предводик на екипата на Севиља. Уругваецот потпишал договор до крајот на сезоната, во обид да го врати тимот на здрави нозе откако досега Севиља има само две победи од осум меча во Ла Лига. Алонсо доаѓа на местото на Хозе Луис Мендилибар. Тој доаѓа откако ја заврши соработката со репрезентацијата на Уругвај по СП во Катар.
Италијанска Салернитана официјално го отпушти тренерот Пауло Соуса. 53-годишниот стратег се раздели со тимот по серијата лоши резултати од почетокот на сезоната. Тимот е 19-ти на актуелната табела, сè уште без победа од почетокот на сезоната. Се очекува нов тренер на Салернитана да биде Филипе Инзаги. Пауло Соуса седна на клупата на тимот од Салерно во февруари и го предводеше на 25 натпревари.
Македонската фудбалска репрезентација денеска на пладне го имаше првиот собир пред октомврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2024. Селекторот Благоја Милевски денеска ги пречека повиканите фудбалери за дуелите со Украина на 14 октомври во Прага, и за пријателскиот меч со Ерменија на 17 октомври во Струмица. Меѓу првите во Скопје пристигна капитенот Енис Барди и пред новинарите ги искажа своите очекувања од престојните дуели. „Одиме во Прага за да и покажеме на Украина дека оние лоши половина час во Скопје, не се показател на формата, напротив, ние ќе покажеме дека тие први еден час од тој меч беа вистинското…
