Кошаркарите на МЗТ Скопје А. и оваа година го освоија Суперкупот. Вечерва во СРЦ „Кале“ избраниците на Васко Атанасов славеа над екипата на Феникс 2010 со убедливи 76:54 и ја продолжија доминацијата на домашната кошаркарска сцена. Дуелот меѓу првакот и вицепрвакот во Купот заврши со победа на „штрковите“ кои ја искористија ротацијата и подолгата клупа, како и поголемото искуство за на крајот да дојдат и до прилично лесен триумф. Најдобар поентер беше Војдан Стојановски со 13 поени, пред Садрик Расел со 12 поени. Кај Феникс, Даниел Шакур финишира со 18 поени. За МЗТ Скопје ова е рекорден шести пехар во…
Author: saso
Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио. Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004. Како уредник на…
По одличните настапи во септемвриските квалификации, македонската фудбалска репрезентација скокна две места на ФИФА листата. На септемвриското рангирање, Македонија се најде на 66. место. Ова е скок од две позиции за разлика од последното рангирање. Следите предизвици на „рисовите“ се во октомври, во клучниот дуел со Украинците во Прага и пријателска средба со Ерменија. На врвот на ФИФА ранкингот нема промени. Прва е Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија.
Управниот одбор на Ракометна Федерација на Македонија донел одлука за именување на Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација на Македонија. Според потврдата од РФМ, негов помошник ќе биде Миле Бочкаровски. Машката кадетска репрезентација ќе учествува на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во периодот 04.01.2024 – 08.01.2024 година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите 2 селекции ќе обезебедат пласман на ЕП за играчи до 18 години, следната година во Црна Гора. Организатор на групата за квалификацискиот турнир е Македонија, а натпреварите ќе се одигруваат во Скопје во спортскиот центар…
Жоао Феликс е, без сомнение, едно од имињата кои го одбележаа почеток на сезоната. Португалецот во Барселона е брилијантен, но и самиот задоволен од новиот чекор во кариерата. „Најтешкото нешто сега е да се одржи нивото “, вели Феликс за последните свои настапи во дресот на Каталонците. Португалецот вели дека сакал да игра за тимот на Барса и дека се потрудил да биде таму ова лето. „Се откажав од значителна сума пари од мојата плата. Но, требаше да сменам, требаше да одам на место каде што ќе можам да го играм мојот фудбал. Во Атлетико не ми беше добро, бидејќи…
Лионел Меси се повреди на синоќешниот меч со Торонто кој Интер Мајани го доби со 4:0. Последните вести велат дека 36-годишниот аргентински напаѓач има обновување на старата повреда и не се знае дали ќе може да игра за Интер Мајами во финалето на Американскиот куп. „Треба да го почекаме медицинскиот извештај, да дознаеме што се случува. Ќе ја следиме нивната состојба и ќе размислиме за тоа како ќе постапиме во иднина. Секако дека нема да играат во недела против Орландо Сити“, изјави тренерот Херардо Мартино. Синоќа повреда заработи и Жорди Алба, кој како и Меси уште во првото полувреме го…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, забележал позитивни работи во настапот на тимот на натпреварот против Баерн Минхен кој го загубија со 4:3. „Разочарувањето е факт бидејќи не бевме доволно внимателни. Кога ќе постигнеш три гола против Баерн, мора да освоиш барем бод. Се наоѓаме во период кога речиси се е против нас. Мора да ја свртиме ситуацијата. Факт е и дека во последните три натпревари игравме против многу силни противници“, изјави Тен Хаг по најновиот пораз синоќа.
Финалистот од минатото издание на Лигата на шампионите, Интер ремизираше на гостувањето кај Реал Сосиедад на почетокот од групната фаза оваа сезона. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги објасни дека морал да направи многу промени во неговиот стартен состав во однос на дербито против Милан, поради замор на играчите. „Очекував дека натпреварот ќе биде тежок, и беше. Против себе имавме силен противник. Моравме да работиме напорно за да избегнеме пораз. Многу од играчите беа уморни по дербито и затоа направив промени во составот. Пред паузата имавме сериозни проблеми. Јан Зомер ни помогна да преживееме. Игравме добро во последните 20 минути. Имаме…
Поранешиот напаѓач на Италија и на екипата на Рома, Винченцо Монтела ќе биде назначен за селектор на репрезентацијата на Турција, потпишувајќи тригодишен договор. „Авиончето“, како што го нарекуваат Монтела, наводно постигнал договор со Турската федерација и наскоро ќе потпише тригодишен договор. Монтела го напушти турскиот тим Адана Демирспор минатиот јуни каде последен пат работеше како тренер. Тој ја започна својата менаџерска кариера во младинскиот погон на Рома и беше промовиран за тренер на првиот тим во 2011 година. Потоа двапати работеше на чело на Катанија, Сампдорија, Милан и Фиорентина.
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Романија со играње на еден натпревар без присуство на публика и парична казна од 52.000 евра поради инцидентите со на натпреварот од квалификациите за ЕП против Косово, соопшти УЕФА. На 12 септември Романија го победи Косово 2:0 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, а натпреварот беше прекинат во 23. минута поради скандирањата на тамошните навивачи: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Романија не го признава Косово како независна држава, но УЕФА не дозволува политички скандирања на фудбалските натпревари. Романија на 15 октомври без присуство на навивачи ќе…
