Author: saso

Со првиот турнир во Суботица, денеска стартува новата сезона во АБА-2 лигата. Оваа година Македонија за првпат ќе има дури три претставници во ова регионално натпреварување. Нашиот првак МЗТ Скопје А. откако не успеа да се задржи во елитната конкуренција, сега се враќа во второлигашкото друштво, каде ќе бидат и минатогодишните македонски преставници Пелистер и ТФТ. Први на паркетот денеска ќе се појават момците од Тафталиџе, кои од 21 часот за противник ќе ја имаат екипата на Златибор. Утре МЗТ Скопје А. ќе игра со Цедевита (18 ч.), а в среда колото ќе го затворат Пелистер и Шенчур (15 ч.).

Read More

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ќе ја прескокне следната репрезентативна акција, пренесуваат денеска италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека 23-годишниот напаѓач на Јувентус нема да може да одговори на повикот на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси поради повреда и болки во грбот. Како што стојат работите, Влаховиќ нема да игра против Унгарија во Будимпешта во сабота, ниту со Црна Гора во Белград во вторник. Стојковиќ сега ќе ги имаат на располагање само Александар Митровиќ и Петр Ратков како напаѓачи за следните две средби, доколку не повика некое ново име.

Read More

Голманот на Шахтјор Доњецк, Дмитро Ризник ќе биде замена за повредениот Андреј Лунин во составот на репрезентацијата на Украина за мечот со Македонија. Ризник доби дополнителен повик од селекторот на украинската репрезентација, Ребров заедно до дефанзивецот на Днипро-1, Александар Сватко, кој од викендов е приклучен на репрезентацијата. Украина викендов ги започна подготовките во Прага, каде ќе ја пречека и Македонија в сабота од 15 часот.

Read More

Калин Ивановски остана на 331. место на најновата АТП листа објавена денеска. Тој не успеа да направи скок на листата, иако освои три поени повеќе од претходното рангирање, па сега има 161. Горазд Србљак има скок од 22 места и се проби до 1079. позиција со 11 поени или еден повеќе од претходната недела. На новообјавената ранг листа на ВТА македонските тенисерки имаа ист број поени како и претходната недела. Лина Ѓорческа се наоѓа на 186. место (ист ранг) со вкупно 399 поени. Магдалена Стоилковска е на 1233. место со 8 поени и скок за четири позиции.

Read More

Израелскиот кошаркарски клуб Макаби најави дека во текот на денот ќе ги евакуира сите странски кошаркари на Кипар, а вечерва или утре ќе им се придружи и остатокот од тимот и стручниот штаб. Челниците на Макаби се решија на овој чекор за безбедноста на тимот, бидејќи од саботата во Израел трае конфликтот со палестинската милитантна група Хамас. Евролигата вчера соопшти дека е одложен натпреварот Олимпија – Макаби кој беше планиран за оваа недела. Вчера, Макаби доби официјална понуда од претседателот на Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ , тимот да остане и да игра во Белград додека трае војната, но челниците…

Read More

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал влезе во Топ 5 листата на најмлади голгетери во историјата на најсилните европски првенства. Играчот од средниот ред на Барселона постигна гол против Гранада на 16 години и 87 дена, соборувајќи го рекордот во Ла Лига. Инаку, рекордер во европските врвни лиги е Амедео Амадеи од Рома, кој постигна гол во 1937 година, кога имаше 15 години и 287 дена. Во првите 4 се и Џејсон Дозели (Ипсвич), кој се истакна во 1984 година на возраст од 16 години и 57 дена, Џани Ривера (Алесандрија, 1959 година, 16 години и 68 дена) и Пјетро Пелегри…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е горд на своите играчи по победата во дербито во Премиер лигата против Манчестер Сити. Тимот од Лондон победи со 1:0 на домашен терен против актуелниот шампион и со тоа му нанесе прв пораз на Сити во 12 последователни меѓусебни дуели. „Пред се, оваа победа испраќа порака до мојот тим, да продолжи да верува во тоа што го работиме. Ова е фантастична група играчи – трудот што го вложија, меѓусебното разбирање, хемијата… Одлично е чувството, се чувствувавме како да не сме ги победиле со години, а сега славевме против – според мене – несомнено најдобриот…

Read More

Џерод Боувен потпиша нов договор со екипата на Вест Хем. 26-годишниот играч од средниот ред кој годинава блеска во дресот на „чеканите“ потпиша договор до 2030 година. Буовен му се приклучи на Вест Хем во 2020 година од Хал за 18 милиони фунти. Во 167 натпревари за „чеканите“, играчот од средниот ред постигна 45 гола, вклучувајќи го и победничкиот во финалето на Конференциската лига против Фиорентина (2:1).

Read More

Бруно Гимараеш го продолжи договорот со Њукасл. Англискиот клуб го објави новиот договор со бразилскиот играч за врска денеска, откако англиските медиуми и претходно објавија дека преговорите се во завршна фаза. Со новиот договоро Бразилецот ќе остане во Њукасл до 2028 година.  Гимараеш му се приклучи на Њукасл во јануари 2022 година. Досега во Премиер лигата одигра 56 натпревари и постигна 10 голови и 7 асистенции. 

Read More

Во пресрет на дербито меѓу Вардар и Шкендија во новото 10. коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска на прес-конференција тренерот и капитенот на Вардар ги искажаа своите очекувања од утрешната пресметка. Тренерот Александар Васоски смета дека „црвено-црните“ утре ги очекува многу тежок натпревар. „Мечот со Шкендија е големо дерби во македонскиот фудбал, особено ако се присетиме пред 3-4 години кога и двата тима беа во битка за титулата. Сега е поинаку, Вардар е последен на табелата и играме против првопласираниот тим на табелата. Ќе биде тежок меч за нас. Меѓутоа, оваа сезона играме променливо, ако го земеме последниот натпревар…

Read More