Жозе Мурињо е со едната нога на зминување од Рома, пишува „Кориере дело Спорт“. Со пораз против Каљари во недела, Специјалниот ќе добие отказ. Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, беше подготвен да го отпушти Мурињо и сакаше да го стори тоа по поразот од Џенова со 4-1, но контроверзниот директор Тиаго Пинто го разубедил. Фридкин веќе ја избра замената за Мо. Најверојатно на клупата ќе седне довчерашниот селектор на Германија и поранешен тренер на Баерн (М), Ханси Флик.
Author: saso
Англискиот стратег Френк Лампард нема да биде вклучен во конечната листа на претенденти за тренерското место во Глазгов Ренџерс, пренесува „Телеграф“. Поранешниот кормилар на Челзи е подготвен да се врати на работа, но не постигнал договор со раководството на шкотскиот гигант. Според Sky Sports, шкотскиот клуб разгледува две опции – тренерот на Јокохама, Кевин Мускат и поранешниот тренер на Монако, Филип Клемент.
Групната фаза од Конференциската лига продолжува со полна сила. Денеска ќе се одиграат неколку интересни дуели, а во прв план некако се наметнува дуелот меѓу косовски Балкани и Динамо (З) во рамките на групата „Ц“. И двата тима имаат амбиции да ја минат групната фаза, па останува да видиме како ќе заврши денешниот дуел во Приштина. Хелсинки е домаќин на Абердин на нашиот Миовски, додека Спартак Трнава на Милан Ристовски го пречекува Фенербахче. 18:45 Олимпија – Слован 18:45 Клаксвик – Лил Група Б: 18:45 Гент – Макаби (Тел Авив) 18:45 Брејдаблик – Зорија Група Ц: 16:30 Астана – Викторија (Плзен)…
На денешен ден во 1937 година почнува официјално да живее еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија – ФК Работнички. „Херојот од Дебар маало“, како што ќе го добие својот препознатлив прекар во годините, Согледувајќи ја важноста на фудбалската игра која во годините пред Втората светска војна зафаќа се поголем замав на Балканските простори, а веднаш и по првото учество на поранешна Југославија на СП во Уругвај, Дане Крапчев ја носи идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало. Младите од Дебар маало во 1935 и 1936 години максимално активно се обидувале да…
Лигата на Европа денеска се враќа со 16 натпревари од второто коло од групната фаза и веќе во првиот термин од 18:45 не чекаат неколку одлични натпревари. Во фокусот ќе биде големата пресметка од групата „Б“ во која Олимпик Марсеј е домаќин на Брајтон на „Велодром“.„Галебите“ дебитираа во Европа со пораз од лидерот во групата АЕК, па денеска ќе се обидат на гости на го изненадат Марсеј. Во вечерниот термин вниманието е биде насочено кон „Енфилд“, каде Ливерпул кој е сметан за прв фаворит на турнирот го очекува белгиски Унион Ст. Жилои. Распоредот на натпреварите: Група А: 18:45 Фрајбург -…
Репрезентацијата на Македонија до 21 година во октомври ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка. Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварот против Молдавија во рамките на третото квалификациско коло од групата Ц. Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери: ГОЛМАНИ: Марко Алчевски – А.П. Брера Стефан Митрев – Кожуф Иван Николоски – Победа ОДБРАНА: Михаил Димитриевски – Брегалница Стефан Деспотовски – Работнички Решат Рамадани – Динамо Киев, Украина Имран Фетаи – Кожуф Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка Виктор Крстевски -…
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17. октомври, 15:00 часот). На списокот на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат следните 25 фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија Ахмет ИЉАЗОВСКИ…
Денеска почнува првата фаза од продажбата на билетите за Европското фудбалско првенство во 2024 година, чиј домаќин ќе биде Германија. До 26 октомври, кога трае првата фаза, ќе бидат ставени во продажба 1,2 милиони билети. Цените се движат од 30 евра за билети за натпреварите од групната фаза до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин. Во првата фаза ќе бидат достапни најголемиот број билети кои ќе можат да ги купат германските навивачи, бидејќи само за таа фаза од натпреварувањето е јасно кога и каде ќе игра домашната екипа. Точните термини на останатите натпревари ќе бидат познати по…
Поранешниот ас на кошаркарските клубови Панатинаикос и Олимпијакос, Василис Спанулис е нов селектор на грчката кошаркарска репрезентација. За ова се шпекулираше и претходните денови, а Спанулис потпиша двегодишна соработка со локалната федерација. На таа позиција тој ќе го замени Димитрис Итудис, кој поднесе оставка по неуспехот на репрезентацијата на неодамнешното Светско првенство. За Спанулис селекторската функција ќе биде само втора самостојна работа во тренерската кариера, во која досега беше тренер и на Перистери – и тоа само една година.
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои злато на Г1 турнирот Тирана Опен, во Албанија. Овој златен медал е многу вреден кон остварувањето на една голема цел, а тоа е олимписка норма за Георгиевски и пласман на ЛОИ во Париз следната година. Георгиевски беше доминантен против Александар Филипов од Израел и Ел Омар од Франција, и двата меча ги доби со по 2:0.
