Author: saso

Интер е сериозно аинтересиран за потписот на напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, пишува „газета дело Спорт“. Според изворот, „нероаѕурите“ ја забрзале работата за трансферот, вклучително и со цел да го победат Милан, кој исто така покажал интерес за играчот. Оваа сезона Тареми одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и даде една асистенција. Тареми до 26 години настапуваше во иранскиот шампионат, по што замина во катарски Ал-Гарафа, од каде една година подоцна како слободен играч замина во португалскиот клуб Рио Аве, од каде и дојде во Порто.

Read More

По вчера одиграните натпревари од осмото коло од квалификациската фаза за Европското првенство кое идното лето ќе се одржи во Германија, стана познати шест репрезентации кои досега се пласираа на завршницата на континенталното првенство. Освен Германија како домаќин, на Евро 2024 следната година ќе ги гледаме и Франција, Белгија, Португалија, Шкотска, Шпанија и Турција веќе имаат обезбедено учество. Денеска не не чекаат нови натпревари по кои може да добиеме уште некоја селекција која ќе го потврди своето место на ЕП следната година.

Read More

Покрај селекторот, на стандардната прес-конференција се обрати и капитенот Енис Барди, кој смета дека нè очекува возбудлив и израмнет натпревар. „Украина е многу квалитетна репрезентација, има доста играчи со голем квалитет. Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз. Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Прага ја одржа и редовната прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел со Украина. Селекторот Благоја Милевски ги искажа своите очекувања од дуелот кој е важен и за двете селекции. „Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите. Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да е конкурентна и со такви ривали. Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Утрешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората…

Read More

Играчот од средниот ред на украинската репрезентација Александар Пихаљонок вели дека Македонија не е ништо поразлична од оној меч во Скопје, па затоа веќе имаат направено добра анализа на квалитетите на нашиот тикм пред дуелот в сабота во Прага. „Македонија е истиот тим, со иста тактика како и на минатиот натпревар. Ги анализираме нејзините натпревари против нас и Италија, ги гледаме спецификите и се подготвуваме. Ова е квалификациски натпревар за Европското првенство, така што секој натпревар е многу важен. Потребно е да се излезе и да се даде сто проценти. Имаме потреба да ги земеме тие шест бода на двата…

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Ј., Хари Мегваер го изрази своето незадоволство од сезонскава минутажа која ја добива во клубот. Некогашниот капитен на тимот, одигра само 206 минути во четири натпревари на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања оваа сезона и имаше една асистенција. „Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако вака продолжи, ќе морам да одржам состанок со клубот и да разговарам за се. Но, да бидам искрен, во моментов сум сконцентриран на двата претстојни натпревари со Англија. Ова се два важни натпревари. Потоа мојот целосен фокус ќе биде на борбата и обидот да го вратам моето…

Read More

Мото ГП тимот на Гресини го потврди трансферот на Марк Маркез во 2024 година. Првиот човек на тимот Надија Падовани го нарече настанот „историски момент“ и „фантастичен“ за семејството Гресини. Следната година Маркез ќе вози Дукати во тандем со својот брат Алекс Маркез. Хонда претходно објави дека шесткратниот шампион во Мото ГП ќе го напушти тимот на крајот од сезоната 2023-та. Шпанецот за јапонскиот тим настапуваше 11 години. „Одлуката не беше лесна бидејќи ова е голема промена во секоја смисла. Но, понекогаш во животот е важно да излезете од вашата комфорна зона и да се предизвикувате себеси да продолжите да…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат и четвртиот меч во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите. Во Париз „пелистерци“ му гостуваа на моќниот ПСЖ кој е еден и од главните тимови за место на завршниот турнир во Келн. ПСЖ во досегашниот тек од сезоната во три меча има две победи и еден пораз. Битолчани немаат освоено бод, а и на денешниот меч ќе бидат во улога на тотални аутсајдери. Сепак, за нашиот шампион важно е да се задржи прогресот во играта кој го покажаа на последниот домашен меч со Кил. Во групата А, во која се наоѓа…

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија во првиот натпревар од квалификациите за ЕП ја совлада селекцијата на Азербејџан со 40-17. Победникот се знаеше и пред мечот, бидејќи Македонија беше голем фаворит, а со играта само ја потврдивме таа фаворитска улога. На полувреме водевме со 23:10, а до крајот дојдовме до уште подобар скор. Селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите ракометарки, па на крајот со по 7 постигнати гола најефикасни беа Саздовска и Седлоска. Покрај нив Јануколвска постигна 5, додека Ива Младеновска заврши со 4 гола. Следен предизвик за Македонија ќе биде средбата против Литванија на гостински терен во Виљнус…

Read More

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, на еден од последните тренинзи во Скопје пред дуелот со Украина во Прага, вели дека нашата репрезентација ја очекува најважниот меч во овие квалификации. „Имавме позитивни резултати на последните два меча со Италија и Малта. Има една одлична атмосфера и треба да го задржиме тој моментум и да го искористиме на најдобар можен начин. Играме со Украина во еден од најбитните натпревари во оваа група. Ако победиме ќе ги закомпликуваме работите во групата, и секако имаме шанси за тоа второ место во групата. На секој меч целиме на победа на три бода, но тоа што…

Read More