Author: saso

Довчерашниот тренер на ПСЖ, Криштоф Галтие би можел да седне на клупата на Олимпик Марсеј. Според весникот „Л’Екип“, раководството на Марсеј контактирало со претставниците на Галтие. Поранешниот тренер на ПСЖ е меѓу кандидатите да го замени Марселино, кој си замина минатата недела по седум натпревари како главен тренер на тимот и заканите кои ги доби од навивачите на клубот. Галтие долго време е заинтересиран за проектот Марсеј, но претходно се нафати да го води ПСЖ.

Read More

Ракометарите на Е. Пелистер утре ќе го одиграат и третиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолчани во својата сала го пречекуваат германскиот гигант Кил. Во пресрет на мечот, тренерот Александар Јовиќ ги изнесе своите очекувања: „Го пречекуваме шампионот на Германија и сите знаеме со каков противник треба да се судриме. Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното. Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе…

Read More

Колеги, пријатели и членови на семејството, денеска на комеморација во Скопје, се простија од доајенот на македонското спортско новинарство и легендарен радио коментатор, Александар Стиков, кој деновиве почина на 76 години. Во просториите на Македонската радио телевизија, дел од неговите некогашни колеги и долгогодишни пријатели, го потенцираа значењето на делата на Стиков кој практично ги задолжи генерации по него да се наметнат во етерот. Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки…

Read More

Македонската карате репрезентација се врати со 10 освоени медали од Балканското првенство во Тирана, Албанија. Нашите каратисти освоија еден златен, 5 сребрени и 4 бронзени медали. Златниот медал е во конкуренција на ветерани и го освои Христаки Давитковски. Сениорите освоија 9 одличја – 5 сребрени и 4 бронзени. Сребрени медали освоија Емил Павлов, Берат Јакупи, Викторија Јовановска, машкиот кумите тим и машкиот ката тим, додека со бронзи се закитија Петар Заборски, Фахик Весели, Вероника Костовска и женскиот кумите тимот. По враќањето од првенството, светскиот вицешампион Емил Павлов во изјава за Спортското радио 90.3 фм вели дека е задоволен од постигнувањата,…

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со 160 поени се најде на 330.то место во пад за две места на најновата АТП листа објавена денеска. На АТП ранкингот пад од осум позиции има и Горазд Србљак кој со 9 поени се наоѓа на 1100.то место. Во конкуренција на двојки само Ивановски има скок од четири места и со 79 поени е рангиран на 631.то место. Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Горазд Србљак на фјучрсот во Златибор и Шендрит Деари во Пазарџик. Двата турнира се играат за награден фонд од 25.000 долари. Двете македонски тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена…

Read More

Берлинскиот маратон уште еднаш потврди дека е најдобрата трка за испишување историски резултати. Тигист Асефа постигна нов светски рекорд во женска конкуренција истрчувајќи ја патеката од 42 километри со време од 2.11.53 часа. Во нашка конкуренција победата ја однесе одличниот Елиуд Кипчоге кој по петтипат триумфира на улиците на Берлин, овој пат со време од 2.02.42 часа. 26-годишната Етиопијка имаше незаборавна трка која предизвика бурни реакции кај публиката, а Кипчоге, која е и актуелен светски рекордер потврди дека е најдобриот на оваа делница.

Read More

Хари Кејн вчера постигна три гола на натпреварот од германското првенство со Бохум (7:0) и се запиша во историјата на Бундеслигата. Напаѓачот на Баерн Минхен стана четвртиот Англичанец во историјата кој постигнал хет-трик во Бундеслигата. Претходно, ова постигнување во своето фудбалско CV го имаат и Кевин Киген (1978 година), Тони Вудкок (двапати – во 1980 година и 1982 година) и Џејдон Санчо (мај 2020 година).

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на Јапонското ГП, 17-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, каде неговиот тим ја обезбеди титулата кај конструкторите. Двократниот светски шампион ја постигна 13-та победа сезонава, 11-та на последните 12 трки, а 48-та во кариерата, по исклучително доминантното издание. Најблиску до Холанѓанецот беше Ландо Норис од Мекларен, додека на третото скалило на подиумот се најде Оскар Пјастри, кој на тој начин стигна до првиот подиум во кариерата. Ваквиот исход значи и дека Ред Бул стана шампион кај конструкторите втора година по ред, а шестипат во историјата, откако Верстапен сам освои повеќе поени…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри ќе добие три натпревари суспензија по црвениот картон добиен на вчерашниот меч со Нотингем Форест. Фудбалерот на Манчестер Сити го фати за гуша Морган Гибс-Вајт и доби директен црвен картон. „Граѓаните“ успеаја да го задржат водството од 2 гола и го добија натпреварот. Сепак, Пеп Гвардиола нема да може да го користи Родри во следните три натпревари, меѓу нив и дербито со Арсенал на 8 октомври на „Емирати“.

Read More

Барселона вчера направи спектакуларен пресврт против Селта, но го загуби Френки Де Јонг. Холандскиот фудбале беше принуден да го напушти натпреварот уште во првото полувреме поради повреда на скочниот зглоб. Информациите од Шпанија велат дека фудбалерот го очекува подолг период на отсуство. Се шпекулира дека тој ќе отсуствува од терените до ноември, односно дека ќе пропушти неколку важни натпревари меѓу кои и „Ел Класико“ дуелот против Реал.

Read More