Author: saso

Бразилскиот репрезентативец од екипата на Барселона, Рафиња, ќе паузира три до четири недели поради истегнување на бутниот мускул на десната нога при победата од 1-0 над Севиља во осмото коло од шпанската Ла Лига. Рафиња стартуваше, но мораше да биде заменет во 37. минута откако пријави повреда. Поради тоа, 26-годишниот напаѓач ќе ги пропушти најмалку следните два натпревари на каталонскиот гигант, а најверпјатно нема да биде подготвен за игра и за Ел Класико пресметката со Реал на 28 октомври.

Read More

Рускиот шампион Зенит, за првпат по цели 16 години прими три гола во прво полувреме и на крајот го загуби денешниот меч од руската Премиер лига на гостување кај Оренбург (3:1). Последен пат тимот од Санкт Петербург пред пауза на натпревар од руското првенство проми три гола против Спартак Москва пред 16 години. Оттогаш Зенит одигра 472 натпревари.

Read More

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалниот меч на ИФТ Фјучерсот во Куршумлијска бања, Србија, откако денеска со маестрално издание и за неполн час игра успеа да ја совлада словачката тенисерка Салкова. Во полуфиналната пресметка, Лина одигра импресивен меч против 352. тенисерка на ВТА листата совладувајќи ја во два сета со 6:1 и 6:3. Лина за противник во финалето ќе ја има победничката од дуелот меѓу Висмане (Лет) и Ружиќ (Хрв).

Read More

Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронзени медали на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана. Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни победи и еден пораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во соочувањето за бронзениот медал, тој силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија. Стефан Стојановиќ, исто така, забележа три победи и пораз, а преку репасаж…

Read More

ФК Вардар денеска под мотото „пет до дванаесет“ одржа прес-конференција на која уште еднаш се освртнаа на ситуацијата за реален финансиски спас на најтрофејниот македонски клуб. ФК Вардар денеска ги повика државните институции конечно да одговорат на обидите за изнаоѓање решение. „За Вардар од поодамна е пет до 12. За тоа е и оваа прес-конференција. За нас е зачудувачки како се однесува оваа држава кога странски инвеститор е заинтересиран да влезе во ФК Вардар со инвестиција од 18 милиони евра. Тоа е инвестиција од чиј дел ќе биде покривање на основниот долг од околу три милиони евра. Но, ние се…

Read More

Македонскиот боксер Ален Рустемовски освои бронзен медал на Балканското првенство во Албена, Бугарија. Иако сите очекуваа победа во полуфиналето, Рустемовски не успеа да направи уште еден чекор до големото финале, само поради судиската одлука. Имено судиите на дуелот со Украинецот Аидер Абдураиомов пресудија во полза на противникот со 3-2. На Балканското првенство свои настапи ќе имаат и Дион Лена, Илхан Озмен и и Арјан Исени, кои веќе се во полуфиналето во своите категории.

Read More

Поранешниот тренер на Њукасл, Стив Брус е подготвен да и се врати на тренерската професија. Тој е фаворит да стане селектор на Република Ирска по повеќе од една година без работа. Стив Кени моментално е на чело на репрезентацијата на Ирска, но притисокот врз него се зголемува откако испарјаи надежите на земјата за пласман на ЕП 2024 година. 62-годишниот Брус во кариерата работеше само во клубови, па за него ова би било прво селекторско искуство. Тој во минатото беше на чело на Шефилд Јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас, Бирмингем, Сандерленд, Хал Сити, Астон Вила, Њукасл и Вест Бромвич Албион.

Read More

Жозе Мурињо изјави дека го има својот најлош почеток на една сезона откако е менаџер. Тоа се случи откако Рома загуби со 4-1 од Џенова во натпревар од италијанската Серија А синоќа. „Ова е мојот најлош почеток на сезона како менаџер. Сепак, мислам дека Рома никогаш не била во две последователни европски финалиња“, изјави Мурињо. Рома има само една победа од шесте првенствени натпревари досега, а зголемената листа на повреди дополнително предизвикува проблеми, особено во одбраната.  „Кога ни недостасуваат одредени играчи, ни недостасува цврстина. Но, да се тврди дека лошата одбрана е резултат на отсуството на овој или оној играч не е…

Read More

Судската полиција изврши претрес во седиштето на Каталонската фудбалска федерација поради случајот со поранешниот потпретседател на техничкиот комитет на судиите на Кралската шпанска фудбалска федерација, Хозе Негреира, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, полицијата побарала документи за некои плаќања од федерацијата во корист на Хозе Негреира. За време на претресот, полицијата запленила 12 фактури издадени и платени од Негреира во 2019 година. Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб се уште нема добиено официјално известување за судската истрага покрената против него и во моментов нема да дава јавни изјави.

Read More

Италијанскиот дефанзивец во екипата на Унион Берлин, Леонардо Бонучи изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната 2023/2024. „Имав две опции – Лацио и Унион. Го избрав Унион затоа што сакав да пробам нешто ново во мојата последна фудбалска сезона. Потоа, веројатно, ќе започнам кариера како тренер. Германија ни дозволува да усовршиме некои дисциплински и професионални методи“, рече Бонучи во последната своја изјава. 36-годишниот Леонардо Бонучи летово се пресели во Унион Берлин, откако 12 години помина во дресот на Јувентус.

Read More